Во Хрватска уште 64 жртви на Ковид-19, новозаразени 6.246

Во последните 24 часа во Хрватска регистрирани се 6.246 нови случаи на зараза со корона вирус, а бројот на активни случаи изнесува 34.953.

Од нив 2.529 пациенти се лекуваат во болница, додека на репиратор се 316 пациенти.

Починаа уште 64 пациенти.

Од февруари лани, досега забележани се 589.015 заразени, од кои 10.569 починаа, а оздравеа 543.493.

Тестирани се вкупно 3.397.608 лица, а 15.526 во послените 24 часа.

До вчера, вакцинирани се 53,02 отсто од вкупното население или 63,28 од возрасното население.