Катастрофална бура во Истанбул, двајца мртви


Катастрофална бура го зафати денеска во попладневните часови Истанбул и други делови од Турција, при што загинаа најмалку двајца.

 

Бурата предизвика голема материјална штета во градот со околу 15 милиони жители.

Како што пренесуваат туските медиуми, една жена загинала откако откорнат покрив паднал врз неа и нејзиното дете. Анадолу пренесе дека детето преживеало, но има тешки повреди.

Во друг налет во градот падна кула со часовник, искорнати се дрвја, а превртени се најмалку три камиони. Најмалку осум лица се повредени.


Босфор, тесниот морски пат кој го дели градот, затворен е за сообраќај, а траектните услуги се откажани.

Најмалку шест летови на „Туркиш ерлајнс“ кои требаше да слетаат во Истанбул пренасочени се во Анкара и Измир.

Силниот ветар ги принуди властите да ги откажат траектните линии меѓу летувалиштата Бодрум и Датка.