Во Албанија се укинуваат шалтерите, сè ќе биде онлајн


Во Албанија во 2022 година повеќе нема да функционира отворениот шалтерски систем и сите услуги ќе се вршат преку онлајн платформи, најави премиерот Еди Рама. -Во 2022 година ќе ги затвориме сите шалтери, нив повеќе нема да ги има. Како што дојде пандемијата кај нас а не не праша никој за тоа, по што практично […]

Претставник на полициската служба на БиХ: Не сме добиле ниту една закана по безбедноста на Милановиќ


Полициските и безбедносните служби во БиХ немаат добиено никакви информации за евентуална закана за хрватскиот претседател Зоран Милановиќ, кој, како што беше претходно соопштено од неговиот кабинет, поради безбедносни причини ја откажа посетата на централна Босна и Херцеговина. Директорот на Управата за координација на полицијата, Мирсад Вилиќ, изјави за државната радио и телевизија на Босна […]

Словенија ја засилува кампањата за вакцинација против Ковид-19


Словенија – Словенија ја засилува кампањата за вакцинација против Ковид-19, така што вакцината ќе биде достапна и во скијачките центри, а сите граѓани добија писмо од премиерот Јанез Јанша во кое ги повикува да се вакцинираат. „Да бидеме слободни, но и одговорни, солидарни. Се вакцинираме затоа што е време да се поврземе и да бидеме заедно […]

Откажана посетата на хрватскиот претседател на БиХ од безбедносни причини


За денеска најавената посета на хрватскиот претседател Зоран Милановиќ на Босна и Херцеговина и присуството на настанот по повод 28-годишнината од хуманитарниот конвој „Белиот пат кон Нова Била и Босна Сребрена“ се откажува од безбедносни причини, соопшти Кабинетот на претседателот на Хрватска. „Одлуката за откажување на посетата се заснова на безбедносната проценка на надлежните институции […]

Српската власт го навредува големиот режисер Горан Марковиќ


  Серијата навреди кон режисерот Горан Марковиќ продолжува и по интервјуто кое го даде за „Нови магазин“. Нападите ги осудија многумина, јавни личности, уметници и претставници на опозицијата. Тој е режисер, писател, добитник на над 30 филмски награди и творец на некои од најважните српски филмови. Но, едно интервју, во кое Горан Марковиќ, меѓу другото, […]

Хашкиот суд достави досиеја до Обвинителство на Црна Гора за повеќе од 15 осомничени за тешки кривични дела


Досиејата кои се однесуваат на повеќе од 15 осомничени за тешки кривични дела се предадени на Специјалното државно обвинителство на Црна Гора. Ова за ТВЦГ го потврди портпаролката на Меѓународниот резидуален механизам за кривични судови во Хаг, Хелена Еглестон. За сексуално насилство се товарат голем број осомничени, чии имиња фигурираат во досиејата на хашката институција. […]

Сијарто: ЕУ продолжува да се противи на проширувањето со Западен Балкан


Земјите од западниот и северниот дел на Европската унија продолжуваат да се противат на проширувањето на Унијата со Западен Балкан, изјави денеска унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто, нарекувајќи ги неодамнешните разговори во Европскиот совет „отрезнувачки“, пренесува МТИ. ЕУ повторно не обезбеди датуми за пристапување на кандидатите од Западен Балкан, а пристапните преговори допрва […]

Баша: Интересите на Бериша ги ставав над интересите на претседателот и демократите, тоа заврши денеска


По завршувањето на Народното собрание на Демократската партија што се одржа во Палатата на конгресите, лидерот Љуљзим Баша рече дека има само едно Собрание и тоа се одржало денеска. Тој уште еднаш кажа дека нема да се повторат грешките од минатото, јави дописничката на МИА од Тирана. – Денеска се одржа Собранието на демократите, ’96 […]

НАТО праќа трупи во Бугарија и во Романија?


  Врховниот командант на НАТО во Европа генералот Тод Волтерс предложи НАТО да воспостави воено присуство во Бугарија и во Романија, објави германскиот весник „Шпигел“. Како што наведува, Волтерс тоа го предложил откако Русија, како што се тврди, натрупала војници во близина на границата со Украина, пренесе Ројтерс. „Шпигел“ не го цитира директно Волтерс, туку […]

Еколошкото востание одржа протест пред српската Влада


Организацијата Еколошко востание одржа протести против плановите на Рио Тинто да отвори рудник за литиум во областа Јадар кај Лозница, а најголемиот собир оваа сабота беше пред Владата на Србија, од каде беше порачано доколку до Божик не се избрише проектот „Јадар“ дека следуваат блокади и „општа мобилизација“, јави дописникот на МИА од Белград. Протести […]

Бериша: Ова е референдум на надеж за секој Албанец, САД е земја на која и се восхитувам


Лидерот на албанските опозициски демократи, Сали Бериша, откако го оствари правото на глас на реферeндумот што тој го организира за разрешување на актуелниот лидер Љуљзим Баша, рече дека „ова е референдум на надеж и слобода“, кој ќе ја ослободи партијата од претседател кој ја чува во заложништво. – Очекувано гласав за разрешување на Баша. Сега […]

Ескобар: Само Белорусија и Азербејџан се полоши од БиХ во однос на корупција


 Специјалниот пратеник на американскиот претседател за Западен Балкан Габриел Ескобар изјави дека Босна и Херцеговина е една од најкорумпираните земји во Европа и дека најголем дел од заканите за Дејтонскиот мировен договор доаѓаат од српскиот член на Претседателството на БиХ, Милорад Додик, пренесува Бета. Во однос на корупцијата, тој ги наведе Белорусија и Азербејџан како […]

Албанија: Опозициските демократи поделени, едни на Национално собрание, други на референдум


 Албанските опозициски демократи денеска одржуваат одделени активности, едната свикана од актуелниот лидер Љуљзим Баша, другата од историскиот лидер Сали Бериша, што е уште една потврда за длабокиот раскол во партијата. Додека во Конгресната палата во Тирана, на седница на Националното собрание треба да бидат делегатите и поддржувачи на Баша, во сите општински организации на партијата […]

Косово: Уапсени две лица кои му се заканувале на новинарот кој ги нарече криминалци членовите на „Кумановската група“


Косовската полиција уапси две лица кои упатиле смртни закани кон новинарот Вехби Кајтази, поради тоа што ги нарече криминалци членовите на таканаречената „Кумановска група“, односно косовските државјани кои ги предизвикаа крвавите инциденти во мај 2015 година во кумановско Диво Насеље, јави дописникот на МИА од Приштина. Во допис до Асоцијацијата на новинари на Косово (АГК), […]

Силен земјотрес на југот на Грција, се почувствувал од Атина до Крит


Земјотрес со магнитуда од 5,4 степени според Рихтеровата скала погоди делови од јужна Грција. Епицентарот на земјотресот бил меѓу Пелопонез и Крит. Грчкиот институт за геодинамика соопшти дека центарот на земјотресот бил на длабочина од 58 километри. Грчките медиуми јавуваат дека земјотресот бил почувствуван на целиот потег од Атина до Крит. Нема извештаи за повредени […]

Словенечкиот парламент ја отфрли интерпелацијата против министерот за животна средина


Словенечкиот парламент ја отфрли интерпелацијата против министерот за животна средина и просторно планирање Андреј Визјак, по повеќечасовна расправа што траеше до доцна синоќа. За негова смена гласаа 43 пратеници од опозициската партија, три помалку од потребното мнозинство, во нов обид на левичарската опозиција да ја ослабне владата на Јанез Јанша пред парламентарните избори што претседателот […]

САД се закануваат со санкции против политичари од Република Српска


САД– Вршителот на должност помошник секретар во американското Министерство за финансии Пол Ахерн денеска ги предупреди политичарите на Република Српска дека ќе се соочат со финансиски санкции доколку продолжат да ја дестабилизираат БиХ. Според соопштението објавено од американската Амбасада во БиХ, американскиот функционер разговарал со водечките претставници на БиХ во Сараево во последните денови, и им пренел […]

Рама домаќин на Отворен Балкан


На 20 и 21 декември во Тирана ќе се одржи средба во рамки на иницијативата Отворен Балкан, на која е најавено присуство на македонскиот премиер Зоран Заев, српскиот претседател Александар Вучиќ и домаќинот, албанскиот премиер Еди Рама. Меѓу другото, на оваа средба, се очекува да биде потпишан Меморандум за работни визи меѓу трите земји. Веднаш […]

Германија нема да соработува со Република Српска


Портпаролот на германското Министерство за надворешни работи Кристофер Бургер изјави дека новата германска влада нема да соработува со Република Српска затоа што нејзиното политичко раководство „работи на уништување на Босна и Херцеговина“. Бургер посочи дека германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок во понеделникот изјави дека ЕУ мора „да испрати јасен сигнал против обидите за […]

Петков заминува во прва работна посета на Брисел 


Новиот бугарски премиер Кирил Петков, придружуван од вицепремиерот и министер за финансии Асен Василев, и министерката за надворешни работи Теодора Генчовска, ќе престојува во Брисел. Како што јави дописникот на МИА од Софија, ова ќе биде прва работна посета на новиот бугарски премиер на странство. Тој во Брисел ќе се сретне со претседателката на Европската […]