Двајца кандидати за гувернер на Бугарската народна банка


Претседател на пратеничката група на „Промените продолжуваат“, Андреј Ѓуров, и  претседателот на собраниската комисија за буџет и фанансии во Народното собрание од партијата „Има таков народ“, Лубомир Каримански, се двајцата кандидати за нов гувернер на Бугарската народна банка (БНБ). Како што јавува дописникот на МИА од Софија „партијата „Преродба“, која се смета за проруска партија […]

Дополнително олабавување на мерките во Грција


Стадионите да функционираат со целосна исполнетост, а учениците и вакцинираните просветни работници да прават само еден селф тест седмично, се препораките на надлежната комисија на епидемиолози во Министерството за здравство на Грција, препораки кои грчката Влада ги прифатила, јави дописничката на МИА од Атина. Новите одлуки се во рамките на постепеното олабавување на мерките во […]

Грција привремено ќе ја укине казната од 100 евра за невакцинираните над 60-годишна возраст


Од 15 април привремено ќе се укине административната месечна казна од 100 евра за невакцинираните граѓани во Грција кои се над 60-годишна возраст, а мерката одново ќе се разгледа во септември, соопшти министерот за здравство на Танос Плеврис, јави дописничката на МИА од Атина. Плеврис објасни дека ќе се наплати износ до 300 евра што […]

Поскапува превозот со траекти во Грција, билетите повисоки за 10 до 12 отсто


Дел од бродските компании во Грција веќе ги зголемиле цените на билетите на траектите, дел зголемувањето ќе го воведат од следниот месец, а според грчката новинска агенција АНА-МПА, цените ќе бидат повисоки за 10 до 12 отсто, јави дописничката на МИА од Атина. Според АНА-МПА, „за да се справат со оперативни трошоци на бродовите по […]

Истражување: Загреб на четврто место во Европа според потрошувачката на канабис


Загреб е на четврто место во Европа според дневната потрошувачка на канабис, 11-ти по потрошувачка на кокаин, 12-ти по потрошувачка на амфетамин и 14-ти град по дневна потрошувачка на МДМА, покажаа резултатите од европскиот научен проект за анализа на отпадни води. Резултатите од најголемото европско истражување за отпадни води од 2021 година, спроведено од страна […]

Има две Бугарии. Едната е на Путин


  Во саботата од вестите на Еуроњуз Европејците за 1 минута дознаа каде е Бугарија во војната. Во извештајот од Софија, американскиот секретар за одбрана Остин му се заблагодари на премиерот Петков за неговото лидерство, кој му кажа дека Бугарија не може да испрати воена помош за Украина, а пред Министерството за одбрана се одржуваше […]

Ердоган бара од ЕУ да отвори пристапни преговори со Турција


Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска ја повика Европската унија (ЕУ) да отвори „пристапни преговори“ со Анкара, еден ден пред одржувањето на европскиот состанок во Брисел посветен на руската инвазија врз Украина. – Очекуваме ЕУ брзо да ги отвори поглавјата од пристапните преговори и да ги почне преговорите за царинската унија, без бесрамни калкулации, истакна […]

Војната на Путин и бугарските колаборационисти


  Од руската инвазија на Украина, сите сме поделени на пријатели и непријатели. Не само државите, туку и нациите и нивните индивидуални претставници. Како во политичката теологија на познатиот теоретичар на правото и политиката Карл Шмит, кој исто така бил истакнат нацист. За него, опозицијата непријател-пријател е во срцето на политичкото, бидејќи човештвото нема надворешни […]

Дендиас: Имам намера лично да ја придружувам хуманитарната помош во Мариупол


Министерот за надворешни работи на Грција Никос Дендиас изрази намера лично тој да ја придружува хуманитарната помош што ќе биде испратена во украинскиот град Мариупол, јави дописничката на МИА од Атина. Дендиас денеска се сретна со генералниот конзул на Грција во Мариупол Манолис Андрулакис, кој беше успешно евакуиран од украинскиот град, а по средбата, шефот […]

Бугарија истражување „Болнички индекс“: Кадровска катастрофа во болниците во државата


Над 73 отсто од болниците во Бугарија имаат сериозен недостиг од лекари, а околу 90 отсто од медицински сестри. Ова доведува до исцрпеност на персоналот и го деградира квалитетот на обезбедената грижа за пациентите. Без навремени мерки, според повеќето раководители на болниците, во следните 5 години ќе има принудно преструктуирање и самозатворање на голем дел […]

Во Грција активни 130.000 случаи на Ковид-19


Грција– Текот на пандемијата во Грција покажува јасен нагорен тренд во последните две-три седмици, во просек новите случаи во изминатите седум дена повторно надминаа 20.000, додека вкупниот број активни случаи на територијата се зголеми на 130.000, рече професорката епидемиолог Вана Папаевангелу на редовната прес-конференција за ситуацијата со Ковид-19 во Грција и откри дека е зголемен и […]

Енергетска криза и мерки на албанската влада за заштеда на струја


Заради заштеда на електрична енергија, албанската влада одлучи државната администрација да не работи и вчера, 21 март, ден пред празникот на Бектешката заедница, Султан Невруз, кој во земјата е неработен ден.   Врз основа на владината одлука, викендот за сите вработени во државната администрација започна во сабота и ќе трае до утре. Во исто време […]

Западeн Балкан доби свое место во Стратешкиот компас на Европската Унија


Западeн Балкан доби свое место во Стратешкиот компас како идна воена стратегија на Европската Унија. Во Документот се посочува дека „безбедноста и стабилноста низ Западен Балкан се се уште нецелосни поради растечкото странско мешање, кампањи за манипулација со информации, како и потенцијално прелевање од сегашната влошена европска безбедносна ситуација“. „Видливиот напредок во владеењето на правото […]

По оставката на Баша, Бериша ги повика демократите да работат заедно за пообединета, посилна и поотворена партија


Обединувањето на демократите врз основа на нивните придонеси е приоритет на Демократската партија, наведе во првата реакција поранешниот лидер, Сали Бериша, по одлуката на Љуљзим Баша да поднесе оставка од функцијата претседател на Демократската партија. Во објава на Фејсбук истакна дека „враќањето на слободниот глас на секој демократ и признавањето на придонесите на сите е […]

Курти ја чека новата влада во Подгорица за да се преиспита косовско-црногорската демаркација


 Косовскиот премиер Албин Курти изјави дека со новата влада која се очекува да се формира во Црна Гора ќе го отвори одново прашањето на демаркацијата меѓу двете држави, јави дописникот на МИА од Приштина. По денешната посета на училиште во косовската престолнина, Курти изјави дека расправата за ова прашање не била возможна со претходната влада […]

Албанија: Љуљзим Баша поднесе оставка како претседател на Демократската партија


Лидерот на најголема албанска опозициска партија Демократската (ПД)  Љуљзим Баша, поднесе оставка на функцијата, на која дојде во 2013 година.    Соопштувајќи ја одлуката тој рече дека „прави чекор назад за да даде можност ПД да се издигне по тешката криза во која се наоѓа“.   -Не сакам да се задржувам на тоа што и како се […]

Вучиќ: Разговораме со руската страна за нафта


 Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека на утрешната седница на Советот за национална безбедност ќе се разговара за ефектите од војната во Украина, како и за сето она што се случува во Европа и светот, јави дописникот на МИА од Белград. Вучиќ изјави дека Србија ќе преземе дополнителни мерки за обезбедување нафта и нафтени […]

Грција: Нема да има промени во однос на европскиот сертификат


Грција – Европскиот сертификат останува регуларен документ, не се поставува прашање за негово укинување, прашањето е дали ќе го задржиме во целосната форма во врска со пристапот до одредени простори, рече министерот за здравство на Грција Танос Плеврис во интервјуто за грчкото радио „Скај“, јави дописничката на МИА од Атина. Истакна дека целта на Владата […]

Во Хрватска фалат 4.000 медицински сестри и 2.000 лекари


 На Хрватска и недостигаат околу шест илјади здравствени работници – повеќе од четири илјади сестри и две илјади келари, пишува денешен „Вечерњи лист“. Недостигот медицински сестри е се посериозен проблем насекаде, дури и во болниците каде нема толку голем недостиг на лекари. И додека состојбата со лекарите некаде се подобрува, критична е во примарното здравство […]

Грција четврти ден зафатена од студен бран и несвојствено ниски температури


Четврти ден по ред, Грција е зафатена од студен бран со несвојствено ниски температури за овој период од годината и можност за локални врнежи од снег, дури и во деловите со мала надморска височина, според податоците од Националната опсерваторија во Атина  и порталот Метео, јави дописничката на МИА од Атина. За време на викендот, ниските […]