Бугарија истражување „Болнички индекс“: Кадровска катастрофа во болниците во државата


Софиската болница „Пирогов“/ Фото: Б. Грданоски

Над 73 отсто од болниците во Бугарија имаат сериозен недостиг од лекари, а околу 90 отсто од медицински сестри. Ова доведува до исцрпеност на персоналот и го деградира квалитетот на обезбедената грижа за пациентите. Без навремени мерки, според повеќето раководители на болниците, во следните 5 години ќе има принудно преструктуирање и самозатворање на голем дел од медицинските установи во Бугарија.

Ова се главните заклучоци од истражувањето на „Болничкиот индекс“ за кадровскиот дефицит во здравството во Бугарија.

Истражувњето е спроведено во јануари и февруари меѓу 69 болници низ државата.

Најголем дефицит има во следните области – анестезиологија и интензивна нега – 42,9 отсто од болниците, хирургија – 41,7 отсто, педијатрија – 38,8 отсто, кардиологија – 34,7 отсто, неврологија – 28,6 отсто…

Во 82,6 отсто од анкетираните медицински установи до 40 медицински лица работат на договор на дело и на други места. Речиси 35 отсто од болниците имаат дејности за кои немаат редовен специјалист и работат под договор со друга медицинска установа. Во повеќето случаи – 64 отсто, тоа е недостатокот на до тројца специјалисти со полно работно време.

Најчесто – во 81 отсто од случаите, недостатокот на специјалисти доведува до премор на персоналот, според учесниците во анкетата. Околу 78 отсто од медицинските установи се изјасниле дека им е тешко да обезбедат 24-часовна работа, а близу 45 отсто од испитаниците укажуваат на задоцнета или неточна дијагноза и намален квалитет на лекување како последица. Само за 4 отсто од испитаниците недостигот од лекари не доведува до последици.