Албанија купува противтенковски ракети


Албанија купи противтенковски ракети Џавелин за да ја зајакне својата одбрана, соопшти денеска министерот за одбрана на таа земја Нико Пелеши. Во соопштението се наведува дека Албанија склучила договор со американската компанија Локт Мартин, но не се наведува бројот на проектилите, цената и кога ќе бидат испорачани. Пелеши рече дека целта на купувањето на ракетите […]

Вучиќ-Орбан: Унгарија и Србија може да сметаат една на друга


 Целиот свет го чека многу тешка зима, а луѓето овде тоа не го гледаат, бидејќи ништо не недостасува и кризата суштински не се чувствува, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ на отворањето на Меѓународниот земјоделски саем во Нови сад со унгарскиот премиер Виктор Орбан, кој исто се согласи со оценката за тешка зима, порачувајќи дека двете […]

Маската во затворените простори, единствената Ковид мерка актуелна во Грција


На почетокот на месецов Грција укина голем дел од рестрикциите за спречување на ширењето на Ковид-19, а единствената мерка што сè уште е во сила е маската во затворени простори, јави дописничката на МИА од Атина. За патување во Грција повеќе не е потребен ниту сертификат за вакцинација, ниту негативен резултат од направен тест, додека […]

Во Бугарија ќе се формира аналитичко тело што ќе ги следи дезинформациите во медиумите


Бугарскиот министер за електронска управа, Божидар Бојанов, за време на парламентарната контрола во Народното собрание најави дека ќе се формира ново аналитичко тело за следење на содржината на медиумите и социјалните мрежи во земјава. Како што јави дописникот на МИА од Софија, пренесувајќи го бугарскиот министер, тоа тело нема да ги одземе ингеренциите на Советот […]

Србија воведе санкции против Белорусија


  Србија се усклади со санкциите воведени кон Белорусија од страна на Европската унија во април поради ситуацијата во земјата и нејзината вмешаност во руската инвазија на Украина. Со одлуката на Советот на ЕУ од 8 април, Србија, Албанија, Црна Гора, Северна Македонија и Босна и Херцеговина ќе ги усогласат своите национални политики како кандидати […]

Повторно евакуирани училишта во Србија поради дојави за бомби – не ги носете децата


  Училиштата во Нови Сад, Рума, Ниш, Инџија, Лесковац, утрово се најдоа ан мета на кибер напад, а повеќето од нив добиле пораки за поставени бомби. Заканувачкиот меил стигнал во 134 училипта, а во него пишува: „На териториите на училиштата подметнати се многу бомби3. на родителите им стигнале пораки од наставниците да не ги праќаат […]

Грција очекува 900.000 туристи од Србија


Грција– Оваа година очекуваме 900.000 туристи од Србија во Грција, рече министерот за туризам на Грција Василис Кикиљас од Белград, каде што одржува низа средби со туристички оператори и агенции, но и со претставници од српската Влада, јави дописничката на МИА од Атина. Говорејќи за грчката телевизија „ЕРТ“, Кикиљас истакна дека летово, српските туристи ќе […]

ДНК анализата потврди дека од Дунав е извлечено телото на Матеј Периш


  ДНК анализата потврди дека во средата од Дунав во Белград е извлечено телото на Матеј Периш, неофицијално дознава Н1. ДНК материјалот потребен за идентификација бил земен веднаш по извлекувањето на телото на младиот човек од Дунав во Белград. ДНК е споредена со ДНК на Ненад Периш, таткото на Матеј Периш, кој исчезна во Белград […]

Откриено од каде се испратени заканите за бомби во Србија


Српската полиција во соработка со Обвинителството за организиран криминал идентификуваа вкупно 19 електронски адреси – 18 адреси на ЏиМаил (Gmail) и една е-пошта на ПротонМаил (ProtonMail), од каде се испратени заканувачките пораки за поставени бомби на различни локации во Србија. Утврдено е дека осум такви закани пристигнале од Полска, четири од Гамбија, по две од […]

Шарл Мишел во посета на Белград


Белгија –   Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, денеска пристигнува во Белград, каде ќе разговара со претседателот на Србија, Александар Вучиќ. Мишел ќе го посети Научно-технолошкиот парк со Вучиќ и со премиерката на Србија Ана Брнабиќ, каде ќе присуствува на потпишувањето на заедничкиот проект за поддршка на истражувањето, иновациите и претприемништвото во Србија. Проектот е […]

Соборот на СПЦ денеска се пресели кај претседателот Вучиќ


  Соборот на Српската православна црква денеска накратко се пресели во претседателството на Србија. Домаќин им беше претседателот Александар Вучиќ кој првпат прогнозираше пред архиереите. „Дали сериозни и градобијни облаци се надвиснуваат над нашата земја? Да. Летото брзо ќе помине, а тогаш ќе го имаме можеби најтешкото време од 1944 година. Дали секогаш ќе има […]

Од 1 јуни во Грција привремено се укинува задолжителната маска и во затворено


Грција– Од 1 јуни привремено се укинува задолжителната маска и во внатрешните објекти во Грција, со исклучок на болниците, домовите за стари лица и јавниот градски сообраќај, соопшти попладнево министерот за здравство Танос Плеврис, јави дописничката на МИА од Атина. Плеврис рече дека одлуката е по препораката од надлежната комисија на епидемиолози и ќе важи […]

Милановиќ: Хрватскиот амбасадор во НАТО ќе добие инструкции да се спротивстави на членството на Финска и Шведска


 Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ денеска изјави дека ќе му наложи на хрватскиот амбасадор во НАТО да се спротивстави на членството на Финска и Шведска додека не се реформира изборниот закон во БиХ. Милановиќ смета дека Хрватска не смее да се откаже од условите за членство на Финска и Шведска во НАТО додека не се постигне […]

Дојава за бомба во Авенија мол во Загреб


Загреб –  Во тек е евакуација на трговскиот центар „Авенија мол“ во Загреб поради дојава за бомба. Полицијата добила повик во 13 часот и 45 минути. Центарот е евакуиран. Постапката е во тек. Ова е втора дојава за бомба за еден месец во Загреб, потсетува Индекс.хр. Пред еден месец беше објавено дека бомбата е поставена во […]

Повторно дојави за бомби во училиштата во Белград


Србија– Ученици и вработените во неколку белградски средни училишта беа евакуирани нешто пред 11 часот по дојавата за поставени бомби, објавија српските медиуми. Според весникот Блиц, Медицинското училиште во Звездара и Средното техничко училиште ПТТ во Палилула се евакуирани. Весникот наведе и дека имало дојава и за поставена експлозивна направа во базенот Ташмајдан. Додека други […]

Српски медиуми: Пронајдено телото на Матеј Периш?


Тело на младо момче најдено е во водите на Дунав, а српските медиуми шпекулираат дека се работи за сплиќанецот Матеј Периш, кој исчезна во Белград ден пред Нова Година. Како што дознава „Новости“, гардеробата на мажот начелно одговара на гардеробата на Периш која ја носел во ноќта кога исчезна. Телото на момчето, утрово го нашле […]

Онлајн часови во 70 белградски училишта поради дојави за бомби


Во 49 основни и 21 средно училиште во Белград денеска ќе се организира онлајн настава поради дојави за поставени бомби, изјави помошник министерот за образование на Србија, Милан Пашиќ. Во изјава за РТС тој нагласи дека 96 отсто од основните и средните училишта во Србија работат по директен модел и дека нема извештаи за бомби […]

Карен Донфрид во посета на Бугарија


САД- Заменик-државниот секретар на САД за европски и евроазиски прашања Карен Донфрид денеска и утре ќе престојува во Софија на серија средби на кои ќе се потврди силното билатерално партнерство меѓу САД и Бугарија, се вели во соопштението на американскиот Стејт департмент. За време на нејзината посета, Донфрид ќе се сретне со високи бугарски владини […]

Во Атина уапсен поранешен градоначалник на Букурешт


Во атинска населба, вчера бил уапсен странски државјанин, кој се барал со европска потерница од романските власти, а според грчките медиуми, станува збор за поранешниот градоначалник на Букурешт, јави дописничката на МИА од Атина. Од грчката полиција соопштија дека 71-годишен странски државјанин бил уапсен поради европската потерница и се товари за поткуп, формирање организирана криминална […]

Протече документ од Брисел: Стоп за Србија додека не воведе слобода на медиумите и владеење на правото


Европската комисија не би требало да отвора нови поглавја во преговорите со Србија додека Белград не ги исполни условите од поглавјата 23 и 24, кои се однесуваат на слободата на медиумите и владеење на правото, објавија денеска белграски медиуми наведувајќи документ од Брисел. ЕК подготвила извештај за владеењето на правото во Србија во форма на […]