Потона туристички брод во Сплит


Хрватска– Туристичкиот брод „Морска вила“ со 40 патници синоќа удрил во западниот брег на Сплит и потонал, пренесуваат медиумите во регионот.

Драмата се случила синоќа во 2 часот и 35 минути, а како што соопшти сплитската полиција, сите 40 патници биле извлечени на брегот и не се повредени.

Жупанискиот оперативен противпожарен центар во Сплит соопштил дека бродот долг 21 метар потонал и дека е можно загадување на морето, пишува Вечерњи лист.

Сите служби за итна помош биле на местото на настанот, додава сплитската полиција.