Силен земјотрес на западот на Турција


Силен земјотрес со интензитет од 4,9 степени според Рихтер ја потресе западна Турција.

Епицентарот на земјотресот бил 57 километри југозападно од градот Бандирма, на длабочина од 2 километри.

Потрес со јачина од 3.1 степен по Рихтер вчеравечер во 21.45 часот ја погоди и Босна и Херцеговина, јави Федералниот хидрометереолошки завод.

Земјотресот беше забележан на длабочина од 10 километри, со епицентар на 24 километри од Зеница во близина на Какањ.

Исто така, ден претходно земјотрес со јачина од 4,5 степени го погоди грчкиот остров Крит.

Како што соопшти Атинскиот геодинамички институт, епицентарот на земјотресот бил седум километри северозападно од градот Аркалохори во регионот на Ираклион.

Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 13,6 километри, пренесува Екатимерини.