Во Грција потврдени случаи на новите подваријанти на омикронот-BQ.1 и BQ.1.1, кои се очекува да станат доминантни во Европа


Грција– Во Грција се потврдени вкупно 15 случаи на подваријантите BQ.1 и BQ.1.1 на сојот омикрон, за кои Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ЕЦДЦ) очекува до средината на ноември и почетокот на декември да станат доминантни кај повеќе од половината потврдени случаи, јави дописничката на МИА од Атина. Станува збор за подваријанти […]

Радев ги почнува консултациите за состав на новата влада


  Бугарскиот претседател, Румен Радев, денеска ја почнува серијата консултации во рамките на уставната процедура за формирање на нова влада на Бугарија, соопшти самиот. Како што јави дописникот на МИА од Софија, први на консултации ќе бидат повикани претставници од најголемата партија во народното собрание- ГЕРБ-СДС. Претседателот Радев најави дека нема да брза со консултациите […]

За 23 отсто зголемен бројот на смртни случаи од Ковид-19 во Грција


Грција– За една седмица за 23 отсто се зголемил бројот на смртни случаи од Ковид-19 во Грција, додека пак за четири проценти се намалил бројот на заразени, согласно неделниот извештај на Националната организација за јавно здравје (ЕОДИ), јави дописничката на МИА од Атина. Во периодот од 17 до 23 октомври 2022 година, биле регистрирани 52.966 […]

Укринскиот народ се бори за сите нас, рече Ненси Пелоси на Кримската платформа во Загреб


  Украинскиот народ се бори за демократија за сите нас, изјави во вторникот во Загреб претседателката на Претставничкиот дом на Конгресот на САД, Ненси Пелоси. „Крим е Украина“, нагласи Пелоси во својот говор. „За жал, сега знаеме дека дејствијата на Русија на Крим се само една димензија на сеопфатен напад врз Украина и демократијата“, додаде […]

Пленковиќ: Светот кој ја поддржува Украина не ја повтори грешката со Хрватска


Светот не ги повтори грешките од пред 30 години кога Хрватска немаше општо изразување на солидарност како што има Украина, изјави денеска хрватскиот  премиер Андреј Пленковиќ на отворањето на првиот парламентарен собир на Меѓународната кримска платформа. На состанокот во Загреб, на кој присуствуваат 42 делегации од 32 земји, Европскиот парламент, Советот на Европа, ОБСЕ и […]

Вучиќ барал од сменетата Михајловиќ ни случајно да не ја напушта СНС


  Откако беше објавено дека Зорана Михајловиќ повеќе нема да биде дел од владата на Србија, почнаа шпекулациите за нејзината политичка иднина. Дали ќе остане во Српската напредна партија (СНС) и ќе учествува во партиски активности е прашање на кое јавноста сѐ уште не добила одговор, а не добиле ниту нејзините сопартијци кои подвлекуваат дека […]

Кафулињата во Загреб и во Виена почнаа да наплаќаат дополнително за кафе под греалка


Едно кафуле во Загреб почна да наплаќа седење под греалки, а како што стојат работите, овој рецепт за намалување на трошоците ќе го применуваат многу ресторани. Кафето со греалка чини 14 куни, а без – 12 куни. Секој гостин во ова загрепско кафуле кој сака да седне на терасата под греалка, покрај сметката за консумација […]

Албанија воведува вонреден данок за извозниците на електрична енергија


Албанската влада воведува новина во предлог-буџетот за следната година а тоа е вонреден данок за производителите на електрична енергија што извезуваат. Владата го аргументира наметнувањето на овој данок со тоа што „производителите на енергија оствариле профит без зголемување на трошоците поради поскапувањето на енергенсите со кои се тргува на берзата“. Се предвидува производителите да бидат оданочени за […]

Локалните избори во Албанија распишани за 14 мај 2023 година


Албанскиот претседател Бајрам Бегај, по консултативните средби со претставниците на политичките партии, денеска потпиша уредба со која за датум на следните локални избори го одреди 14 мај 2023 година. -Претседателот го оценува периодот до изборите како многу важен за успешно завршување на овој демократски предизвик за институциите, политичките партии и целото албанско општество, како и […]

„Не сакав да бидам пион“: Проевропската министерка Зорана Михајловиќ објаснува зошто не е во новата српска влада


  Не се согласив да бидам пион, затоа сме денес овде, рече српската министерка за енергетика и рударство, Зорана Михајловиќ, на прошталната прес-конференција по повод нејзиното заминување од Владата. Србија. Михајловиќ изјави дека ќе остане во политичкиот живот на Србија. Таа нагласи дека нејзината позиција е Србија на Запад, Србија во Европа и дека има […]

Романскиот министер за одбрана поднесе оставка по коментарите за Украина


  Романскиот министер за одбрана Василе Динчу ја објави својата оставка, неколку недели откако рече дека единствената шанса на Украина да ја заврши војната е да преговара со Русија. Динчу во изјавата рече: „Мојот гест (оставка) доаѓа затоа што е невозможно да се соработува со романскиот претседател, врховен командант на армијата“. Тој додаде: „Мислам дека […]

Анже Логар и Пирц Мусар во вториот круг од претседателските избори во Словенија


Словенија– Поранешниот словенечки министер за надворешни работи Анже Логар освои најмногу гласови во првиот круг од претседателските избори. Според речиси конечните резултати кои покриваат 99,9 отсто од преброените гласови, Логар (46) доби речиси 34 отсто од гласовите, а неговата противкандидатка од левиот центар Наташа Пирц Мусар (54) нешто помалку од 27 отсто од гласовите. Околу 1,7 […]

Следниот самит на ЕУ за Западен Балкан е на 6 декември во Тирана


  Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел вечерва соопшти дека следниот самит на Европската унија посветен на Западен Балкан ќе се одржи во Тирана на 6 декември. „Следниот самит на ЕУ за Западен Балкан ќе го одржиме во Тирана на 6 декември, со цел да го потврдиме нашиот зголемен ангажман во тој регион. Западен Балкан […]

Собраниската седница за избор на нова Влада на Србија најавена за 25 октомври


  Потпретседателот на Српската напредна партија Милош Вучевиќ изјави дека седницата на Собранието на Србија, на која пратениците ќе гласаат за изборот на новата влада, треба да биде свикана во вторник, 25 октомври. По седницата на Главниот одбор на СНС, Вучевиќ изјави дека членовите на тоа тело едногласно го усвоиле предлогот за кандидати за министри […]

Вучиќ го објави составот на новата српска влада – Брнабиќ премиер, Дачиќ вицепремиер и шеф на дипломатијата


Претседателот на СНС Александар Вучиќ ги прочита имињата на членовите на новата влада. Поранешната премиерка Ана Брнабиќ повторно ќе биде на чело на владата, а ова се останатите министри во нејзината влада: Милош Вучевиќ, министер за одбрана Ивица Дачиќ, министер за надворешни работи Синиша Мали, министер за финансии Томислав Момировиќ, министер за внатрешна и надворешна […]

Албански гангстери се главни во војната за контрола на пазарот на канабис во Британија


  Немилосрдни албански гангстери користат ултра-насилни видеа на социјалните мрежи за да помогнат во борбата против „тајната војна цо предградијата“ за контрола на профитабилните бизниси со канабис во Велика Британија. Ужасните снимки на ТикТок откопани од „Мејл“ покажуваат дека шефовите на бандите користат киднапирања, лажни затворања и брутални тепања за да го наметнат својот авторитет […]

Претседателски избори во Словенија


  Словенечките граѓани денеска гласаат на првиот круг од претседателските избори, а анкетите покажуваат дека ниту еден од кандидатите нема да освои повеќе од 50 отсто од гласовите, неопходни за победа. На изборите учествуваат седум кандидати, од кои тројца имаат најмногу шанси за победа – поранешниот министер за надворешни работи Анже Логар, адвокатката и активистка […]

Дендиас позитивен на Ковид-19


Министерот за надворешни работи на Грција Никос Дендиас преку „Твитер“ соопшти дека е позитивен на Ковид-19, без симптоми и ќе ги откаже сите средби и патувања во следните денови, јави дописничката на МИА од Атина. -На рапид и ПЦР тестовите со кои секојдневно се тестирам, позитивен сум на Ковид-19. Останувам асимптоматски, но должноста ќе ја […]

Рама: Платите на министрите и пратениците не се зголемени 9 години


Албанскиот премиер Еди Рама за време на посетата на Елбасан изјави дека платите на министрите и пратениците, ниту на премиерот, не се зголемени 9 години од доаѓањето на неговата Социјалистичка партија на власт.   Шефот на владата нагласи дека нема ни да се зголемат се додека не се во можност да ја зголемат платата на […]

Контакт групата за формирање влада во Бугарија почнува со средби со партиите


 Со две средби денеска во Бугарија почнува работа контакт групата предводена од Росен Плевнелиев и Соломон Паси, формирана на предлог на политичката партија ГЕРБ-СДС. Нивна цел е да бараат допирни точки меѓу силите застапени во Парламентот и можно владејачко мнозинство за приоритетните прашања за државата и да се формира влада. Контакт групата за денеска ги […]