Албанија старее, наталитетот за периодот јули- септември од лани намален за околу 20 отсто
Наталитетот во Албанија и понатаму опаѓа, што доведува до брзо стареење на населението. Според податоците на државниот Институт за статистика, ИНСТАТ, во третиот квартал годинава се регистрирани 6.172 раѓања, што бележи намалување од 19,6 отсто. Во споредба со истиот период минатата година во земјата имало 1.508 новородени помалку. Во извештајниот период во шест окрузи […]