Вучиќ свика итен состанок со клучни луѓе од безбедносниот сектор


Српскиот претседател Александар Вучиќ пристигна во зградата на Претседателството, каде ќе се одржи вонреден состанок со сите клучни луѓе од безбедносниот сектор, јавија белградски медиуми. Според информациите на „Новости“, на состанокот ќе се разговара за безбедносната состојба во државата, по опасните пораки изнесени на вечерашниот собир на екстремисти во Белград. Се очекува да се разгледа […]

Успешниот млад Албанец, Секниќи донирал милион долари за настраданите во Турција и Сирија


Албанија – Кевин Секниќи по потекло од северниот албански град Скадар донирал милион долари за настраданите од катастрофалниот земјотрес во Турција и Сирија.   Секниќи, прогласен од „Форбс“ како еден од 30-те најуспешни луѓе до 30-годишна возраст во финансискиот свет и економскиот развој.   – Кевин Секниќи е најмладиот ко-основач на Ава лабс, кој одигра клучна […]

Во центарот на Белград протест против прифаќањето на германско-францускиот план за Косово


Неколку стотици граѓани се собраа нешто пред 18 часот во центарот на Белград на протест против прифаќањето на германско-францускиот план за Косово. Насобраните носат голем транспарент со натпис „Косово е срцето на Србија“. Видливи се транспарентите „Нема предавање“, „Кој ќе го предаде Косово ќе ја предаде Русија“, а организаторите пуштаат патриотски песни. Десничарски и патриотски […]

Поранешниот албански главен обвинител, Адриатик Лала, доби статус политички азилант во Италија и избегна екстрадиција


Поранешниот главен обвинител на Албанија, во периодот 2012-2017 година, Адриатик Лала, се стекна со статус на политички азилант во Италија, со што избегна екстрадција, која албанските, ја бараа од италијанските власти. -Ваква одлука донел судот во Рим, кој по разгледувањето на барањето на Адриатик Лала, наредил да се одобри барањето, со што се отвора патот […]

Голема победа за човекот кој се спротивстави на градежната мафија: Во неговиот град не се сруши ниту една зграда!


Градот има 42.000 жители и во катаклизмата по силните земјотреси во Турција немаше ниту една жртва и ниту една срушена зграда. Во средина на турската покраина Хатај, која по земјотресот е претворена во безлични купишта шут, каде под урнатините има илјадници загинати, стои град, пишува „Слободна Далмација“. Името му е Ерзин, има 42.000 жители и […]

Анкета во Бугарија: ГЕРБ и коалицијата ПП-ДБ израмнети пред почетокот од кампањата


  Пред официјалниот почеток на изборната кампања во Бугарија на речиси иста стартна позиција се наоѓаат ГЕРБ и коалицијата меѓу Продолжуваме со промените и Демократска Бугарија. Ова го покажува студијата на Истражувачкиот центар „Тренд“ нарачана од весникот „24 Часа“. Има мала разлика меѓу оние кои се решени да гласаат. Партијата на Бојко Борисов ужива поддршка […]

(Видео) Уште едно чудесно спасување: По 212 часа од урнатините извлекле 77-годишна жена


  Седумдесет и седум годишна жена е извлечена од урнатините на зграда 212 часа по двата силни земјотреси што ги погодија Турција и Сирија. Тоа беше уште едно во низата чудесни спасувања вчера. Фатма Гунгор беше извлечена од урнатините на зграда во турската провинција Адијаман, откако беше заробена речиси девет дена. Таа беше фотографирана како […]

Смртниот биланс од земјотресите во Турција и Сирија се искачи на над 41 илјада


Според најновите податоци, во разорниот земјотрес во Турција животот го загубија 35.418 лица, а во Сирија најмалку 5.800 луѓе. Речиси 100.000 се повредени. Земјотресот погоди 13 милиони луѓе, вклучувајќи околу седум милиони деца. Повеќе од 200.000 луѓе учествуваат во потрагата и спасувањето. Близу 20.000 повредени се на болничко лекување. Во десет турски провинции, заедно со […]

НАТО ќе испрати 1.000 контејнери во Турција


НАТО соопшти дека ќе испрати повеќе од 1.000 бродски контејнери во Турција за да помогне во обезбедување засолниште за преживеаните од земјотресот. – Ова полутрајно засолниште е способно да смести најмалку 2.000 луѓе раселени од земјотресите во Турција, соопшти на Твитер Здружената команда на силите на НАТО во Неапол. Контејнерите, кои моментално се наоѓаат во […]

„Кракен“ откриен и во Србија


Во Србија е детектиран Кракен, подваријанта на Омикрон на вирусот на Ковид-19 што шири низ целиот свет, објави Јуроњуз Србија повикувајќи се на Институтот за молекуларна генетика и генетско инженерство. „Подваријантата XBB 1.5 (Кракен) е откриена во примероци во Србија“, изјави д-р Сања Јеремиќ, заменик директор на Институтот за молекуларна генетика и генетско инженерство, каде […]

Мицотакис најави вонредна помош за пензионерите кои не добија зголемување на пензиите


Доделување вонредна помош од 200 до 300 евра за пензионерите кои не добиле зголемување на пензиите на почетокот на годинава, најавил премиерот на Грција Киријакос Мицотакис, објави грчката новинска агенција АНА-МПА. Новата владина мерка, Мицотакис ја соопштил за време на прес-конференцијата во Козани, рекол дека се проценува дека на речиси 300 милиони евра и објаснил […]

Дачиќ: Србија ги отфрла инсинуациите за вмешаност на нејзините граѓани во дестабилизацијата на Молдавија


Србија одлучно отфрла каква било инсинуација за потенцијална вмешаност на нејзини граѓани во можни насилни настани во Молдавија, изјави денеска српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ во телефонски разговор со молдавскиот министер за надворешни работи Нику Попеску. Во врска со вчерашната изјава на молдавската претседателка Маја Санду дека Москва планира да ја дестабилизира Молдавија […]

Учениците во Хрватска добиваат нов предмет


Учениците од прво до четврто одделение во основните училиште во Хрватска, ќе добијат нов училиштен предмет – Практични вештини, објави „Јутарњи лист“. Од есен, околу 50 училишта ќе почнат со експериментална реализација на целодневниот училиштен проект, што значи дека децата ќе останат на училиште до попладневните часови. Министерството сѐ уште го нема презентирано целосниот проект, […]

Партијата на Слави Трифонов се подели, клучните членови го напуштија


  Неколку клучни членови на партијата на Слави Трифонов, Има таков народ, ја напуштија формацијата за да формираат нов субјект кој го нарекоа коалиција „Заедно“. Меѓу нив е и Ива Митева која на два пати беше претседателка на собранието меѓу едни и други предвремени избори. Друг истакнат член на оваа коалиција е Љубомир Каримански, кој […]

(Видео) Морето кај Истанбул се повлече за 25 метри


Мраморното Море кај Истанбул одеднаш се повлекло за 25 метри, што предизвика загриженост кај жителите. За појавата се огласи Техничкиот факултет во истанбул. Велат дека повлекувањето на морето не е поврзано со силниот земјотрес кој пред осум дена го погоди југот на земјата. The Marmara Sea near Istanbul suddenly dropped 20 to 25 meters today. […]

Турција: Две лица се спасени денеска, поминале 198 часа под урнатините


Две лица се спасени денеска, деветти ден од земјотресите во Турција, откако поминале 198 часа под урнатините, јави турската приватна телевизија Си-Ен-Ен-Турк. Двете лица беа извлечени од урнатините во областа Кахраманмараш, која беше епицентарот на разорните земјотреси со јачина од 7,7 и од 7,6 степени по Рихтер на 6 февруари. Еден од спасените е 17-годишно […]

Поради тензична атмосфера албанскиот парламент ја прекина седницата


По тензичната ситуација, што ја создадоа демократските пратеници од крилото на Сали Бериша, со запоседнување на собраниската говорница, претседателката на албанскиот парламент Линдита Никола ја прекина седницата. Иште пред да почне претходеше судир меѓу обезбедувањето и исклучените пратеници за недоличното однесување на претходната седница, кои насилно се обидоа да влезат во собранието. Седницата почна со […]

Во Турција 1,2 милиони луѓе останаа без покрив над главата


Поради последиците од разорните земјотреси што пред една недела ја погодија турско-сириската граница, 1,2 милиони луѓе останаа без покрив над главата во југоисточниот дел на Турција, соопшти  кабинетот на турскиот претседател. Се стравува дека до сега од под урнатините најверојатно се извлечени и последните преживеани. Во понеделникот вечерта 13-годишно момче било живо однесено на носилки од […]

Турскиот град Нурдаг ќе биде срамнет со земја и повторно изграден по земјотресите


 Турскиот град Нурдаг (околу 40.000 жители) во округот Газиантеп, тешко погоден од земјотресите минатата недела, ќе биде целосно урнат и обновен, јавија турски медиуми, цитирајќи го гувернерот на округот Шарнак, Осман Билгин. „Катастрофата е многу голема. Одлуката за градот Нурдаг ја донесовме со нашиот министер за животна средина и урбанистичко планирање Мурат Курум. Целосно го […]

Брнабиќ: Србија е секогаш подготвена за дијалог, но ЗСО мора да се формира


 Премиерката Ана Брнабиќ изјави денеска дека Србија е секогаш подготвена за дијалог и секогаш ќе биде тука да разговара со Приштина, но дека Заедницата на српските општини мора да се формира и овојпат тоа е заеднички став на Србија и нејзините западни партнери, пред се ЕУ и САД. Одговарајќи на новинарско прашање дали Србија е […]