Папата Лав Четиринаесетти денеска во Истанбул и Изник: средби, посета на свети места и чествување на Никеја


Анкара – По вчерашното пристигнување во турската престолнина Анкара, во рамките на своето прво задгранично и прво апостолско патување по изборот за поглавар на Римокатоличката црква, папата Лав Четиринаесетти денеска ја продолжува посетата со патување во Истанбул и Изник. Според програмата, во Истанбул папата ќе се сретне со христијанското свештенство во катедралата „Св. Дух“, а …

Папата Лав Четиринаесетти денеска во Истанбул и Изник: средби, посета на свети места и чествување на Никеја Read More »

Уапсен шефот на сите инспектори во Хрватска, барал мито од 120.000 евра


  Хрватското обвинителство УСКОК издаде налог за апсење на главниот државен инспектор Андрија Микулиќ и уште три лица. Како што дознава „Телеграм“, Микулиќ патувал, но се вратил во Загреб кога дознал за налогот, за да се стави на располагање на судството. Тој бил уапсен попладне. Владата веднаш го отстрани Микулиќ од функцијата за време на …

Уапсен шефот на сите инспектори во Хрватска, барал мито од 120.000 евра Read More »

Највисоката пензија во Црна Гора е 3.508 евра


  Највисоката пензија што се исплаќа во Црна Гора достигнува износ од 3.508,48 евра, што е еквивалентно на приближно три и пол просечни заработки во земјата. Има речиси шест илјади пензионери над просечната плата, додека најголемата група ја сочинуваат оние со минимални приходи. Според податоците што ги достави Фондот за пензиско и инвалидско осигурување до …

Највисоката пензија во Црна Гора е 3.508 евра Read More »

Србија е подготвена да издвои околу 1,4 милијарди евра за преземање на НИС


Со оглед на тоа што остануваат уште 50 дена за завршување на преговорите за купопродажба на мнозински удел во Нафтената индустрија на Србија (НИС) како и тоа што не сака да ја  национализира од политички причини, Србија ќе се обиде да го купи рускиот удел, за што денес обезбеди средства во буџетот за следната година. …

Србија е подготвена да издвои околу 1,4 милијарди евра за преземање на НИС Read More »

Ѓубрето од Албанија доплови на хрватскиот брег – Владата разговара со албанската страна


Директорката на комуналната компанија „Чистоќа“ Дубровник, Михаела Микуландра, во четврток за Хина изјави дека вкупно 30 кубни метри пластика и дрво, што морето ги донесе до бреговите на Јадранското Море крај Дубровник од југот на Албанија, се собрани од вчера во старото градско пристаниште и во соседниот Пошат, а чистењето продолжува. „Околу 20 кубни метри …

Ѓубрето од Албанија доплови на хрватскиот брег – Владата разговара со албанската страна Read More »

Едно лице загина во пожар во дом за стари лица во Заечар


Едно лице загина, а две лица се повредени во пожарот што вчера околу 17 часот избувнал на улицата „Шавничка“ број 10 во Заечар. Според неофицијални информации, пожарот избувнал во објект кој нудел услуги за згрижување на стари лица, но без дозвола за работа. Според пожарникарите, пожарот започнал во подрумот кај котелот за ложење. Веројатно овој …

Едно лице загина во пожар во дом за стари лица во Заечар Read More »

Уапсени двајца Грци за фалсификувани уметнички дела – запленети над 450 слики


За фалсификувани уметнички дела, уапсени се двајца грчки државјани, кај кои било пронајдено 481 уметничко дело, од кои поголемиот дел се фалсификати, соопштија од грчката полиција, јави дописничката на МИА од Атина. Двајцата Грци на возраст од 42 и 57 години биле уапсени во областа Атика, поширокиот регион на Атина, а при претрес на нивните …

Уапсени двајца Грци за фалсификувани уметнички дела – запленети над 450 слики Read More »

Драма во Бугарија: Бојко Борисов му нареди на премиерот да го повлече буџетот


  Политичка драма во Бугарија предизвикана од предлог-буџетот. Граѓаните излегоа во илјадници на ноќни протести пред Собранието, а претходно беше напрегнато и во самиот парламент. Бојко Борисов речи да се вмеша во рингот. Лидерот на ГЕРБ му наложи на премиерот Росен Жељасков (кој е од неговата партија) да го повлече државниот буџет за 2026 година. …

Драма во Бугарија: Бојко Борисов му нареди на премиерот да го повлече буџетот Read More »

За уривање на облакодерот на „Вјесник“ ќе бидат потребни стотици килограми експлозив


За уривање на облакодерот на „Вјесник“ во Загреб, кое најверојатно ќе се изврши со минирање, ќе бидат потребни стотици килограми експлозив, изјави професорот од Рударско-геолошко-нафтениот факултет, Марио Добриловиќ, пренесе Хина. Иако точниот датум сè уште не е познат, професорот Добриловиќ, кој беше на терен, потврди дека уривањето ќе се изврши за неколку недели, откако ќе …

За уривање на облакодерот на „Вјесник“ ќе бидат потребни стотици килограми експлозив Read More »

Во Словенија стапи на сила „Шутаровиот закон“


Денеска во Словенија стапува на сила закон за вонредни мерки за обезбедување на јавната безбедност, попознат како „Шутаров закон“, со што се донесуваат значајни промени во кривичното, судското и социјалното законодавство. Меѓу најважните промени се: можноста полицијата да влегува во станови без судска наредба и технички надзор во областите со безбедносен ризик, како и построги …

Во Словенија стапи на сила „Шутаровиот закон“ Read More »

Полицијата во Белград заплени 12 килограми кокаин


Полицијата во Белград заплени 12 килограми кокаин, три патнички возила и приведе две осомничени лица. МВР на Србија соопшти дека бил извршен претрес на становите и возилата што ги користеле осомничените и пронашла и запленила кокаин и патнички возила. Осомничените ќе бидат задржани до 48 часа, по што ќе им биде поднесена кривична пријава пред …

Полицијата во Белград заплени 12 килограми кокаин Read More »

Папата Лав XIV во историска посета на Турција: Поклонение во Никеја и зацврстување на екуменскиот дијалог


Анкара – Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Лав XIV, денеска ја започнува својата прва задгранична, апостолска посета откако беше избран на функцијата. Патувањето, кое ќе трае до 30 ноември, е посветено на две клучни цели: промовирање на христијанското единство преку историското одбележување на 1700-годишнината од Никејскиот собор, како и зацврстување на односите со муслиманската заедница во …

Папата Лав XIV во историска посета на Турција: Поклонение во Никеја и зацврстување на екуменскиот дијалог Read More »

Турција приведе над 400 осомничени во серија големи операции против кибер криминал


Турските власти приведоа вкупно 429 осомничени во серија големи операции за кибер криминал спроведени во текот на изминатите 10 дена, објави турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја на својот профил на Икс. Во објавата на Јерликаја се вели дека 354 осомничени се приведени во рации спроведени во 35 од провинциите во земјата во текот …

Турција приведе над 400 осомничени во серија големи операции против кибер криминал Read More »

Што исфрли морето кај Дубровник?


Хрватскиот портал 24сата објави фотографии од крајбрежјето на Дубровник пишувајќи дека морето донело тони ѓубре. Веднаш нагрнаа коментарите на социјалните мрежи. Жителите на Дубровник ги фотографираат и снимаат тажните сцени од познатата плажа, но не се изненадени од оваа сцена бидејќи се повторува со години. Како што објави „Дубровачки дневник“, ова е проблем што се …

Што исфрли морето кај Дубровник? Read More »

Кризата во европската автомобилска индустрија ја погоди и Србија


Проблемите на автомобилската индустрија во Европа се прелеаја и во Србија. Некои странски компании кои произведуваат делови ги затворија своите фабрики, а работниците беа отпуштени. Први на удар беа работни места како што е производството на електрични кабли за автомобили, кои се произведуваат во фабриките во Европа. „Од една страна, нема клиенти бидејќи побарувачката опаѓа. …

Кризата во европската автомобилска индустрија ја погоди и Србија Read More »

Група компании во преговори со Лукоил за купување на имотот во Романија


Три компании досега покажаа интерес за купување средства на Лукоил во Романија, изјави во вторник министерот за енергетика Богдан Иван, според извештај на романските медиуми, истакнувајќи дека триото е во директни разговори со руската нафтена компанија. Лукоил има 320 бензински пумпи во Романија, управува со третата најголема рафинерија и поседува концесија за истражување на наоѓалишта …

Група компании во преговори со Лукоил за купување на имотот во Романија Read More »

Во антитерористичка акција во Албанија уапсени две лица, запленети оружје, муниција и знамиња на ИСИС


Албанската полиција по 12-часовната операција, која наиде на отпор од две лица осомничени за извршување терористички акти, ги уапси истите а во објектот каде се криеле открила и оружје, муниција и знамиња на терористичката организација ИСИС, објави Топ чанел, повикувајќи се на полициско соопштение. Во акцијата „Орош“ спроведена во селото Орош, кај Мердита во северниот …

Во антитерористичка акција во Албанија уапсени две лица, запленети оружје, муниција и знамиња на ИСИС Read More »

Вучиќ: Ако Русите не го продадат НИС за 50 дена, ќе воведеме принудна администрација


Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека, доколку САД не одобри нова лиценца за Нафтена индустрија на Србија (НИС), и доколку стапат во сила секундарни санкции против Народната банка на Србија и комерцијалните банки, последиците, покрај прекините во снабдувањето со гориво, ќе вклучуваат и прекин на плаќањата, плаќањата со картички, па дури и прекин на …

Вучиќ: Ако Русите не го продадат НИС за 50 дена, ќе воведеме принудна администрација Read More »

Автобиографската книга на Алексис Ципрас распродадена за само неколку часа


  Автобиографиите генерираат страсти и Алексис Ципрас добро го знаеше ова кога ја напиша „Итака“. Таа беше објавена вчера и распродадена за само неколку часа. „Итака“ беше отпечатена во 33.000 примероци. Издавачот „Гутенберг“ веќе објави дека почнало печатењето на дполнителни илјадници примероци. Во книгата, како што пренесуваат грчките медиуми, поранешниот премиер затворил „прозорец“ во контекст …

Автобиографската книга на Алексис Ципрас распродадена за само неколку часа Read More »

Рафинеријата во Панчево престана со преработка


Рафинеријата во Панчево го запре производството, а постројките влегоа во таканаречена топла циркулација – термин што означува кога одредена количина суровини циркулира низ системот за да се одржи системот функционален. Според српски медиуми, Нафтена индустрија на Србија (НИС) практично остана без нафта за преработка, и не смее да преработува домашна нафта без да ја комбинира …

Рафинеријата во Панчево престана со преработка Read More »