Хрватска ги нуди своите приштаништа за извоз на украинско жито


Загреб – Хрватска ја понуди својата железничка мрежа и пристаништата во Јадранското Море за транспорт на украинско жито преку алтернативни патишта, соопшти хрватскиот државен секретар за политички прашања Франо Матушиќ. Изјавата на Матушиќ дадена на состанокот на Генералното собрание на ОН за време на отворена министерска дебата за ситуацијата на привременo окупираните територии на Украина […]

Романија, Словачка и Полска испраќаат пожарникари во Грција


Романија, Словачка и Полска одговориле на грчкото барање преку ЕУ механизмот за цивилна заштита  за помош во гаснењето на пожарите и во Грција испраќаат над 200 пожарникари, јави дописничката на МИА од Атина.  Портпаролот на противпожарната служба на Грција Јанис Артопиос соопшти дека Грција побарала три пешадиски тима и возила, а позитивно одговориле трите земји. […]

Повеќе од 1.200.000 деца во Србија ќе добијат по 10.000 динари


 Српскиот министер за финансии Синиша Мали денеска изјави дека сите деца родени по 21 ноември 2006 година ќе добијат еднократна парична помош од 10.000 динари (85,24 евра), за што од буџетот ќе бидат исплатени околу 100 милиони евра, со што се решава проблемот на децата кои имаа помалку од 16 години кога беа исплатени мерките […]

Авион се урна во Црна Гора – пилотот и патникот преживеаја


Две лица се повредени при пад на авионот во населбата Штој во Улцињ, Црна Гора. Ова за „Вијести“ го потврдиле од Оперативно-комуникацискиот центар на Полициската управа. Едно лице се здобило со тешки, а едно со полесни повреди. Според информациите, повредени се пилотот и уште едно лице кое било со него во малиот туристички авион.

Вон контрола пожарите на грчкиот остров Родос и во западниот дел на областа Атика, се евакуираат села


ри села и хотел во планински дел на грчкиот остров Родос и две села во Мегара, во западниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина, се евакуираат поради пожарите што сè уште не се ставени под контрола, јави дописничката на МИА од Атина.  Преку бројот 112 за итни случаи од жителите на селата во […]

Ескобар: Обврска на Косово е да формира Заедница на српски општини


Специјалниот пратеник на САД за Западен Балкан, Габриел Ескобар за време на своето обраќање пред американскиот Конгрес изјави дека владата на Косово мора да почне со формирање на Заедницата на српски општини (ЗСО) и оти двете страни мора да ги исполнат сите обврски што е можно побрзо. – Косово мора да формира ЗСО што ќе […]

Силно невреме откорна кровови и дрвја во Словенија


Големи делови на Словенија синоќа ги зафати силно невреме со налети на ветер кој достигна брзина од над 100 километри на час и откорна кровови на куќи и собори дрвја, а илјадници домаќинства останаа без струја. Невремето стигна до северна Словенија доцна попладне и се подели на два дела – првиот се упати кон Марибор […]

Полемика на шефовите на дипломатија на Србија и БиХ за величењето на воените злосторници


 Министерот за надворешни работи Ивица Дачиќ зборувајќи за случајот со студентките кои во Сараево ги величеа воените злосторници и Ратко Младиќ, по што своето образование со српска стипендија ќе го продолжат во Белград, и барањето од министерот за надворешни работи на Босна и Херцеговина Елмедин Кокановиќ Дачиќ да се изјасни дали тоа е официјален став […]

Проширен пожарот во западниот дел на Атика, изгорени домови и битка огнените јазици да не стигнат до рафинеријата


Шумскиот пожар во Дервенохорија на границата помеѓу областите Виотија и Атика, брзо се прошири во западниот дел на Атина, доби големи размери и утврдена е материјална штета, додека пожарот во поширокото подрачје на Лутраки на Пелопонез, се уште не е ставен под контрола, според портпаролот на противпожарната служба на Грција Василис Ватракојанис , јави дописничката […]

Курти: Намалено полициско присуство за 25 отсто, подготовки за предвремени избори


Премиерот на Косово Албин Курти денеска изјави дека Приштина го намалила присуството на косовската полиција за 25 отсто во три општински згради на северот на Косово и дека се подготвуваат за вонредни избори.  „Почнувајќи од минатата недела, го намаливме присуството на косовската полиција за 25 отсто во три општински згради на север. Сега почнуваме да […]

Сослушано момчето кое го изврши масакрот во Белград, со него била и неговата мајка


Српското обвинителство денеска го сослуша Коста Кечмановиќ (14), момчето кое го изврши масакрот во белградското основно училиште „Владимир Рибникар“, при што уби девет ученици и еден обезбедувач, а тешко рани уште петмина соученици и еден наставник. Момчето било сослушано во рамките на истрагата што ја спроведува Вишото јавно обвинителство во Белград против неговиот татко Владимир […]

Бугарија: Најсиромашната земја во ЕУ постави највисок јарбол и најголемо знаме


  Високиот јарбол во планините во јужна Бугарија ја направи најсиромашната земја во ЕУ дом на највисокото знаме во блокот, исполнувајќи некои со гордост и предизвикувајќи презир од другите. Национализмот и популизмот се во пораст во балканската нација, каде што многу луѓе остануваат силно русофили и покрај инвазијата на Москва на Украина. Огромното знаме од […]

Четири канадери од Италија и Франција ќе помагаат во гаснењето на пожарите во Грција


 Преку механизмот на Европската Унија за цивилна заштита и по барање од грчка страна за справување со пожарите, во Грција ќе бидат испратени два канадери од Франција и два од Италија, соопшти ЕУ комесарот за цивилна заштита Јанез Ленарчич, јави дописничката на МИА од Атина.  Ленарчич на Твитер напиша дека по барањето од Грција за […]

Во Грција регистриран првиот случај на вирусот Западен Нил за оваа година


Атина – Првиот случај на заразниот западнонилски вирус за 2023 година во Грција е регистриран во северниот дел на земјата, односно во општина Серес, соопштија од Националната организација за јавно здравје (ЕОДИ), јави дописничката на МИА од Атина. Од ЕОДИ потсетуваат дека вирусот се пренесува главно со каснување од заразени комарци, кои се инфицираат од заразени […]

Српско МО: Турција интензивно ја вооружува Приштина


Државниот секретар на српското Министерство за одбрана Немања Старовиќ денеска изјави дека Турција интензивно работи на вооружување, обука и опремување на косовски безбедносни сили, што е во спротивност со резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН, како и со Бриселскиот и сите други релевантни договори јави дописникот на МИА од Белград. -Секако, ние интензивно […]

(Видео) Ердоган на Бин Салман му подари автомобил, принцот за возврат го „префрли“ до хотелот


Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во понеделникот му го подари првиот турски електричен автомобил од домашно производство, Togg, на саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман. За време на посетата на кралската палата Ал-Салам во Џеда, Ердоган и Бин Салман остварија средби „еден на еден“, како и со заеднички делегации.   Erdogan gifts Turkey’s first domestically produced […]

Во Грција поради пожарите се евакуирани 1.200 деца од летните кампови


Вкупно 1.200 деца се евакуирани денеска од летните кампови загрозени од пожари во близина на приморското одморалиште Лутраки во близина на Атина, соопштија грчките власти. Спасивме 1.200 деца кои беа во летни кампови“, соопштија локалните власти. Два пожари избувнаа денеска на истокот и на западот на Атина, додека еден од нив, неконтролиран и поттикнат од […]

КФОР го предупреди Косово по купувањето на вооружените дронови од Турција


Мировните сили на Косово предводени од НАТО (КФОР) вчера ја предупредија Приштина по купувањето на турски вооружени беспилотни летала, потсетувајќи ја дека единствено тие се одговорни за нејзиниот воздушен простор. Оваа изјава на КФОР доаѓа еден ден по веста за набавка на турски беспилотни летала „ТБ-2 Бајрактар“ ​​што ја објави премиерот Албин Курти. „Кога станува […]

Прв случај на африканска свинска чума во Косово


Во општина Клокот денеска е потврден првиот случај на африканска свинска чума, соопшти Агенцијата за храна и ветеринарство на Косово. „Агенцијата за храна и ветеринарство со свои екипи излегоа на терен за дијагностички истражувања на фармата, земање мостри и изолирање на фармата. Резултатите од мострите потврдија присуство на таа болест. “ се вели во соопштението. […]

За петпати зголемен бројот на фалсификувани банкноти во Бугарија


Софија – Во вториот квартал од 2023 година во Бугарија биле откриени 1.155 фалсификувани банкноти од 50 лева и тоа означува најголем пораст на фалсификувани банкноти во таа држава во изминатите 13 години, соопшти Бугарската национална банка. Во вториот квартал биле запленети вкупно 1.247 лажни банкноти. За споредба, во првиот квартал биле пронајдени 253 банкноти, […]