Вон контрола пожарот во источниот дел на областа Атика, превентивно евакуирани четири населби


 Преку порака од бројот 112 за итни случаи беше побарано од жителите на четири населби во источниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина превентивно да се евакуираат поради големиот пожар што сè уште не е ставен под контрола, а неофицијално огнените јазици веќе се блиску до домови, јави дописничката на МИА од Атина.  […]

Во соседна Грција може да останете без возачка и таблички за овие прекршоци


Казните за сообраќајните прекршоци во соседна Грција се драконски. Оние веќе се таму или планираат да заминат со сопствено возило, се „на штрек“ со оглед дека освен со астрономските суми за плаќање, може да останат и без својот автомобил и/или без возачката дозвола.  Кои се нови казнени прописи за сообраќајни прекршоци во Грција? Поминување на знак […]

Отворена највисоката зграда во Хрватска – има блиндирано стакло и нуклеарно засолниште


Највисоката зграда во Хрватска, Вестгејт Тауер, висока 135 метри и вредна 110 милиони евра, денеска почнува со работа, соопшти Вестгејт груп. Како што се наведува, во оваа зграда, чија изградба ја финансираше Хрватската банка за обнова и развој (ХБОР), ќе има вкупно повеќе од 1.000 вработени. Овој облакодер се состои од 35 ката – 28 […]

Дојава за бомби на неколку локации во Сплит, полицијата на терен


Сплитската полиција од утрово пред седум часот проверува дојави за бомби кои пристигнале на четири локации во тој град. Во анонимната електронска пошта, која е испратена и до медиумите, се наведува дека експлозивни направи биле поставени во градската управа, во црквата „Свети Франциско“, во близина на споменикот на хрватските одбранбени сили и во трговскиот центар […]

Албин Курти не оди на состанок со Рама и Вархеи


Портпаролот на Владата во Приштина, Перпарим Криезиу, изјави дека Албин Курти нема да оди на денешната средба во Тирана со Еди Рам. Според „Репортерс“, на негово место ќе оди пратеникот Бесник Бислими. Во Тирана се одржува неформален состанок на регионалните лидери на кој присуствува и еврокомесарот за проширување и соседска политика Оливер Вархеи. Криесиу на […]

Курти се пофали со дронови „Бајрактар“ купени од Турција


Косовскиот премиер Албин Курти објави денеска дека неговата влада купила дронови Бајрактар ТБ-2 од Турција, но не ја соопшти нивната бројка, јави дописникот на МИА од Приштина. На денешното претставување на дроновите, придружуван од министерот за одбрана, Арменд Мехај и командантот на Безбедносните сили на Косово (ФСК), Башким Јашари, Курти порача дека со оваа набавка […]

В понеделник во Тирана неформален состанок на лидерите на земјите од Западен Балкан


Утре во Тирана ќе биде одржа неформален  состанок на лидерите на земјите од Западен Балкан, во пресрет на Самитот на Берлинскиот процес, кој ќе се одржи на 16 октомври во албанскиот главен град. На состанокот најавено е присуство и на комесарот за проширување и добрососедство Оливер Вархеји.  – Средбата ќе се одржи во понеделник напладне […]

Милановиќ: Инертноста на ЕУ е многу незгодна работа и работи на наша штета


Претседателот на Хрватска, Зоран Милановиќ, оцени дека Европската унија „страда од ужасен недостаток на демократија“ и дека „како таква, таа е тешко одржлива“. Во денешното интервју за подгоричка Побједа, Милановиќ ги повтори критиките за Брисел, особено во контекст на политиката на ЕУ кон Западен Балкан. Коментирајќи ги преговорите на Црна Гора со ЕУ, кои траат […]

За Дачиќ, американските санкции за Вулин се „политички мотивирани“ за вештачка рамнотежа со Приштина


 Српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ тврди дека од САД не пристигнале докази за нивните тврдења против шефот на Безбедносно-информативната агенција (БИА) Александар Вулин, кому му се воведени санкции. Според него, „не се очекува да пристигнат докази затоа што не се работи за утврдување докази, туку за политички мотивирани санкции“. „Од Америка не добивме […]

Истрага за корупција против најмалку пет министри во косовската влада


Работна група за борба против корупцијата во полицијата на Косово во моментов води истрага против најмалку пет министри и еден заменик министер во владата меѓу кои и министерката за надворешни работи Доника Гервала и министерот за култура Хајрулах Чеку, јавија приштински медиуми. Против министерот за финансии Хекуран Мурати се води истрага во врска со случајот […]

Гори кај Бодрум (Видео)


Шумски пожари се случуваат на различни места неколку пати на ден во популарното турско летувалиште Бодрум. Противпожарните екипи се во близина на меѓународниот аеродром во Бодрум каде густ чад се издига над пламените јазици што ја зафатија вегетацијата. Аеродромот моментално работи непречено, а пожарите се гасат од земја и од воздух. Бодрум е едно од […]

Уште една проруска теза на Румен Радев: Украина инсистира на војната


  Бугарскиот претседател уште еднаш ја префрли вината за војната во Украина на жртвата, а не на агресорот, повторувајќи проруски тези. „Сакам да биде јасно дека Украина инсистира да ја води оваа војна, но треба да биде јасно и дека сметката ја плаќа цела Европа“, им изјави Румен Радев на новинарите од собирот на Роженската […]

(Видео) Убиство на бензинска во Солун – се обидел да го удри, но тој го застрела


Грчката полиција започна интензивна потрага за лоцирање и апсење на сторителот кој во четвртокот попладне застрела и смртно рани 50-годишен маж со албанско потекло во областа Аналипси, во источен Солун. Крвавиот инцидент се случил во 12:35 часот пред бензинската пумпа на улицата „Солонос“ бр. 51 и пред очите на случајни минувачи. Според исказите, сторителот и […]

Дојави за бомби на повеќе места во Загреб. „Четири пријави се лажни“


Бројни хрватски медиуми и загрепската полиција утринава добија лажни дојава за бомби лоцирани на повеќе локации во Загреб, најмногу во Дубрава. Испраќачот на мејлот тврди дека бомбите се наоѓаат во зградата на „Јутарњи лист“ на Мартиновка, кај трамвајската клучка во Дубрава, во Земјоделското училиште во Дубрава, во хотелот „Резиденс“ во Дубрава и во Полициската станица […]

Поради високите температури Акропол затворен од 12 до 17 часот


 Во пладневните часови, односно во периодот од 12 до 17 часот, Акрополот во Атина ќе биде затворен за посетители, поради високите температури најавени за денеска, јави дописничката на МИА од Атина.  Од Министерството за култура на Грција соопштија дека последните посетители ќе влезат на Акропол во 12 часот, кога и ќе затвори за повторно да […]

Рама: Нападот врз Курти е срамно однесување, што е на штета на Косово


Тирана – Албанскиот премиер Еди Рама на Твитер реагираше поради  физичката пресметка во Собранието на Косово, каде што беше фрлена вода врз премиерот Албин Курти, додека тој беше на собраниската говорница. Тој го нарече нападот „срамно однесување, што е на штета на Косово“. – Да не се согласуваш со премиерот е демократско, вака да го изразуваш […]

Голем пожар во Далмација, се евакуираат жители


  Пожарот што избувна денеска околу 11 часот во близина на Шибеник, сѐ уште не е под контрола силните налети на ветерот и се шири кон југ. Зафатил и станбени згради, а штабот за цивилна заштита одлучил евакуираните жители да ги смести во спортската сала „Балдекин“. Како што информираат од „Слободна Далмација“, изгореле и пет […]

Дојава за бомба во Основниот суд во Лесковац – сите вработени евакуирани


Во Основниот суд во Лесковац денеска околу 13 часот е добиена анонимна дојава за бомба, поради што сите вработени се евакуирани, потврдија за „Бета“ во СВР Лесковац. „Во тек е контрадиверзантско вештачење, сите се евакуирани, па сè уште немаме информации дали се работи за лажна дојава“, велат од лесковачката полиција. Во таа зграда во центарот на […]

Обвинителството на БИХ отвори случај против две студентки за величење воени злосторници


Обвинителството на Босна и Херцеговина отвори случај против две студентки на Факултетот за криминологија, криминологија и безбедносни студии во Сараево, под обвинение дека на денот на одбележувањето на 28-годишнината од геноцидот во Сребреница величеле осудени воени злосторници и ширеле меѓуетничка омраза. „Оформивме случај и го известивме Обвинителството на Босна и Херцеговина. Дежурниот обвинител се изјасни […]

Во Албанија уапсен уште еден поранешен градоначалник за злоупотреба на службената положба


По налог на албанското Специјално обвинителство за организиран криминал и корупција, СПАК, уапсен е Фан Труци, поранешен градоначалник на Фуш Арез, под обвинение за злоупотреба на службената положба. – По извршени истражни дејствија во рамките на оваа кривична постапка, констатирано е дека на територијата под управна надлежност на општина Фуш Арез, со прекршување на целокупната […]