Вечерње новости: Вонредни парламентарни избори најрано на 17 декември


Србија оди на вонредни парламентарни избори најрано на 17 декември, пишува  Вечерње новости повикувајќи се на нивни сознанија, пренесе Бета.

Како што наведуваат, се уште не е извесно дали ќе се спојат со белградските, а за тоа во наредните денови ќе одлучува врвот на најсилната политичка опција во државата – Српската напредна странка (СНС).

Весникот потсетува дека претседателот на Србија, Александар Вучиќ и претседателот на СНС, Милош Вучевиќ, прексиноќа разговарале со партиски колеги од Војводина и дека било прецизирано дека се ближи гласањето и дека партијата треба да се подготви за кампања.