Земјотрес од 5,5 степени според Рихтер ја погоди Турција


Силен земјотрес со јачина од 5,5 степени утринава за погоди Турција, во близина на Адана. Според податоците од ЕМСЦ, земјотресот бил на длабочина од 10 километри. Засега нема информации за повредени лица и материјална штета. Досега се регистрирани шест афтешок потреси.  

Во Шпанија запленети 5 тони кокаин скриен во товар со банани, уапсени пет Албанци


Тирана– Шпанските власти разбиле албанска криминална банда која шверцувала 5 тони кокаин скриен во товар со банани, при што биле уапсени пет лица, јавија албанските медиуми. Дрогата била прошверцувана во пристаништето Малага, а потоа запленета, откако била пренесена во магацин на индустриски имот во Аликанте.  Според шпанските медиуми, ова била најголемата заплена на наркотици досега. […]

Издадено највисоко ниво на тревога за силно невреме во Италија, Словенија и Австрија


Рим – Регионот се подготвува за многу силно невреме, поради што највисоко ниво на предупредување за невреме е издадено за северните делови на Италија, поголемиот дел од Словенија и Австрија и западниот дел од Унгарија. Во овие региони кон крајот на денот се очекува силно невреме и грмежи со пороен дожд и град. Можни се […]

Мицотакис за пожарите: Моментално сме во војна


Атина – Во овој момент се наоѓаме во војна, но одново ќе го изградиме она што го изгубивме, ќе ги обесштетиме погодените, порача грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис од Парламентот, осврнувајќи се на пожарите во земјата и истакна дека прв приоритет секогаш мора да биде заштитата на човечкиот живот, јави дописничката на МИА од Атина.  За ситуацијата […]

Грција не може да се справи со големите пожари, туристите се евакуираат


  Шумските пожари во понеделникот продолжија да горат низ Грција без да стивнат, принудувајќи десетици илјади луѓе да се евакуираат од популарните туристички дестинации. Предвидувањата се страшни, со прогноза за силни ветрови кои ќе ги разгорат пламените јазици во услови на постојани високи температури. Живата достигна 43 степени Целзиусови во Атина во неделата попладне, додека […]

(Видео) Грција во црвено – пожари, невреме и земјотрес на Крит


Земјотрес со јачина од 3,6 степени според Рихтеровата скала утрово го погоди грчкиот остров Крит. Eпицентарот на земјотресот бил лоциран на 4 километри југозападно од Аркалохори, a е регистриран на длабочина од 8,4 километри. Бил почувствуван и во околните места. Инаку, Грција се соочува со повеќе природни карастрофи. Состојбата е во црвено. Со денови е […]

Уапсен поранешниот директор на полициската управа на Црна Гора, Веселин Вељовиќ


Поранешниот директор на Полициската управа на Црна Гора, Веселин Вељовиќ, уапсен е изутринава во акција на Специјалното полициско одделение по налог на Специјалното државно обвинителство, јавуваат подгоричките медиуми. Обвинителот и портпарол на Специјалното државно обвинителство, Вукас Радоњиќ, изјави за новинарите дека „специјалното одделение на полицијата, по налог на судот и на барање на Специјалното државно […]

Туристка бегаше од пожар во Грција: Изгоре хотелот! Огнот беше веднаш зад нас


Семејство од Данска, кои биле на одмор во Грција, за Sky News раскажаа дека морале да пешачат 11 километри на високи температури за да избегаат од пожарот што го зафатил хотелот во кој престојувале. Корина рече дека нејзиниот сопруг Петер, ќерката Матилде и таа биле на одмор во Киотари кога им било кажано дека шумски […]

Денков во посета на Грција


Софија – Бугарскиот премиер Николај Денков денеска ќе биде во еднодневна посета на Атина, каде ќе има средба со својот грчки колега Киријакос Мицотакис. Премиерите на Бугарија и Грција ќе разменат мислења за начините за надминување на негативните последици од војната во Украина за економијата, енергетиката и безбедноста, а ќе ги разгледаат и изгледите за продлабочување […]

Фон дер Лајен: Грција секогаш може да смета на европската солидарност


Атина – Му се јавив на Кирјакос Мицотакис за да ја изразам нашата целосна поддршка за Грција, која е соочена со разорни шумски пожари и силен топлотен бран поради климатските промени, напиша на Твитер претседателката на Европската Комисија Урсула фон дер Лајен за телефонскиот разговор со грчкиот премиер, истакнувајќи дека Грција секогаш може да смета на […]

Превентивни евакуации поради пожари и на Евија, Крф и Пелопонез


Атина– Преку три различни пораки од бројот 112 за итни случаи во периодот од18 до 20.30 беа испратени пораки: до жителите на четири населени места во јужниот дел на грчкиот остров Евија; до сите оние кои се наоѓаат во пет населени места во североисточниот дел на Крф ,како и во едно село во северниот дел […]

САД и испорачаа на Србија 66 возила Хамви


Белград – САД на Војската на Србија и испорачаа 66 лесни оклопни возила Хамви (HMMWV-High Mobility Multipurpose Wheeled Vehicle), набавени преку директен комерцијален договор со американската компанија AM General, јави дописникот на МИА од Белград. Според порталот Белканска безбедносна мрежа, ова е прва транша за Србија од вкупно 118 нарачани возила. На Инстаграм каналот на […]

Санкциите за Вулин пресвртна точка на САД кон Србија


Белград – Одлуката на администрацијата на Џозеф Бајден да го санкционира Александар Вулин, директор на БИА, би можела да биде пресвртница и да укаже дека САД одлучиле да го повикаат српскиот претседател Александар Вучиќ на одговорност за неговата внатрешна, регионална и меѓународна политика, изјави Едвард П. Џозеф американскиот експерт за надворешна политика и предавач на […]

Косовската дијаспора лани испратила повеќе од милијарда евра во земјата


Приштина – Косовските граѓани кои живеат и работат во западноевропските и во прекуокеанските земји минатата година во Косово испратиле 1,2 милијарди евра, односно за шест отсто повеќе одошто во 2021 година, јави дописникот на МИА од Приштина. Според последните податоци на Централната банка на Косово (ЦБК), освен со дознаки, дијаспората придонела и за создавање нови […]

Еден загинат и осум повредени откако се урна дел од надвозник во близина на грчкиот град Патра


Атина – Едно лице го загуби животот, а осум се повредени откако се урна мост, затворен за употреба и сообраќај во близина на грчкиот град Патра, јави дописничката на МИА од Атина. Портпаролот на противпожарната служба на Грција Василис Ватракојанис информираше дека несреќата се случила кусо пред 13 часот по локално време, а во спасувачката […]

Досега превентивно евакуирани околу 19.000 лица на грчкиот остров Родос


Атина – Според првичните процени на полицијата, на грчкиот остров Родос поради големиот пожар, досега, превентивно биле  евакуирани околу 19.000 лица, туристи и локално население, објави грчката новинска агенција АНА-МПА  и коментира дека станува збор за најголемата акција за евакуација на жители и туристи што досега била спроведена во Грција, јави дописничката на МИА од Атина.  […]

Пет години од катастрофалните пожари во близина на Атина со над 100 жртви


Атина – Пожарите кои во изминатите денови беснеат во Грција, особено оној на островот Родос и вчерашната масовна евакуација, ги разбудија спомените за катастрофалните пожари во Мати, во источниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина каде што згаснаа над 100 животи, јави дописничката на МИА од Атина.  Пред точно пет години, на 23 […]

Земјотрес со јачина од 4,5 степени според Рихтеровата скала ја погоди Турција


Централна Турција ја погоди земјотрес со јачина од 4,5 степени според Рихтеровата скала, објавено е на веб-страницата на Европскиот медитерански сеизмолошки институт. Земјотресот се случил на длабочина од пет километри, на 66 километри северозападно од Кахраманмарас, град со речиси 400.000 жители. Засега нема информации за евентуална штета или повредени. Кахраманмараш беше епицентарот на двата разорни […]

Град со големина на голф топче во Чачак, ново итно предупредување за Србија


Дел од Србија попладнево е зафатен од силно невреме. Настрадаа Чачак, Трстеник, Краљево околните села. На социјалните медиуми се споделуваат видеа и фотографии од силното невреме кое донесе силен ветар, обилен дожд и град. Во Чачак паѓал град околу 15 минути, со големина на голф топче. Најголема штета има на земјоделските култури.       […]

Се евакуираат хотели на грчкиот остров Родос, пожарот и понатаму вон контрола


Со бродови на крајбрежната служба по морски пат и со автобуси на копно, според локалните медиуми, превентивно се евакуираат жителите и туристите од приморските областите Лардос и Киотари во источниот дел на грчкиот остров Родос поради големиот пожар што веќе петти ден е вон контрола, јави дописничката на МИА од Атина.  Преку бројот 112 за […]