Имамоглу собра над 25 милиони потписи за претседателска кандидатура, тврди опозицискиот лидер Јозел


 Над 25 милиони потписи се собрани во поддршка на кандидатурата за претседател на Турција на Екрем Имамоглу, според изјавата на лидерот на главната опозициска Народната републиканска партија (НРП), Озгур Јозел. Иако Имамоглу, поранешен градоначалник на Истанбулската метрополитeнска општина, во моментов се наоѓа во затвор во Силиври, бројот на собрани потписи достигнал 25,1 милион, изјави Јозел …

Имамоглу собра над 25 милиони потписи за претседателска кандидатура, тврди опозицискиот лидер Јозел Read More »

Грчките земјоделци одбија средба со Мицотакис и решија да ги интензивираат протестите


Да не се сретнат со грчкиот премиер в понеделник, да ги испратат писмено нивните барања до Владата, да не се повлечат од блокадите, но и да ги интензивираат протестите, одлучија земјоделците од Грција на денешниот состанок одржан во Лариса, јави дописничката на МИА од Атина. На неколкучасовниот состанок со масовно учество на претставници на земјоделците …

Грчките земјоделци одбија средба со Мицотакис и решија да ги интензивираат протестите Read More »

За девет месеци албанските иселеници дома испратиле 817 милиони евра


Парите што албанските емигранти им ги испраќаат на своите семејства дома брзо растат, што го одразува новиот бран на емиграција. Според Централна банка на Албанија, дознаките достигнале 817 милиони евра во периодот јануари-септември годинава, што е зголемување од 5,9 отсто во споредба со истиот период минатата година.  -Само во третиот квартал, емигрантите испратиле 285 милиони …

За девет месеци албанските иселеници дома испратиле 817 милиони евра Read More »

Цела ноќ гори погон со отпад во Хрватска – жителите да не излегуваат


Драматична ноќ во Хрватска: голем пожар во објект на CIAK кај Забок Граѓаните добија итно предупредување, пожарот е ставен под контрола, се мери квалитетот на воздухот Во местото Губашево, во близина на градот Забок во Хрватска, синоќа на 12 декември, околу 23 часот, избувна голем пожар во објект на компанијата CIAK, која се занимава со …

Цела ноќ гори погон со отпад во Хрватска – жителите да не излегуваат Read More »

Франција блокираше две поглавја во преговорите на Црна Гора со ЕУ


Франција го блокираше затворањето на две поглавја во преговорите за пристапување на Црна Гора во Европската Унија, но се очекува Подгорица да затвори три поглавја следната недела, потврдија дипломатски извори по состанокот на постојаните претставници на земјите-членки на ЕУ во Брисел. Според извори на ТВЦГ, Црна Гора треба да ги затвори поглавјата за правото на …

Франција блокираше две поглавја во преговорите на Црна Гора со ЕУ Read More »

ЕУ бара од Албанија да врати 33,5 милиони евра, по сериозната истрага за злоупотреби на ИПАРД фондовите


Тирана – Европската Унија испрати силен сигнал до Тирана: 33,5 милиони евра од програмата ИПАРД 2 мора веднаш да се вратат, откако беа „нерегуларно искористени во текот на периодот 2020 – 2022 година“, јави „Лајме јаворе“. „Истрагата на Европската канцеларија за борба против измами (OLAF) откри 52 случаи на злоупотреба на земјоделските фондови што ЕУ …

ЕУ бара од Албанија да врати 33,5 милиони евра, по сериозната истрага за злоупотреби на ИПАРД фондовите Read More »

Мицотакис ги повика земјоделците на средба в понеделник попладне


Атина – Ќе повторам и денеска, државата е отворена за дијалог. Затоа и јас в понеделник попладне, во 17 часот, во мојата канцеларија ќе ја чекам делегацијата што ќе биде одредена, за да разговараме, како што сме правеле многупати во минатото, посочи грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис упатувајќи покана за средба до земјоделците кои протестираат низ …

Мицотакис ги повика земјоделците на средба в понеделник попладне Read More »

Падот на бугарската Влада нема да го одложи членството на Бугарија во Еврозоната


Брисел – Актуелните политички случувања во Бугарија нема да го одложат пристапувањето на земјата во Еврозоната од 1 јануари, изјави денеска портпаролот на Европската комисија за економија, продуктивност и буџет Балаж Ујвари. – Ситуацијата е многу јасна. Постојат голем број критериуми за пристапување што треба да се исполнат и Бугарија ги исполни. Значи, сите главни критериуми …

Падот на бугарската Влада нема да го одложи членството на Бугарија во Еврозоната Read More »

За девет месеци странските туристи во Албанија потрошиле 4,4 милијарди евра


Странските туристи не само што доаѓаат во се поголем број, туку и трошат повеќе за време на престојот во земјата, објави Централна банка на Албанија според која за периодот јануари-септември годинава, странците потрошиле 4,4 милијарди евра, или 14,5 отсто повеќе споредено со истиот период минатата година. Само во во третиот квартал, туристите потрошиле 2,3 милијарди …

За девет месеци странските туристи во Албанија потрошиле 4,4 милијарди евра Read More »

Мишелин ќе ја оценува целата гастрономската мапа на Турција во 2026 година


Највлијателниот гастрономски водич во светот, Мишелин, од 2026 година ќе воведе прва национална селекција што ќе ја опфати целата територија на Турција. Досега Мишелин својот избор го објавуваше ограничено на поединечни градови или региони, но оваа иницијатива го проширува опсегот на целата кулинарска сцена на земјата, признавајќи го нејзиниот растечки потенцијал. Детали за националната селекција …

Мишелин ќе ја оценува целата гастрономската мапа на Турција во 2026 година Read More »

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата


 Парламентот на Бугарија со 227 гласа „за“ и ниту еден „против“ или „воздржан“ денеска ја прифати оставката на владата н Росен Жељазков. Тој вчера на итна конференција во Парламентот изјави дека владата поднесува оставка. Оставката е дадена пред гласањето за недоверба на владата поднесена минатиот петок од партијата Промените продолжуваат – Демократска Бугарија (ПП-ДБ) и …

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата Read More »

Косово ги прими првите депортирани мигранти од САД


Косово започна да прифаќа мигранти кои САД сакаат да ги депортираат, согласно договорот со администрацијата на претседателот Доналд Трамп, изјави премиерот Албин Курти. „Ги прифаќаме оние кои САД не ги сакаат на своја територија,“ рече Курти во телевизиско интервју доцна во четвртокот, додавајќи дека еден или двајца мигранти веќе пристигнале во  државата. Според договорот постигнат во …

Косово ги прими првите депортирани мигранти од САД Read More »

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени


Протест на пристаништето во Солун за претпладнево закажаа земјоделците од северна Грција, каде што ќе пристигнат со трактори, автобуси и земјоделски возила од блокадите поставени во околината на градот, а поради собирот граничните премини Евзони и Ники кон нашата земја, барем додека трае протестот, се очекува да останат отворени, јави дописничката на МИА од Атина. …

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени Read More »

Лавров: Преговорите за НИС се во тек, национализација само со согласност на Русија


Преговорите за НИС се во тек, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на тркалезна маса за амбасадори во Москва. „Процесот на преговори е во тек. Знам дека српското раководство се обрати кон САД, бидејќи токму нивното барање беше исполнето од компанија која беше создадена врз основа на меѓувладин договор меѓу Русија и Србија, …

Лавров: Преговорите за НИС се во тек, национализација само со согласност на Русија Read More »

ЕК ја тужи Бугарија за неусогласеност со европската Директива за јавни набавки


Европската комисија соопшти дека денеска донела одлука за покренување постапка против Бугарија пред Судот на правдата на Европската Унија, поради несоодветна усогласеност на бугарското законодавство со Директивата на ЕУ за јавни набавки. Комисијата смета дека бугарското законодавство моментално исклучува одредени медицински установи во приватна сопственост од правото за учество во јавни набавки, дури и во …

ЕК ја тужи Бугарија за неусогласеност со европската Директива за јавни набавки Read More »

Падна владата на Бугарија


  Владата на премиерот Росен Жељасков си поднесе оставка по повеќенеделните протести во земјата. Десетици илјади граѓани протестираа против корупцијата и непотизмот во земјата-членка на ЕУ, а повод за незадоволството беше владиниот буџет за следната 2026 година. На синоќешните протести во Софија имаше 150.000 луѓе. Опозицијата поднесе интерпелација за работата на владата за која требаше …

Падна владата на Бугарија Read More »

Главен уредник на голема турска телевизија приведен во истрага за дрога


Анкара – Главниот уредник на Хабертурк ТВ, еден од главните турски телевизиски канали, беше приведен во Истанбул како дел од истрагата за дрога насочена кон личности од медиумската и забавната индустрија, објавија турските медиуми. Канцеларијата на главниот јавен обвинител во Истанбул соопшти дека се издадени налози за апсење на осум лица под сомнение за купување, поседување …

Главен уредник на голема турска телевизија приведен во истрага за дрога Read More »

Трагедија во близина на Славонски Брод: Се преврте брод со мигранти, тројца мртви


Три мртви мигранти и осум живи беа извлечени од реката Сава во Славонски Брод рано утрово откако бродот се преврте, а повредените мигранти беа однесени во болница со брза помош, изјави командантот на Јавната противпожарна служба на Славонски Брод, Иван Вулета, за Хина во четврток. „Утрово во 5:38 часот добивме дојава од брзата помош дека …

Трагедија во близина на Славонски Брод: Се преврте брод со мигранти, тројца мртви Read More »

Фон дер Лајен и Кошта по средбата со Вучиќ: Сакаме да видиме демократска Србија во ЕУ


Белград –  Претседателите на Европската комисија и на Европскиот совет, Урсула фон дер Лајен и Антонио Кошта, синоќа во Брисел објавија дека остануваат целосно посветени на тоа да видат демократска Србија во Европската унија. Фон дер Лајен и Кошта објавија на „X“ дека разговарале со српскиот претседател Александар Вучиќ за важноста од забрзување на реформите, …

Фон дер Лајен и Кошта по средбата со Вучиќ: Сакаме да видиме демократска Србија во ЕУ Read More »

Нови големи протести во Софија. Десетици илјади бараат оставки од Борисов и Пеевски


  Во средата вечерта во главниот град на Бугарија, Софија, се одржува протест под слоганот „Оставка. Пеевски и Борисов надвор од власта“. Протестот собра десетици илјади граѓани во триаголникот на власта и го надмина големиот протест од 1 декември. Организатори се опозициската формација Продолжување на промените – Демократска Бугарија. Пред тоа, собранието одржа дебата за …

Нови големи протести во Софија. Десетици илјади бараат оставки од Борисов и Пеевски Read More »