Србија во самоизолација, нема да има никој на самитот ЕУ-Западен Балкан


  Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека нема да оди во Брисел на самитот ЕУ-Западен Балкан, односно дека Србија нема да има свој претставник. „За прв пат во последните 13 или 14 години, ниту јас ниту некој друг нема да одиме на таа меѓувладина конференција. Никој нема да ја претставува Република Србија, па затоа Западниот …

Србија во самоизолација, нема да има никој на самитот ЕУ-Западен Балкан Read More »

Сараево утрово е најзагаден главен град во светот


Сараево утринава сè уште е на прво место на листата на најзагадени главни градови во светот, со индекс на квалитет на воздухот од 396. Зад Сараево е пакистанскиот Лахоре, каде што индексот на квалитет на воздухот е регистриран на 297, додека во индискиот Њу Делхи изнесува 284. Концентрацијата на PM2,5 честички утрово во Сараево е …

Сараево утрово е најзагаден главен град во светот Read More »

Основниот суд во Бања Лука одлучи: Додик останува претседател на СНСД


Основниот суд во Бања Лука го отфрли предлогот на Централната изборна комисија на БиХ, Милорад Додик, да биде избришан од регистарот како претседател на Сојузот на независни социјалдемократи (СНСД).  Како што објави судот, против оваа одлука не е поднесена жалба во законскиот рок, што истече на 9 декември. ЦИК ја прими одлуката на 1 декември.  …

Основниот суд во Бања Лука одлучи: Додик останува претседател на СНСД Read More »

Заклучоци на Данското претседателство за проширувањето: Кандидатите за членство да работат на забрзување на својот пат кон ЕУ


Советот на ЕУ ја потврдува геостратешката важност на проширувањето, како значаен придонес кон европскиот мир, безбедност, стабилност и просперитет во 21-от век и тој процес мора да остане ефикасен, заснован на заслуги и кредибилен, врз основа на Копенхашките критериуми и утврдените принципи и методологија. Ова се наведува во Предлог-заклучоците на Советот на ЕУ за проширувањето, …

Заклучоци на Данското претседателство за проширувањето: Кандидатите за членство да работат на забрзување на својот пат кон ЕУ Read More »

СПАК бара од Собранието да го одземе пратеничкиот имунитет на вицепремиерката Балуку, со цел нејзино апсење


 Специјалното обвинителство  против корупција и организиран криминал (СПАК), попладнево побара од албанскиот Парламент да и го одземе пратеничкиот имунитетот на вицепремиерката и министерка за инфраструктура и енергетика, Белинда Балуку, за да се овозможи нејзино апсење. На 31 октомври СПАК поднесе обвинение против Балуку, под сомнение за сторени прекршоци при доделувањето на тендери и корупција тешка …

СПАК бара од Собранието да го одземе пратеничкиот имунитет на вицепремиерката Балуку, со цел нејзино апсење Read More »

Речиси секој втор бизнисмен во Албанија дал мито за да добие услуга од администрацијата


Дури 50 отсто од бизнисите во Албанија го сметаат поткупот во администрацијата како вообичаена постапка за завршување на одредена работа, што е зголемување за девет отсто во споредба со минатата година. Во најновиот извештај на Балканскиот барометар се наведува дека во 2024 година, 41 отсто од фирмите пронашле брзи решенија преку поткуп. Но, поткупот што …

Речиси секој втор бизнисмен во Албанија дал мито за да добие услуга од администрацијата Read More »

Во Албанија за девет месеци странските инвестиции достигнале рекордни 1,2 милијарди евра


Официјалните податоци на Централна банка на Албанија покажуваат дека во периодот јануари – септември, вкупните странски директни инвестиции достигнале над 1,2 милијарди евра, што е зголемување од 4,4 отсто во споредба со истиот период минатата година, што се оценува како историски рекорд. Доколку се погледнат податоците за периодот јули – септември, растот е уште посилен. …

Во Албанија за девет месеци странските инвестиции достигнале рекордни 1,2 милијарди евра Read More »

Уапсен детски психијатар во Хрватска, со години ги злоставувал своите малолетни пациенти


46-годишен детски психијатар од Осиек е уапсен и обвинет за низа тешки кривични дела, вклучувајќи злоставување на малолетни пациенти и олеснување на употреба на дрога. По завршувањето на кривичната истрага, тој бил однесен во притвор, објави полицијата на својата веб-страница. Злоупотребувал малолетни пациенти и им нудел дрога Полицијата се сомнева дека детскиот психијатар ја злоупотребил …

Уапсен детски психијатар во Хрватска, со години ги злоставувал своите малолетни пациенти Read More »

Црна Гора затвори пет поглавја од преговарачкиот процес со ЕУ


 Во Брисел денеска се одржа 24-та Меѓувладина пристапна конференција ЕУ-Црна Гора, на која Подгорица времено ги затвори преговорите по пет поглавја од преговарачкиот процес за членство во Европската Унија. Како што соопшти Советот на ЕУ, станува збор за поглавјата 3 – Право на основање претпријатија и слобода на пружање услуги, 4 – Слободно движење на …

Црна Гора затвори пет поглавја од преговарачкиот процес со ЕУ Read More »

Кушнер се откажал од планот за изградба на Трамп хотел во Србија, пишува Волстрит журнал


  Џаред Кушнер се откажа од планираниот проект за изградба на Трамп хотел во Белград откако проектот предизвика протести и обвинение против висок српски политичар, објави денес Волстрит журнал. „Бидејќи значајните проекти треба да обединуваат, а не да разделуваат, и од почит кон народот на Србија и градот Белград, ја повлекуваме нашата апликација и се …

Кушнер се откажал од планот за изградба на Трамп хотел во Србија, пишува Волстрит журнал Read More »

Грчкиот Парламент вечерва ќе го гласа буџетот – синдикатот на вработените во јавниот сектор започна 24-часовен штрајк


Синдикатот на вработените во државниот сектор во Грција (АДЕДИ) утрово започна 24-часовен штрајк поради буџетот за следната година, што вечерва се очекува да биде изгласан од грчкиот Парламент, јави дописничката на МИА од Атина. Од синдикатот сметаат дека новиот буџет е „антиграѓански и носи дополнителни даночни оптоварувања за работниците и нови привилегии за големите бизнис …

Грчкиот Парламент вечерва ќе го гласа буџетот – синдикатот на вработените во јавниот сектор започна 24-часовен штрајк Read More »

Милановиќ: ЕУ ризикува да пропадне како Југославија и СССР поради наметнување едноумие


Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ денеска изрази надеж дека Европската Унија нема да пропадне поради наметнување на едноумие, како што тоа им се случи на Југославија и Советскиот Сојуз. Милановиќ е во дводневна посета на Словачка, каде што утре ќе се сретне со словачкиот колега Петер Пелегрини и со премиерот Роберт Фицо. На состанокот со претставниците …

Милановиќ: ЕУ ризикува да пропадне како Југославија и СССР поради наметнување едноумие Read More »

Хрватска ќе одлага радиоактивен отпад на границата со БиХ


Хрватскиот парламент денес го усвои, по итна постапка, Законот за изградба на центар за управување со радиоактивен отпад, кој дава регулаторна основа за изградба на локација за депонирање отпад од нуклеарната централа Кршко, како и домашни болници и индустрија, а претпочитаната локација е Черкезовац на Трговска Гора, на границата со Босна и Херцеговина. Хрватскиот парламент …

Хрватска ќе одлага радиоактивен отпад на границата со БиХ Read More »

Саборот изгласа: Хрватска ќе го отстранува радиоактивниот отпад на границата со Босна и Херцеговина


Денес, Саборот на Хрватска го усвои Законот за изградба на Центар за отстранување на радиоактивен отпад на самата граница со Босна и Херцеговина во областа Трговска Гора. 77 пратеници гласаа за законот, 21 гласаа против, а 36 беа воздржани. Со години, Босна и Херцеговина апелираше до Хрватска да се откаже од оваа опасна идеја, која …

Саборот изгласа: Хрватска ќе го отстранува радиоактивниот отпад на границата со Босна и Херцеговина Read More »

Белград нема да организира јавна прослава на Нова Година во 2026 година


Градоначалникот на Белград, Александар Шапиќ, на денешната прес-конференција изјави дека нема да има јавна прослава за Нова Година 2026 година. Причината за ова, рече тој, се настаните од минатата година кога се случи инцидент. „Не сакам да доведам ниту едно дете во опасност. Најголемиот број деца се на возраст меѓу 13 и 15 години. Најголемиот …

Белград нема да организира јавна прослава на Нова Година во 2026 година Read More »

Поднесено барање за укинување на пратеничкиот имунитет на Илхан Ќучук


  Бугарските власти побарале од Европскиот парламент одземање на пратеничкиот имунитет на европратеникот Илхан Ќучук врз основа на тужба што против него ја покренал еден од неговите локални асистенти, јави бриселскиот портал „Еурактив“, повикувајќи се на извори во ЕП. Се очекува ваквото барање да биде разгледано за време на овонеделната сесија на Европарламентот, што почнува …

Поднесено барање за укинување на пратеничкиот имунитет на Илхан Ќучук Read More »

Калас: Најдобриот начин за зачувување на мирот од Дејтон е членството на БиХ во ЕУ


Високата претставничка на Европската Унија за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас, и комесарката за проширување, Марта Кос, во заедничка изјава во неделата ги повикаа властите во Босна и Херцеговина да продолжат со спроведување на реформите потребни за членство во ЕУ, нагласувајќи дека ова е најдобрата гаранција за зачувување на мирот. Двете европски претставници …

Калас: Најдобриот начин за зачувување на мирот од Дејтон е членството на БиХ во ЕУ Read More »

БиХ: Триесет години од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор


Сараево – Општата рамковна спогодба за мир во Босна и Херцеговина, попозната како Дејтонски мировен договор, беше потпишана на денешен ден пред точно 30 години, на 14 декември 1995 година, во Елисејската палата во Париз, со што беше ставен крај на четиригодишната војна во БиХ. Дејтонскиот мировен договор го потпишаа претседателите на трите страни: претседателот …

БиХ: Триесет години од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор Read More »

Франција го промени ставот: Црна Гора затвора пет поглавја во преговорите со ЕУ


Подгорица – По директниот разговор меѓу црногорскиот премиер Милојко Спајиќ и францускиот претседател Емануел Макрон, на Црна Гора ѝ се отворени вратите за затворање на пет преговарачки поглавја во пристапните преговори со Европската Унија (ЕУ) до крајот на оваа година. Меѓувладината конференција на која тоа ќе биде формализирано, како што беше најавено претходно, ќе се одржи …

Франција го промени ставот: Црна Гора затвора пет поглавја во преговорите со ЕУ Read More »

Случај на лепра потврден во Хрватска!


Лепрата е хронична заразна болест предизвикана од бактерии. Во Хрватска е потврден еден изолиран случај на лепра. Пациент со симптоми на оваа древна болест се појавил во Сплитскиот епидемиолошки центар пред околу десет дена. „Ништо не е кажано ниту напишано за тоа, бидејќи е откриено. Човекот се лекува, неговите блиски контакти примиле терапија, по експозицијата, …

Случај на лепра потврден во Хрватска! Read More »