Во Дубровник уапсен 55 годишен Бугарин, на банкомати крадел податоци за кредитни картички


Полицијата во Дубровник уапси 55-годишен бугарски државјанин осомничен за серија кривични дела поврзани со кражба на податоци од банкарски картички. Тој е обвинет дека ги поставил таканаречените уреди за скиминг со цел да добие неовластен пристап до корисничките податоци и пинови. Против него е поднесена кривична пријава за продолжено кривично дело создавање и користење на […]

Турција ќе претрпи милионски загуби: Русија го запре увозот на овошје од пет големи турски компании


Русија од денеска привремено го ограничува увозот на коскесто овошје од пет големи турски производители поради повеќекратно утврдено присуство на штетници и на други организми што подлежат на карантински надзор, објави турското издание „Туркије тудеј“. Мерката се однесува на праски, нектарини, кајсии, сливи, цреши, вишни и на маслинки, соопшти руската Федерална служба за ветеринарен и […]

Африканска свинска треска избувна во Србија, многу блиску до границата со Хрватска


Вирусот на африканска свинска треска во Србија е присутен во седум области и 52 населени места, а во последните два дена се појавија две нови жаришта – во Бездан, на границата со Хрватска, и во Јужнобачкиот округ, во градовите Жабаљ и Господинци. Ова го изјави денес српскиот министер за земјоделство Драган Гламочиќ. Гламочиќ изјави за […]

Силно невреме го погоди јужниот дел на Загреб


Силно невреме проследено со обилни врнежи од дожд, грмежи и град денеска го погоди јужниот дел на Загреб, додека Државниот хидрометеоролошки завод на Хрватска издаде портокалово предупредување поради невреме со громотевици што се очекува околу 15 часот. Невремето го зафати јужниот дел на хрватската престолнина и околината во текот на претпладнето, а поради интензивните врнежи […]

Земјотрес со јачина од 5 степени по Рихтер ја погоди источна Турција


Земјотрес со јачина од 5 степени според Рихтеровата скала ја погоди рано изутринава источната турска провинција Малатија, соопшти Агенцијата за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД). Земјотресот се случи во 6:20 часот наутро по локално време, со епицентар во округот Баталгази, на длабочина од 15,59 километри, се наведува во соопштението на АФАД. Тресењето на […]

Србија и Америка се договорија за соработка во енергетиката, војската и 5G


Државниот секретар на САД, Марко Рубио, и министерот за надворешни работи на Србија, Марко Ѓуриќ, вчера го предводеа првиот стратешки дијалог меѓу САД и Србија во Вашингтон, сигнализирајќи заедничка цел за зајакнување на партнерството меѓу двете земји, објави американската администрација во заедничко соопштение. Стејт департментот изјави дека почетокот на стратешкиот дијалог го зајакнува партнерството меѓу […]

И Србија отвори стратешки дијалог со САД


  Американскиот државен секретар Марко Рубио го отвори Стратешкиот дијалог меѓу САД и Србија во петокот во Стејт департментот, предводен од министерот за надворешни работи Марко Ѓуриќ, кој го опиша моментот како „историски“, објави Радио телевизија на Србија (РТС), повикувајќи се на американската администрација. „Ова е важен успех за нашата земја. Ќе продолжиме да водиме […]

Словенечки дипломат назначен за главен советник за помирување и нормализација на Западен Балкан


Брисел– Европската комисија го назначи словенечкиот дипломат Марко Маковец за главен советник за помирување и нормализација на Западен Балкан во рамките на Генералниот директорат за проширување и источно соседство, соопшти Европската комисија, а пренесе регионалната телевизија „Н1“. Генералниот директорат е задолжен за политиката на проширување на Европската Унија и за односите со источните соседи на […]

Црна Гора го укинува безвизниот режим за Русите


Подгорица – Поради усогласување со Европската Унија(ЕУ), Црна Гора го укинува безвизниот режим за Русите.  Црна Гора од 1 октомври 2026 година ќе го укине безвизниот режим за руските државјани, со што ќе стави крај на политиката што важеше речиси две децении. За да ја олесни примената на новите правила, VFS Global ќе започне да прима […]

Српската министерка по скандалозната изјава: „Требаше да кажам депортација, а не етничко чистење…“


  Српската министерка Снежана Пауновиќ, која пред неколку дена предизвика лавина реакции поради нејзината изјава дека би извршила етничко чистење на Косово доколку била на местото на Слободан Милошевиќ во 1998 година, сега тврди дека нејзината изјава е извадена од контекст, објавува Н1. Во интервју за ТВ Прва, Пауновиќ тврди дека седум секунди од нејзиното […]

Србинка украла чадор за сонце и лежалки во Хрватска, доби забрана за влез во ЕУ


38-годишна српска државјанка е обвинета за кражба на чадори за сонце и лежалки во Свети Петар. Полицијата ја уапсила неколку дена по кражбата, а покрај кривичната пријава, ѝ е наредено и да ја напушти Европската економска зона, пишува Полициската управа во Задар. Истрага и апсење Полицијата во Биоград заврши кривична истрага за 38-годишна жена, за […]

„Екс-ју авиејшн“: Скопскиот е најбрзорастечки меѓу аеродромите во поранешна Југославија


Дваесет и еден комерцијален аеродром во поранешна Југославија со редовен патнички сообраќај опслужија 13.105.289 патници во периодот јануари-мај годинава. Оваа бројка претставува зголемување од 1.074.294 патници во истиот период минатата година,  а Македонија беше најбрзорастечкиот пазар во поранешна Југославија, со додадени 375.766 патници во текот на првите пет месеци од годината – пишува порталот „Екс-ју […]

Турското обвинителство побара доживотен затвор за обвинетите за нападот пред израелскиот конзулат во Истанбул


Турското обвинителство побара доживотни и и дополнителни казни затвор во времетраење до 37 години за 14 лица обвинети за априлскиот оружен напад пред Израелскиот конзулат во Истанбул. Според вчера објавеното обвинение, учесниците во инцидентот се товарат за извршени кривични дела обид за убиство, обид за уривање на уставниот поредок, членство во вооружена терористичка организација и […]

Грција го блокира новиот пакет санкции за Русија да заштити бродски олигарх


  По тридневни преговори, земјите од ЕУ не успеаја да се договорат за условите на 21. пакет санкции против Русија и ја одложија одлуката за една недела, замрзнувајќи го ограничувањето на цената на руската нафта, кое чекаше ревизија. Преговорите запреа, делумно, затоа што Грција се спротивстави на забраната за испорака на руски течен природен гас […]

Трета жртва во сообраќајката на Халкидики кај Полигирос, загинаа мајка, татко и шестмесечно бебе од Молдавија


Во сообраќајна несреќа на Халкидики при директен судар на цистерна и патничко возило во кое било четиричлено семејство од Молдавија, животот го загубија мајка, татко и шестмесечно бебе, додека другото дете е сериозно повредено, јави дописничката на МИА од Атина. Несреќата се случи вчера попладне на регионалниот пат Неа Муданија – Никити, кај Полигирос, од […]

Мајка и бебе загинаа во сообраќајна несреќа на Халкидики


Во сообраќајна несреќа на Халкидики при судар на цистерна и патничко возило во кое било четиричлено семејство, животот го загубија мајка и бебе, додека таткото и другото дете се сериозно повредени, а според информациите на дописничката на МИА од Атина, автомобилот бил со регистарски таблици од Молдавија. Несреќата се случила попладнево на регионалниот пат Неа […]

Нова анкета во Србија: Студентската листа води пред СНС на Вучиќ


  Меѓу определените гласачи (70 проценти), во овој момент 44,9 проценти од граѓаните би гласале за Студентската листа, додека 35,7 проценти би гласале за Српската напредна партија, а 3,8 проценти за СПС. Другите политички актери не го преминуваат изборниот праг. Политички 12 проценти остануваат неодлучни, или 9 проценти велат дека нема да гласаат. Ова се […]

ФАЦ: Брисел сега гледа потценувачки на Албанија поради „системска корупција“ на Рама


  На 14 јули, Брисел зборуваше за „Супер вторник“. За прв пат од 2002 година, четири меѓувладини конференции за проширување на Европската унија беа на дневен ред за истиот ден – со Украина, Црна Гора, Молдавија и Албанија. Неспорно е дека релевантните процеси добиваат на интензитет, но ако се испита процесот подетално, има малку причини […]

Ципрас си замина, Сириза се распадна


  Левичарската партија Сириза во Грција е на работ на колапс откако одлуката на нејзиниот поранешен лидер Алексис Ципрас да основа нова политичка партија повторно ги измеша картите во Атина. Ципрас ја презеде Сириза во 2008 година, кога партијата имаше рејтинг од околу 5% во анкетите, и ја доведе на власт во 2015 година откако […]

Дуа Липа ги поддржа протестите во Албанија против туристичкиот проект на Трамп


Тирана – Британската поп-ѕвезда со косовско потекло Дуа Липа ги поддржа протестите во Албанија против туристичкиот центар поврзан со семејството Трамп, нарекувајќи го движењето „инспиративно“ во подкаст објавен во вторник. Секој ден од крајот на мај, демонстрантите излегуваат на улиците на Тирана за да се изјаснат против изградбата на луксузен хотел поддржан од Иванка Трамп, […]