Вучиќ ги распиша изборите за српскиот парламент за 25 октомври


Александар Вучиќ

 Српскиот претседател Александар Вучиќ го распушти Народното собрание на Србија и распиша вонредни парламентарни избори за 25 октомври 2026 година. Премиерот Ѓуро Мацут предложи распуштање на Собранието на седницата на Владата на 7 септември, што Владата го прифати на седница. Тоа беше неопходна законска постапка, за да може Вучиќ да распише избори.

Од моментот кога Владата го прифати предлогот на Мацут за распуштање на Собранието, почна да тече рок од 72 часа, во кој претседателот на Републиката одлучува дали ќе го прифати образложениот предлог на Владата.

За да се одржат изборите на 25 октомври, како што претходно објави Вучиќ, тие мораа да бидат распишани најдоцна на 10 септември.