Во Албанија за 35 години убиени околу 11.000 лица во имотни спорови
Од почетокот на демократскиот период до денес, односно за три и пол децении, околу 11.000 луѓе се убиени во Албанија поради имотни спорови.
Овој шокантен податок го изнесе познатиот експерт за безбедност, Фатјон Софта, гостувајќи во телевизиска емисија, коментирајќи го прашањето за конфликтите поврзани со имотот во Албанија.
Фокусирајќи се на неодамнешниот судир меѓу бизнисмени во местото Радми, кај Валона околу прашањето за земјиштето, рече дека овој случај во претставува само дел од поширокиот проблем поврзан со имотните конфликти во земјата.
„Радми беше врвот на ледениот брег од проблемите што постојат во врска со имотите“, рече Софта, нагласувајќи го обемот на конфликтот поврзан со сопственоста.
Експертот го опиша имотното прашање како голем проблем кој, според него, сè уште не е дефинитивно решен од страна на албанските институции и општеството.
-Конфликтите стануваат уште потешки кога станува збор за големи површини земјиште и имоти со значителна економска вредност, каде што се вклучени различни интереси. Имотните конфликти донесоа сериозни социјални последици, што довело до распаѓање на семејствата и конфликти меѓу роднини, оценува тој.
Додава дека проблемите со сопственоста се широко распространети низ целата територија, додека конфликтите се зголемиле и поради економски и политички интереси со текот на годините.
Нагласи дека прашањата за сопственост продолжуваат да бидат извор на конфликти во Албанија и оти нивното решавање останува предизвик за институциите и како важен елемент за националната безбедност.