Почина бугарскиот патријарх Неофит


Патријархот на Бугарската православна црква (БПЦ) Неофит почина синоќа на 79-годишна возраст по долго боледување, а веста е објавена на веб-страницата на бугарскиот свет синод. „Браќа и сестри, на 13 март 2024 година, по долго боледување на Воено-медицинската академија (ВМА-Софија) во 22:22 часот, поради повеќекратно откажување на органите почина Неговата Светост Патријархот Бугарски и Митрополит […]

ЕУ покрена четири процедури против Бугарија за говор на омраза и ксенофобија


  Европската комисија денеска објави неколку процедури поврзани со утврдените неправилности во Бугарија, од кои едната е второто предупредување дека рамковните одлуки на ЕУ за борба против расизмот, ксенофобијата и говорот на омраза не се доволно транспонирани во бугарското законодавство. Останатите треба брзо да се отстранат терористичките содржини од интернет, да се ажурира националниот план […]

Вархеи: БиХ го постигна потребното ниво за да ги започне пристапните преговори со ЕУ


Европската комисија даде предлог Советот на ЕУ да донесе одлука за отпочнување на пристапните преговори со Босна Херцеговина и се надевам дека лидерите ќе донесат позитивно решение на Самитот следната недела, вели еврокомесарот за проширување и соседска политика Оливер Вархеи во интервју за Европската новинска мрежа (ЕНР). – Сметаме дека условите се исполнети. Предлогот се […]

Разузнувачите на САД гледаат зголемен ризик од мултиетничко насилство во Западен Балкан


  Во годишната процена на американската разузнавачка заедница за глобалните закани, објавена денеска од Канцеларијата на директорот на националното разузнавање (ОДНИ), пишува дека „Западен Балкан во текот на 2024 година најверојатно ќе се соочи со зголемен ризик од локализирано меѓуетничко насилство“. Во три кратки пасуси за Западен Балкан, документот вели дека „националистичките лидери веројатно ќе […]

Србија и натаму има најголема инфлација во регионот


Србија и натаму е рекордер во регионот по годишна стапка на инфлација. Според последните податоци објавени во земјите од регионот, Србија е на прво место со годишна инфлација во февруари од 6,4 отсто, јави дописникот на МИА од Белград. По Србија, следат Црна Гора со годишна инфлација од 4,4 отсто (податоците се за јануари 2024 […]

И Еди Рама ја поздрави одлуката на косовската влада за враќање на имтотот на манастирот Дечани


  Албанскиот премиер Еди Рама ја поздрави денешната одлука на косовската влада за спроведување на одлуката на Уставниот суд на Косово за манастирот Дечани. „Целосно ја поддржувам одлуката ‘подобро некогаш отколку никогаш’ на Владата на Република Косово за спроведување на одлуката на Уставниот суд за Дечанскиот манастир. Го охрабрувам косовското раководство да продолжи да работи […]

Одбиле кандидат за декан бидејќи документите ги доставил на УСБ, а не на ЦД


Кандидат кој конкурирал за декан на Професорскиот факултет во Загреб бил одбиен бидејќи документацијата не ја доставил на ЦД. На Факултетот за образование на наставници во Загреб во тек се избори за нов декан, а за местото се пријавиле пет заинтересирани кандидати. Тоа се Ватрослав Зовко, Блаженка Филипан-Жигниќ, Марио Думанчиќ, Томислав Крзнар и Тин Перков. […]

Европската комисија препорача отворање на преговорите со Босна и Херцеговина


  Европската комисија денеска препорача отворање на пристапните преговори на ЕУ со Босна и Херцеговина. Како што се наведува во соопштението на Европската комисија, оваа институција смета дека БиХ го постигнала потребното ниво на усогласеност со критериумите за членство во ЕУ, во однос на постигнатите резултати од 2022 година, кога оваа земја доби кандидатски статус. […]

Ивермектин е итно повлечен од аптеките во Хрватска, се користеше за време на пандемијата


Лекот Ивермектин се користеше за време на пандемијата на Ковид. Хрватската агенција за лекови пишува дека сега итно се повлекува од аптеките поради нерегуларности во квалитетот поврзани со контаминација која не претставува опасност по здравјето.   Компанијата Медика, дистрибутер на кремот Soolantra (ивермектин), во соработка со Агенцијата за лекови и медицински производи на Република Хрватска, […]

Денеска се навршуваат 21 година од убиството на Зоран Ѓинѓиќ


Белград – Во Белград денеска ќе се одбележи 21-годишнината од убиството на српскиот премиер и поранешен лидер на Демократската партија (ДС) Зоран Ѓинѓиќ. Венци утринава беа положени во дворот на владата, на местото каде Ѓинѓиќ беше убиен. По повод годишнината од убиството, организацијата „Нов оптимизам“ во 12 часот ќе одржи трибина „Истрел во иднината на […]

Брнабиќ не може да биде избрана за спикер на српскиот Парламент


 Ана Брнабиќ, премиерката на Србија во технички мандат, не може да биде кандидат, а уште помалку избрана за претседател на Собранието, бидејќи за тоа има уставни пречки, изјави професорот на Правниот факултет Танасије Маринковиќ.  Според него државата може да влезе во „потенцијална уставна криза“. Маринковиќ за ТВ Н1 изјави дека токму тоа име е причината […]

Албанија ги укина визите за пет држави до крајот на годинава


 Со цел привлекување што поголем број туристи од сите делови на светот албанската Влада донесе одлука со која до крајот на годинава ги укинува визите за граѓаните на пет држави. Станува збор за државјаните на Саудиска Арабија, Бахреин, Катар, Оман и Тајланд. – Граѓаните од овие земји можат да влезат во Албанија само со патна […]

Поранешниот министер за одбрана Медиу смета дека Албанија нема капацитети да произведува оружје за Украина


Поранешниот министер за одбрана Фатмир Медиу, коментирајќи ја изјавата на Канцеларијата на НАТО во Брисел дека „приоритет на Алијансата во Албанија е премин од бавно кон високо производство на муниција, за потребите на војната во Украина“ оценува дека Албанија нема капацитети за такво нешто. -Генерално, ова е рано барање на НАТО, бидејќи Украина потроши многу […]

Во Србија минатата година биле вработени над 52.000 странци


Минатата година во Србија се издадени над 52.000 работни дозволи на странци, што е скок од речиси 70 отсто во однос на претходната година. Само во Белград има 30.000 странски работници. И покрај ова, сè уште недостасуваат сите профили на работници. Се проценува дека исчезнале околу 20.000 возачи и исто толку работници во угостителството. Од […]

Итна евакуација во Црна Гора: Дојава за бомба во судовите


Поради дојава за бомба во Подгорица, евакуирана е зградата во која се наоѓаат Врховниот, Апелациониот и Вишиот суд. Како што дознава порталот РТЦГ, информацијата за поставената бомба била добиена по електронска пошта. „Ќе се случи нешто многу големо, што нашето братство постави многу моќен експлозив на неколку места, да видиме дали ќе го најдете пред […]

БиХ бара од Вархеји отворање на преговорите за членство во ЕУ


Претседателката на Советот на министри на Босна и Херцеговина (БиХ), Борјана Кришто, испрати писмо до европскиот комесар за проширување, Оливер Вархеји, за клучните реформи што БиХ ги спроведе во минатата година, во врска со претстојната одлука на Европскиот совет за почеток на пристапните преговори со БиХ. Кришто го информирала Вархеји и за реформите кои се […]

Вучевиќ: Во Косово се случува етничко чистење на Србите, опциите се дипломатија, војна или молк


Министерот за одбрана во технички мандат Милош Вучевиќ денеска изјави дека властите во Приштина континуирано вршат притисок врз Србите кои живеат во Косово и дека тоа е најголемиот безбедносен ризик за Србија. Вучевиќ за телевизија Пинк изјави дека „етничкото чистење на Србите се случува де факто“ на Косово, поради што Србија има опција „да се […]

Вучиќ: Изборите во Белград може да се одржат на 28 април или на 5 мај


 Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска изјави дека изборите во Белград може да се одржат на 28 април или на 5 мај, кога е Велигден, јави дописникот на МИА од Белград. – Ако претседателот на српскиот Парламент се избере на 11, 12 или 13 март, не е важно, изборите мора да се одржат до 11 […]

Дачиќ ќе претседава со Владата на Србија до изборот на нова влада


Првиот вицепремиер Ивица Дачиќ ќе претседава со Владата на Србија до изборот на нова влада, изјави денеска премиерката на Србија Ана Брнабиќ, која е предложена за нова претседателка на српскиот Парламент, јави дописникот на МИА од Белград. – Вчера одржав седница на Владата, донесовме неколку важни одлуки и заклучоци. Се поздравив со министрите, а Дачиќ […]

Ердоган најави крај на своето владеење по локалните избори во Турција


 Претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган синоќа најави повлекување од политичкиот живот. Тој наведе дека локалните избори во Турција што треба да се одржат на 31 март ќе бидат негови „последни“. – Изборите на 31 март ќе ми бидат последни во согласност со законот. Нивниот резултат ќе биде пренесување на довербата на моите браќа кои […]