Уставниот суд ќе се произнесе за кандидатурата на Милановиќ на парламентарните избори


Уставниот суд денеска ќе се произнесе за објавувањето на кандидатурата на претседателот на Хрватска, Зоран Милановиќ на претстојните парламентарни избори на листата на СДП. Претседателот на Уставниот суд, Мирослав Шепаровиќ, денеска во 11 часот повика на стручна средба на судии, а потоа и седница на Судот на чиј дневен ред е точката – Надзор на […]

Заглави примопредавањето на владата во Бугарија, можни предвремени избори


Неколку часа пред крајниот рок што си го поставија, ГЕРБ и „Продолжуваме со промената – Демократска Бугарија“ објавија дека преговорите за нов кабинет пропаднале. Денес кандидатот за ротирачки премиер, Марија Габриел од ГЕРБ, ќе оди кај претседателот за да го добие мандатот за формирање влада, по што се очекува да се дознае дали ќе има […]

Милановиќ остро и без ракавици: Собирот на ХДЗ е „бал на вампирите“


  Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ денеска ја продолжи реториката од петокот кога најави дека ќе се кандидира за премиер и остро возврати на нападите на владејачката ХДЗ. „Ќе ја исфрлам ХДЗ од власт, време е да си одат!“, рече меѓу другото Милановиќ. Тој го нарече денешното општо собрание на ХДЗ „бал на вампирите“, а […]

Зетот на Трамп, Џаред Кушнер, планира да гради одморалишта во Албанија


Тирана – Американскиот бизнисмен и инвеститор, Џеред Кушнер, зет на поранешниот американски претседател, Доналд Трамп, кој беше и негов советник додека тој беше во Белата куќа, најави дека планира да инвестира во Албанија во туристичкиот сектор. Во интервју за Блумберг изјавил дека неговите инвестициски планови вклучуваат туристички одморалишта во Сазан и Зврнец. За реализација на овие […]

Украдени 43.000 ордени од СФР Југославија, меѓу кои има ретки и скапоцени примероци


Белград – Српската полиција трага по Слободан Хомен, поранешен државен секретар во Министерството за правда, поради сомнение дека организирал кражба на 43.000 скапи државни одликувања, поголемиот дел од поранешна СФР Југославија, што се случило во 2011 година, јави дописникот на МИА од Белград. Уапсени се осум лица, од кои две жени, а се трага по уште […]

Нов земјотрес во Црна Гора, епицентарот во близина на границата со БиХ


Подгорица– Нов земјотрес со интензитет од 3,6 степени според Рихтеровата скала утрово ја погоди Црна Гора. Епицентарот бил на четири километри југозападно од Чараѓе, во општина Никшиќ, на границата со Босна и Херцеговина. Институтот за хидрометеорологија и сеизмологија во Погорица сопшти дека земјотресот е регистриран во 6 часот и 11 минути, во епицентралното подрачја на […]

Балканот и ЕУ – веридба која долго трае


Речиси сигурното отворање на пристапните преговори со Европската унија (ЕУ) предизвика бран на ентузијазам во Босна и Херцеговина, но веќе 30 години ЕУ на Балканот дувала со топол, но и со студен ветер, што доведе до замор и го охрабри влијанието во тоа подрачје, оцени денеска агенцијата Франс прес. „Ја отворивме главната врата за ЕУ […]

Хрватска ќе ги памети овие избори: Весна Пусиќ за потегот на Милановиќ


  Поранешната министерка за надворешни работи на Хрватска, Весна Пусиќ,  за телевизијата Н1 ја коментираше одлуката на нејзиниот поранешен шеф Зоран Милановиќ да оди на парламентарни избори со СДП како кандидат за премиер. Пусиќ рече дека изборите сега станале интересни и возбудливи. „Многу луѓе, без разлика за кого ќе гласаат, решија да излезат на гласање […]

Милановиќ неодамна: Да се ​​кандидирам? Немам партија, листа. Како да го направам тоа?


На општо изненадување претседателот на Хрватска, Зоран Милановиќ денеска објави дека на парламентарните избори оди со својата поранешна партија СДП. Оваа изненадувачка најава дојде само неколку часа откако претседателот на републиката објави дека парламентарните избори ќе се одржат во среда, на 17 април. „Во животот на секој од нас има моменти кога треба да излеземе […]

Блумберг: Компанија на зетот на Трамп ќе гради луксузен комплекс на местото на Генералштабот во Белград


Компанијата на Џаред Кушнер, зет на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, планира местото каде што се наоѓа зградата на Генералштабот во Белград, уништена во бомбардирањето на НАТО, да го претвори во луксузен хотел со деловен простор и повеќе од 1.500 станови, пишува Блумберг, пренесе Бета Таа информација стигна три дена откако лидерот на опозициското движење […]

Шок во Хрватска: Милановиќ како претседател ќе се кандидира за премиер


  Претседателот на Хрватска, Зоран Милановиќ, во петокот попладне објави дека тој ќе биде кандидат на опозициската СДП за премиер на парламентарните избори распишани на 17 април, наместо претседателот на партијата, Пеѓа Грбин. Оваа шокантна одлука предизвика вистински политички земјотрес во Хрватска. „На овие избори нема да бидам кандидат на СДП за премиер, дозволете ми […]

Каселaкис: Договорот од Преспа беше многу добар договор за Грција


Многу добар договор за Грција, го карактеризираше, лидерот на СИРИЗА Стефанос Каселакис, Договорот од Преспа, јави дописничката на МИА од Атина. Во интервју за грчката телевизија „Антена“, Каселакис се осврна периодот кога на власт беше претходниот претседател на СИРИЗА, Алексис Ципрас и во однос на решението со Северна Македонија истакна дека „беше многу добар договор […]

На девојче во училиште ѝ ги залепиле и ѝ ги скубеле веѓите


Врсничко насилство е забележано во училиште во околината на Задар. Две момчиња ѝ ги залепиле, а потоа ѝ ги искубале веѓите на девојче. Од страв таа чувала сѐ во себе, но по неколку дена раскажала што се случило. Веќе некое време трпела навреди и понижувања, ѝ биле кажувани секакви навредливи зборови. Сè до пред некој […]

Повторно се тресе Црна Гора: Тлото не мирува ни ова утро


Како што е наведено на веб-страницата, првиот послаб земјотрес со јачина од 1,9 степени според Рихтеровата скала е регистриран во 01 часот и 34 минути во областа Голија. Најмалку три послаби земјотреси ја погодија Црна Гора во текот на ноќта и рано утринава. Како што е наведено на веб-страницата, првиот послаб земјотрес со јачина од […]

Лидерот на СИРИЗА од денеска во војска


Претседателот на грчката опозициска партија СИРИЗА Стефанос Каселакис од денеска ќе го отслужува воениот рок, но само 20 дена, а останатиот период ќе го откупи, нешто што како опција го овозможува соодветниот грчки закон, јави дописничката на МИА од Атина. Каселакис е распореден во касарна во градот Тива на 90 километри од Атина. Со оглед […]

Хил: Во Србија не преовладува проруското размислување


Американскиот амбасадор во Белград, Кристофер Хил денеска изјави дека не мисли дека во Србија преовладува проруско размислување, гледајќи ја како земја која донела одлука да биде дел од Европската унија. Во интервју за Јуроњуз, Хил рече дека Србија мора јасно да покаже дека воспоставувањето различни односи со земјите е нешто што ќе биде корисно за […]

Едногласно изгласано самораспуштање на хрватскиот Сабор, следуваат избори


По неполни четири години работа, едногласно се самораспушти десеттиот состав на хрватскиот парламент. Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ изјави дека парламентарните избори ќе се одржат на крајот на април или почетокот на мај, но пред европските избори. Одлуката за распуштање на Парламентот е донесена едногласно, со 143 гласа, додека претседателот на Саборот Гордан Јандроковиќ се заблагодари […]

Фото вест: Албанија го слави паганскиот „Летен ден“


Албанија денес го слави национален празник кој потекнува од паганските верувања на илирските предци „Летен ден“. Легендите велат дека летниот ден е прослава за повторното раѓање на природата по завршувањето на зимската сезона и воедно е знак за подмладување на духот на луѓето. Оваа популарна прослава беше традиција на градот Елбасан, познат по посебните културни […]

Ескобар отиде во Дечанскиот манастир


Еден ден откако косовскиот премиер Албин Курти објави дека побарал од Катастарската агенција на Косово да ја спроведе одлуката на Уставниот суд за признавање на сопственоста на земјиштето на Дечанскиот манастир, емисарот на Соединетите Американски Држави за Западен Балкан, Габриел Ескобар замина во посета на манастирот, јави дописникот на МИА од Приштина. На неколку фотографии кои […]

Земјотрес од 5,3 степени по Рихтер ја погоди Црна Гора, се почувствува и во Македонија


Во раните утрински часови, во 4 часот и 6 минути, Црна Гора ја погоди земјотрес со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала, кој беше почувствуван и цела Хрватска и Босна и Херцеговина, но и во Македонија. Сеизмографите на Хрватската сеизмолошка служба забележаа силен земјотрес со јачина од 5,6 степени според Рихтер. Според првите информации, […]