Бугарија: Владата на ГЕРБ не помина во собранието, пак ќе има избори


  Бугарското собрание го отфрли предлогот на ГЕРБ за премиер Росен Желјасков и со тоа не требаше да се гласа за составот на предлог-кабинетот. Розен Желјазков беше поддржан од 98 пратеници, 138 беа против, двајца воздржани. Лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов, иако ја најави владата тој уште од почетокот не сакаше таа да биде поддржана […]

Војската на Србија на вежбата претстави досега непознат дрон камиказа


На воениот полигон „Пасуљанске ливаде“ во Србија во тек е вежбата „Огнен удар 2024“, при што се вежбаат борбени операции со употреба на беспилотни летала за извидување и огнена поддршка, соопшти српското Министерство за одбрана. Во вежбата учествуваат околу 1.500 припадници на Армијата на Србија и повеќе од 300 борбени возила, вклучително и оние кои […]

Најмалку 24 повредени пред ноќен клуб во Сплит – се скршило стаклото од притисок од метежот


Дваесет и четири млади луѓе беа повредени пред популарен ноќен клуб во хрватското јадранско одморалиште Сплит доцна синоќа откако се скрши стаклена фасада на влезот во клубот. Повредените, од кои повеќето биле туристи од Германија и Шведска, чекале пред клубот за да влезат. Тие се здобиле со исеченици од парчиња стакло што се разлетале, јави […]

Возач загина, а 20 туристи се повредени кога автобус удри во бетонски столб на мост во Анталија


Возач на автобус загина, а 20 руски и белоруски туристи се повредени денеска кога автобус удри во бетонски столб на мост во Анталија, Турција.  Несреќата се случила кога автобусот, кој требало да превезе руски и белоруски туристи од хотел во Аланија до аеродромот во Анталија, удрил во бетонски столб на влезот на мостот Манавгат, јави […]

До крајот на 2025 година во Атина ќе сообраќаат 900 нови електрични автобуси


Врз основа на програмата на Министерството за транспорт, во Атина, до крајот на 2025 година ќе сообраќаат вкупно 900 нови автобуси, истакна грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис при неговата посета на гаражата со автобуси од јавниот превоз, јави дописничката на МИА од Атина. Мицотакис посочи дека веќе во Атина и Солун сообраќаат првите 250 електрични автобуси. […]

Турција ја затвори границата со Сирија


Турција го затвори својот главен граничен премин кон североисточна Сирија во вторникот, откако турските војници беа нападнати од Сиријци лути поради насилството врз нивните сонародници во Турција, изјавија локални жители и извор од сириската опозиција. Турската полиција уапси 474 лица вклучени во нападите врз сириската заедница ширум земјата во текот на ноќта, изјави турскиот министер […]

Директорката на албански ИНСАТ ги отфрли обвинувањата за манипулации со пописните резултати


По низата реакции околу резултатите од пописот на населението и домаќинствата што во Албанија беше спроведен во 2023 година, реагираше директорката на Институтот за статистика, ИНСТАТ, Елса Дули, тврдејќи дека пописниот процес бил транспарентен и спроведен со професионализам.  Рече дека презема целосна одговорност за точноста на резултатите бидејќи пописот „произвел точна статистика за населението и […]

Швајцарците го повлекуваат пченкарното брашно од Србија, откриен микотоксин фумонизин во недозволена количина


Швајцарија го повлекува од пазарот жолтото и белото пченкарно брашно со потекло од Србија поради недозволено количество на микотоксинот фумонизим, соопшти европскиот систем за брза тревога и информации за храна РАСФФ. Како што јави дописникот на МИА од Белград, според веб-страницита на РАСФФ дозволената количината на овој микотоксин е 1000 µg/kg – ppb (илјада микрограми […]

Гром усмрти маж во Црна Гора


Силно невреме, со силен дожд и урагански ветрови, го погоди Бар.   Во пристаништето Бар паднаа големи кранови, т.н „мостови“. Според првите, неофицијални податоци на порталот „Бар инфо“, едно лице се здобило со полесни повреди. Од компанијата потврдија дека штетата е огромна и дека подоцна ќе ја објават.           View this […]

Лажна закана за бомба на аеродромот во Приштина, сите летови се реализираат по распоред


Летовите од аеродромот „Адем Јашари“ во Приштина се одвиваат по планираниот редослед откако надлежните служби утврдиле дека заканата за бомба била лажна, соопштено е денеска. „Ја информираме јавноста дека по заканата за бомба, преземени се сите оперативни и истражни дејствија од страна на надлежните органи кои утврдија дека дојавата за поставената бомба е лажна“, се […]

EК одобри 25,5 милиони евра државна помош за реструктуирање на „Бугарските пошти“


Европската комисија го одобри барањето на Бугарија да му додели на јавното претпријатие „Бугарски пошти“ помош од државата за реструктуирање во износ до 25,51 милиони евра (50 милиони лева), јави дописникот на МИА од Брисел.   Се очекуваа оваа помош да му овозможи на претпријатието да обезбеди долгорочна одржливост, притоа минимизирајќи ги влијанијата врз конкурентноста.  […]

Во Белград од синоќа наврнаа над 55 литри дожд, над 250 интервенции на комуналните јавни претпријатија


Белград – Во главниот град на Србија од синоќа до утрово наврнале повеќе од 55 литри дожд на метар квадратен, што е количина вообичаена за еден месец. За справување со последиците од невремето на терен се 1.500 работници на јавните комунални претпријатија, а до вечерва се очекува состојбата да се стабилизира. Според градоначалникот на Белград, Александар […]

Црвеното ниво за безбедноста во Србија ќе биде на сила уште неколку денови


Црвеното ниво на безбедност во Србија ќе продолжи уште некое време и дека сите безбедносни служби во државата работат на откривање на верските екстремистички ќелии. Тоа го изјави денеска српскиот премиер Милош Вучевиќ Во изјава за белградски медиуми тој додаде дека на целата територија на Србија полицијата и БИА (Безбедносно информативна агенција) спроведуваат акција за […]

Бугарскиот претседател во посета на Атина


Бугарскиот претседател Румен Радев денеска е во посета на Атина за да учествува на конференција на Економист, а планирана е и средба со грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, јави дописничката на МИА од Атина. Радев утрово учествуваше на отворањето на „28-та годишна тркалезна маса со грчката Влада“, а во неговиот говор се осврна на војната во […]

За прв пат по 200 години муслиманите не се мнозинство во Албанија


Институтот за статистика на Албанија (ИНСТАТ) ги презентира главните податоци од Пописот на населението и домаќинствата 2023 година во Албанија, каде што може да се види дека постојаното население во земјата е околу 2,4 милиони жители, со намалување за 420 илјади луѓе во споредба со пописот 2011 година, пишува Слободна Босна. На конференцијата организирана во […]

(Фото/видео) Страшен град ја опустоши Словенија, невремето се надви и над Хрватска: „Сѐ е уништено“


Силно невреме ја зафати соседна Словенија нешто пред 14 часот. Град падна во делови од земјата и предизвика големи штети во некои области. „Во Бич ги уништи сите посеви“, објави словенечкиот метеоролошки локалитет Неурје. Невремето се надви и над делови од Хрватска, поради што во Загорје се вклучени градогенератори. Промената на времето најпрвин дојде на […]

Бугарија: ГЕРБ го доби мандатот за влада на чело со Росен Желјасков


  Лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов, се обложи на партиска влада, вклучувајќи клучни политичари од ГЕРБ кои учествуваа во неговите претходни влади, клучни министри од сегашната преодна влада и со премиер Росен Желјасков. Желјасков беше тој што во понеделникот го доби првиот мандат за формирање кабинет од претседателот Румен Радев и на изненадување на многумина […]

Во јуни измерени рекордно високи температури во Грција


Во јуни годинава просечната вредност на максималните дневни температури во Грција била на екстремно високи нивоа споредено со просекот од периодот 2010-2019 година, а минатиот месец бил најтоплиот јуни во последните 14 години, според мрежата од 53 метеоролошки станици на порталот Метео на Националната опсерваторија, јави дописничката на МИА од Атина. Најголеми отстапувањата на просечната […]

Србија: Утре одлука дали ќе биде укинато црвеното безбедносно ниво


Одлуката на српските власти за укинување на црвеното ниво на закана за безбедноста ќе биде донесена утре откако ќе биде анализирана безбедносната состојба. Министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ нагласи дека е решен мотивот за терористичкиот напад што се случи пред два дена, кога пред израелската амбасада во Белград беше ранет офицер на жандармеријата, со […]

Почина големиот албански писател Исмаил Кадаре


Еден од најистакнатите албански писатели со светско реноме и централна личност на албанската култура во втората половина од дваесеттиот век, Исмаил Кадаре, почина денеска во утринските часови, јавуваат албанските медиуми. Кадаре почина од срцев удар на 88-годишна возраст, изјавија за АФП неговиот уредник и болницата во Тирана. Лекарите се обиделе да го оживеат писателот кога […]