Инспектори во Тирана одземале месо што треба да се уништи и го „донирале“ во фабрики за сувомеснати производи


Државна висока контрола на Албанија (КЛШ), по извршената ревизија во Регионалната дирекција на Националната агенцијата за храна, за округот Тирана, открила скандал во работата на инспекторите, кои одземено месо, што треба да се уништи, го „донирале“ во фабрики за сувомеснати производи, јави Ора њуз. -За Националната агенција за храна (АКУ) се тврди дека ја гарантира […]

Во Грција регистриран првиот случај на заразен со вирусот Западен Нил


Атина – Националната организација за јавно здравје на Грција (ЕОДИ), денеска соопшти дека во земјата е дијагностициран првиот случај на заразен со вирусот Западен Нил за 2024 година, а најверојатно инфекцијата е во општина Лариса, регионот што лани беше еден од главните центри на циркулација на вирусот, јави дописничката на МИА од Атина. Од ЕОДИ […]

ЕК чека земјите од Западниот Балкан да и ги достават реформските агенди од Планот за раст


Пред да донесе одлука за исплата на средства во рамки на Планот за раст на Западниот Балкан, Европската комисија очекува сите земји од регионот да и ги достават своите реформски агенди во социо-економската сфера и во областа на основните вредности, изјави портпаролката на Европската комисија за соседска политики, проширување и меѓународни партнерства Ана Писонеро. – […]

Јавниот долг на Србија на крајот на мај изнесуваше 47,6 отсто од БДП


Јавниот долг на Србија на крајот на мај годинава изнесуваше околу 36,35 милијарди евра, што е 47,6 отсто од бруто домашниот производ (БДП), соопшти денеска Министерството за финансии на Србија. Јавниот долг на крајот на април изнесуваше 36,30 милијарди евра или 47,5 отсто од БДП. Јавниот долг на Србија на крајот на 2023 година изнесуваше […]

Анкета: За 65 отсто од Грците земјата оди во погрешна насока, високите цени и понатаму најголем проблем


Над шест од десет Грци, односно 65 отсто сметаат дека земјата оди во погрешна насока, за 46 проценти од анкетираните најголемиот проблем се поскапувањата на цените, а работата на актуелната Влада 66 отсто ја оценуваат негативно, покажуваат резултатите од истражувањето на јавното мислење спроведено од агенцијата „Metron Analysis“ за телевизијата „Мега“, јави дописничката на МИА […]

Се заоструваат правилата за проверка на патниците на аеродромите во Турција


Правилата за проверка на патниците на турските аеродроми се заоструваат. Турскиот Парламент доцна синоќа ги усвои измените на законот за цивилна авијација, со кои се заоструваат процедурите за проверка на патниците на аеродромите, пренесува турски информативен сајт. Новите правила ќе бидат во согласност со Конвенцијата за меѓународно цивилно воздухопловство (Конвенција од Чикаго), која им овозможува […]

Вучиќ за пишувањето на Нова: Се што е напишано е лага, имаме многу фер односи со Русија


Претседателот на Србија, Александар Вучиќ ги отфрли како неточни наводите на весникот Нова во текстот со наслов „Грушко брзо ја напушти Србија, Путин не сакаше да му се јави на Вучиќ“ и порача дека се што е напишано е лага, и да Србија има многу коректни односи со Русија. Се огласи и Министерството за надворешни […]

Грција под вода: Пороите носат сè пред себе


Дожд и силно невреме ја погодија Грција, а последиците од лошото време веќе се манифестираа на северот на Атика и областите на централна Грција и Самотракија. Во голем број случаи веќе имало поплави, додека громови предизвикале пожари, поради што пожарникарите имале полни раце работа. Мрежата на Националната опсерваторија на Атина забележала над 400 удари од […]

Вучиќ тврди дека во следните четири години нема да се дозволи ископување литиум во Србија


Нема да има ископ на литиум уште најмалку четири години и нема да се дозволи никакво ископување додека не се потврди дека нема да има закана за животната средина, изјави денеска српскиот претседател Александар Вучиќ. Тој додаде дека е подготвен за секоја стручна расправа и аргументи за тоа. Одговарајќи на новинарско прашање тој наведе дека […]

Цените на производите во грчките супермаркети намалени за речиси два отсто во споредба со лани


 За 1,92 отсто во просек се намалиле цените на производите во супермаркетите во Грција во јуни годинава споредбено со истиот месец лани, согласно резултатите од истражувањето спроведено од Институтот за истражување на малопродажба на стоки за широка потрошувачка (ИЕЛКА), јави дописничката на МИА од Атина. Најголеми намалувања на цените биле регистрирани кај свежото овошје и […]

Црна Гора произвела 40 отсто од електричната енергија од обновливи извори на енергија


Учеството на обновливите извори на енергија (ОИЕ) во вкупната потрошувачка на финална енергија во Црна Гора беше 40,09 проценти во 2022 година. Во владината информација за постигнатото учество на енергијата од обновливи извори во вкупната потрошувачка на финална енергија во Црна Гора во 2022 година се објаснува дека со цел да се поттикне користењето на […]

Пратеник во Хрватска ќе бара дератификација на Инстанбулската конвенција: Доста ми е од теророт на малцинството над молчаливото мнозинство


Загрепскиот Филозофски факултет започнува со нова студиска програма – Родови студии, која доколку надлежните дадат „зелено светло“ би стартувала во 2025/2026 година. Годишно треба да запишува по 20 студенти, чии три задолжителни предмети ќе бидат феминистичка теорија, родова историја и феминистичка методологија. Универзитетските магистри и магисетрки по родови студии ќе можат да работат во областа […]

Утре се отвора тунелот „Логара“ во Албанија, од Дукати до Паласа за само 7 минути


Ппатот кон југот на Албанија и некои од најпосакуваните туристички области ќе биде пократок,. откако утре ќе биде отворен тунелот „Логара“. Како што најави премиерот Еди Рама уште минатата недела, тунелот „Логара“ се очекува да биде отворен на 5 јули, а тој на социјалните мрежи објави неколку снимки од тунелот по кој поминал додека патувал […]

Радев не сака да оди на самитот на НАТО


На историскиот самит следната недела во Вашингтон, НАТО ќе прослави 75 години од формирањето и лидерите на земјите членки ќе расправаат околу стратегијата како понатаму да ѝ помогнат на Украина да се одбрани од руската агресија. Лидерите на 32 земји членки, вклучувајќи ја и Македонија, ќе присуствуваат на самитот од 9-11 јули.Oтсутен ќе биде само  […]

Вучиќ: На 5.800 метри забележавме албански дронови. Ги извидувале позициите на српската војска


Српскиот претседател Александар Вучиќ вчера се обрати пред медиумите во касарната Бањица 2 во Белград по завршувањето на седницата на проширениот колегиум на началникот на Генералштабот. Тој предупреди дека „буквално од сите правци“ се засилени воздушните извидувачки операции кон Србија. Но, тој изјави дека границата не е помината. Тој рече дека на 5 и 20 […]

Делови на Грција денеска се очекува да бидат зафатени од силно невреме


Обилни врнежи од дожд и невреме придружени со голема фреквенција на молњи и град, се очекуваат во текот на денешниот ден во повеќе области на Грција, а од бројот 112 за итни случаи вчера, во северниот дел на земјата беше испратена предупредувачка порака, јави дописничката на МИА од Атина. – Предупредувачка порака за интензивни временски […]

Мицотакис го исфрли од партијата пратеникот кој му се заканувал на вработен на аеродромот


  Грчкиот обвинител во средата нареди истрага против пратеникот на владејачката партија Нова демократија, Лефтерис Авгенакис, кој беше фатен на камера како напаѓа вработен на аеродромот. Премиерот Кирјакос Мицотакис го упати Авгенакис до етичкиот комитет на Нова демократија, препорачувајќи да биде исклучен од партијата, што и се случи. Авгенакис, во меѓувреме, рече дека нема да […]

Централна банка на Албанија ја намали основната каматна стапка на 3 отсто


Централна банка на Албанија ја олабави монетарната политика, намалувајќи ја основната каматна стапка за 0,25 процентни поени за првпат од март 2022 година, објавија албанските медиуми. -Основната каматна стапка сега изнесува 3 отсто. Позитивните перформанси на економијата и падот на инфлацијата се главните причини за ваквата одлука. Достапните податоци сугерираат дека албанската економија продолжува да […]

Голем пожар беснее во Измир


Анкара–  Голем пожар беснее во Измир, објави телевизијата ТРТ-Хабер. Пожарот избувнал во регионот Борнова во Измир околу 13:30 часот од засега неутврдени причини. Поради пожарот, жителите на два кварта се евакуирани. Затворен е и патот Измир-Маниса. Во гаснењето на пожарот учествуваат шест авиони и девет хеликоптери, како и десетици противпожарни возила. Управникот на Измир, Сулејман […]

Калас ќе се соочи со тешки задачи за решавање на косовското прашање


Талин – Естонската политичарка Каја Калас ќе се соочи со тешки задачи во продолжението на преговорите за решавање на косовското прашање кога наесен ќе го замени Шпанецот Жозеп Борел како висок претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, наведуваат соговорниците од „Јуропиан Вестерн Балкан“ (ЕВБ). Се очекува Калас да ги води разговорите во Брисел […]