Светска банка и додели на Турција 600 милиони долари за борба против поплавите и сушата


Светската банка објави дека нејзиниот Одбор на гувернери одобрил финансирање од 600 милиони долари за поддршка на напорите на Турција да го заштити своето население во борбата против поплавите и сушите кои стануваат се почести и интензивни поради климатските промени. Проектот за справување со управување со поплави и суша во Турција ќе помогне да се […]

Румен Радев му го врачи на ГЕРБ-СДС првиот мандат за формирање влада


Бугарскиот претседател Румен Радев денеска му го врачи мандатот на Росен Желјазков за да состави влада. Според Уставот на Република Бугарија, Радев додели мандат за формирање влада на најголемата пратеничка група – ГЕРБ-СДС. Кандидат за премиер е Желјазков и самиот го претстави предлог-кабинетот во кој ќе има 19 министри. „Ова е голема одговорност и тест“, […]

Мишел ја откажа денешната посета на Подгорица


Брисел – Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел ја откажа најавената посета на Црна Гора, а планираните разговори ќе ги има со претседателот на Црна Гора Јакоб Милатовиќ во Брисел. „Се договоривме да се сретнеме во Брисел во вторник (2 јули). Важно е Црна Гора да остане фокусирана на европскиот пат“, напиша Мишел на платформата […]

Гувернерот на Истанбул ја забрани Парадата на гордоста, го затвори центарот на градот


Истанбул – Гувернерот на Истанбул Давут Ѓул денеска ја забрани овогодинешната Парада на гордоста во Истанбул и го затвори центарот на градот. „Настанот нема да биде одобрен“, соопштија од канцеларијата на гувернерот, без да наведат причина. „Илегалните групи повикаа на неовластен протестен марш“, се додава во соопштението. Областа околу централниот плоштад Таксим е затворена за […]

Активни два големи пожари во близина на Атина, евакуирани жители на населени места


Атина – На две различни локации во источниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина, попладнево се активни два големи пожари во кои интервенираат противпожарни сили од копно и воздух, а од бројот 112 за итни случаи беше испратена порака до жителите на околните населени места да се евакуираат, јави дописничката на МИА од […]

Даниил Видински е новиот бугарски патријарх, започна интронизацијата


Софија – Видинскиот митрополит Даниил денеска е избран за бугарски патријарх и митрополит Софиски од делегатите на Патријаршискиот изборен црковен собор. Со литија, новоизбраниот патријарх ја напушти Синодалната палата и стигна до спомен храмот „Александар Невски“. Насобраните граѓани скандираа „Достоен“ и му аплаудираа. Веднаш по пристигнувањето, започна устоличувањето на новоизбраниот бугарски патријарх и молебенот.  Новиот […]

Вучиќ: Ќе има уште апсења, повеќето ќе ги завршиме до вторник


Белград – Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска изјави дека ќе има уште апсења во Србија, дека сега се проверува поврзаноста на сите лица со напаѓачот на жандармот Милош Јевремовиќ и дека очекува до вторник да се реши најголемиот дел од таа работа, јави дописникот на МИА од Белград. Вучиќ гостувајќи на ТВ Прва нагласи дека се […]

Синагогата во Белград можна мета на нападот, извршени претреси низ Србија


Белград – Српскиот министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ изјави дека и денеска продолжува акцијата низ цела Србија по вчерашниот терористички акт, дека синагогата во Белград била можна прва мета на Жујовиќ, и да е извршен претрес на неколку локации, а две лица се во притвор, јави дописникот на МИА од Белград. -Треба да најдеме […]

Пленковиќ на средбата со Фидан се заложи за хрватскиот капетан кој е во турски затвор


Дубровник – Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ вчера се сретна со турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан и, како што објави на платформата Икс, се заложи за хрватскиот поморец Марко Бекавац кој се наоѓа во турски затвор, велејќи дека Хрватска очекува турските надлежни органи „да постапат праведно во неговиот случај”. Пленковиќ во објавата наведе дека […]

Кој е кој од кандидатите за Патријарх на Бугарската православна црква и дали има фаворит меѓу нив?


На 20 јуни, по 42 круга на последователно гласање, беа избрани тројца митрополити кои денеска ќе се борат за местото патријарх на Бугарската православна црква. Иако бројката изгледа импресивно, всушност изборот беше значително побрз од последниот во 2013 година, кога траеше цели два дена. Сега, еден од тројцата кандидати – Григориј Врачански (намесник-претседател на Синодот) […]

Зоран Милановиќ, како кандидат на Социјалдемократската партија, ќе се бори за втор мандат


Претседателот на хрватската Социјалдемократска партија (СДП), Пеѓа Грбин, денеска соопшти дека актуелниот претседател Зоран Милановиќ ќе биде кандидат на партијата на претседателските избори оваа година. Милановиќ се кандидира за втор мандат на функцијата, пренесува Н1. Грбин истакна дека партијата гласала Милановиќ да биде нејзин кандидат на претседателските избори, иако немало целосна согласност по ова прашање. […]

Србин од Младеновац го нападнал полицаецот пред израелската амбасада во Белград


Според првите неофицијални информации, човекот кој денеска околу 11 часот со самострел застрела жандарм (34) пред Амбасадата на Израел во Белград е државјанин на Србија од Младеновац. Напаѓачот кој пукал во жандармите ја сменил вера и заминал да живее во Нови Пазар Според неофицијални информации, тој ја сменил вера и отишол да живее во Нови […]

Голем пожар на Парнита, во Грција


 Кусо пред 15 часот избувна голем шумски пожар на планината Парнита во северниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина, интервенираат противпожарни сили од копно и воздух, а силниот ветер дополнително го отежнува гаснењето, додека пак, иако пожарот е во планински дел, сепак од бројот 112 за итни случаи беше испратена порака до жителите […]

Припадник на Жандармеријата ранет пред амбасадата на Израел во Белград, напаѓачот е убиен


Српскиот вицепремиер и министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ изјави дека непознато лице, чиј идентитет се утврдува, со самострел застрелал припадник на Жандармеријата кој бил на должност да ја обезбедува израелската амбасада, јави дописникот на МИА од Белград. – Денеска околу 11 часот непознато лице, чиј идентитет се утврдува, пукало со самострел кон припадник на […]

Вучевиќ: Курти би сакал Србија да направи погрешен чекор за да дојде до ескалација


Премиерот на Србија, Милош Вучевиќ изјави денеска дека за Србите на Косово секој ден е „терор“ и дека премиерот на Косово, Албин Курти, би сакал Србија да направи „погрешен чекор“ за да дојде до ескалација, јави дописникот на МИА од Белград. Тој на Радио-телевизија на Србија (РТС) рече дека „Курти продолжува со својата политика“, дека […]

Владата на Косово го забрани ТикТок во јавните институции


 Владата на Косово денеска донесе одлука за забрана на апликацијата „ТикТок“ во јавните институции со цел да се елиминираат кибер ризиците. Заменикот министер за внатрешни работи и јавна управа на Косово, Бардиљ Добра, изјави дека одлуката е превентивна мерка, следејќи ги чекорите на европските земји. „Рековме дека е дозволено користење на ТикТок на лични уреди, […]

Од понеделник сезонски поскапуваат патарините во Хрватска


Од понеделник, 1 јули, поскапуваат патарините во Хрватска, објавија Хрватските автопати. Станува збор за сезонско поскапување кое не се применува во последните четири години. Како што соопштија, во периодот од 1 јули до 30 септември повторно ќе се воведат сезонските цени на патарините за возилата И.А., И. и II. групи возила, додека за тешките возила […]

Гром уби 13-годишно девојче на Халкидики


Трагичен настан се случи денеска на Халкидики, Грција кога 13-годишно девојче го загуби животот откако го удри гром. Трагичниот инцидент се случил околу 16 часот и 30 минути кога девојчето било на плажата Посеиди, на песокот, а според првичните информации полесно е повредена и нејзината мајка. Треба да се напомене дека на подрачјето на Халкидики […]

Мишел на 2 и 3 јули во посета на Црна Гора


Подгорица – Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, на 2 и 3 јули ќе престојува во официјална посета на Црна Гора, на покана на претседателот на државата Јаков Милатовиќ. Како што соопштија од Кабинетот на претседателот, Мишел ќе биде пречекан од Милатовиќ во резиденцијата на Цетиње со највисоки државни и воени почести, по што ќе следи […]

Руски хакери ја презедоа одговорноста за нападот врз хрватските институции


Руската хакерска група NoName057(16) ја презеде одговорноста на социјалната мрежа Телеграм за хакерските напади врз хрватските институции што се случија во средата, пренесе „Јутарњи лист“. На мета на хакери неодамна беа Министерството за финансии, Даночната управа и Загрепската берза, а во четвртокот беше нападнат и Клиничкиот болнички центар Загреб. „Не сме ја посетиле Хрватска веќе некое […]