Се исплати бугарската пропаганда и давањето пасоши во Албанија, за прв пат се попишале повеќе Бугари отколку Македонци


Катастрофа за македонското население во Албанија откако беа објавени резултатите од пописот. Целата пропаганда што ја спроведе Бугарија како и делењето на пасоши резултира за прв пат во историјата на Албанија да има речиси тројно повеќе Бугари отколку Македонци. Според резултатот од пописот 7957 се попишани како Бугари додека само 2281 се попишале како Македонци. […]

Албанија има 2,4 милиона жители, над 400.000 помалку од пописот во 2011 година


 Институтот за статистика ИНСТАТ, денеска објави дека, врз основа на прибраните податоци од спроведениот попис Албанија има  2.402.113 милиони жители.  Исто така произлегува дека во земјата живеат 755.950  домаќинства со просечна големина од 3,2 члена по семејство, кои живеат во 1.082.529 домови. Споредено со  пописот спроведен во 2011 година бројот на популацијата е помал за […]

Пет деца во Србија се затруле со хлор во воден парк?


Во Детската болница во Нови Сад вчера се примени шест деца, а пет од нив се задржани на лекување со поблага клиничка слика. Според српските портали, постои сомнеж за труење со хлор во водениот парк. Децата кои се задржани во болница имаат поблаги симптоми. Nova.rs споменува иритација на очите, кашлица, печење во носот. Едно дете […]

Ужас во Сараево: Пронајдени три тела во запалена куќа, на пожарот му претходеле истрели


Три тела се пронајдени во семејната куќа во Широкача, Сараево. Оваа информација за медиумите ја потврди портпаролката на кантоналното обвинителство на Сараево, Азра Бавчиќ. Пронајдени се три неидентификувани тела, а бидејќи истрагата се уште е во тек, се утврдуваат сите околности на смртта“, рече Бавчиќ. Полицијата доцна синоќа соопшти дека дошло до експлозија во семејниот […]

Вкупно 22 години затвор за четворица косовски Срби за убиството на политичарот Оливер Ивановиќ


Основниот суд во Приштина осуди на вкупно 22 години затвор четворица косовски Срби обвинети за вмешаност во убиството на политичарот Оливер Ивановиќ, што се случи во јануари 2018 година во Северна Митровица, јави дописникот на МИА од Приштина. Судот ги прогласи за виновни Марко Рошиќ, Недељко Спасојевиќ, Драгиша Марковиќ и Жарко Јовановиќ, а Силвана Арсовиќ […]

Грција сака да добие силно портфолио во Европската Комисија


Грција секако ќе се стреми кон силно портфолио, што ќе овозможи уште еднаш да биде забележливо нашето присуство на европско ниво, рече грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис на прес-конференцијата во Брисел по Самитот на Унијата, без притоа да открие кои се ресорите што земјата ќе ги бара за позицијата грчки комесар, објаснувајќи дека распределбата е во […]

Радев нема да ја предводи бугарската делегација на Самитот на НАТО


Претседателот на Бугарија, Румен Радев не го прифати предлогот на Советот на министри да ја предводи бугарската делегација на Самитот на НАТО во Вашингтон, што ќе се одржи од 9 до 11 јули. Како што објави БТА, одлуката на Радев е поради тоа што тој „не прифаќа некои одредби од рамковните позиции усвоени од Советот […]

ФБИ ја бара „крипто кралицата“ Ружа Игнатова, нуди 5 милиони долари. Која е таа?


ФБИ ја бара Ружа Игнатова (43) и нуди награда од 5 милиони долари за нејзиното откривање. Игнатова, позната и како „Крипто кралица“, е родена во Бугарија и е на листата на најбарани на ФБИ од 2022 година за перење пари и измама. Инаку, Игнатова има германско државјанство. Таа е обвинета дека измамила инвеститори од 4 […]

Борисов: Во моментов никој не може да формира влада во Бугарија


Лидерот на ГЕРБ и поранешен бугарски премиер, Бојко Борисов, денеска изјави дека во моментов ниту една партија во земјата не може да формира стабилна влада. Тој изјави дека актуелната ситуација го попречува напредокот на Бугарија за приклучувањето кон еврозоната, цел што тој верува дека може да се постигне доколку има стабилна влада предводена од ГЕРБ, […]

Ќе се интензивираат контролите за цените на билетите за траектите во Грција


 Преку писмо до Комисијата за конкурентност, министерот за поморство на Грција Христос Стилианидис побарал поблиска соработка за справување со појави на драстични и неоправдани зголемувања на цените на траектите во земјата, како и за заштита на потрошувачите, јави дописничката на МИА од Атина. Во оваа насока, портпаролот на грчката Влада Павлос Маринакис на денешниот редовен […]

Регистрирани само 1,5 отсто од тротинетите во Србија – чини колку за автомобил


Од средината на јуни, во Србија, сите електрични тротинети мора да имаат налепница со која се потврдува дека се регистрирани и дека сопственикот го извршил нивниот технички преглед или ги има техничките спецификации. Овој процес често се претвора во макотрпна работа, која возачите на овие две тркала може да ги чини прилично голема сума на […]

Измамник ѝ го понудил на жена од Далмација нејзиниот апартман на Фејсбук. „Полицијата вели дека не може ништо“


Жена која издава апартмани на туристи од Имотски, Хрватска преку Booking и Airbnb во последните три години, ја контактирала гостинка која ѝ рекла дека станот го нашла во група за изнајмување на Фејсбук. За среќа, жената го нашла бројот на мобилниот телефон на сопственикот и се јавила, по што им станало јасно дека се работи […]

Молотов пред домот на претседателката на Врховниот суд на Грција, повреден полицаец


 Бомба молотов била фрлена пред домот на претседателката на Врховниот суд на Грција, при што бил повреден полицаец и пренесен во болница со повреди на лицето и раката, јави дописничката на МИА од Атина. Инцидентот се случил во населба во северниот дел на Атина, кусо еден часот по полноќ, а било запалено патролно возило на […]

Хакерски напад врз Клиничката болница во Загреб, морале се да исклучат


Денес во утринските часови имаше сајбер напад врз системите на КБЦ Загреб, јавија хрватските медиуми. „Од наведената причина, принудени сме да ги исклучиме сите системи за дополнителни проверки, а ќе ги вратиме во производство кога ќе се увериме во нивната исправност. Наведената состојба нема да ги загрози пациентите во КБЦ Загреб“, велат од КБЦ Загреб.

За скандалот на Клиниката за онкологија во Тирана притворени седум лица


Албанските власти денеска обвинија лекари, медицински сестри и административен работник од Клиниката за онкологија во Тирана поради наводите дека лажеле за достапноста на фармацевтски материјали, со што ги загрозувале пациентите. Инспекторите, исто така, извршија рација во аптеките и во компаниите за медицински набавки во главниот град. Обвинителите по истрагата тврдат дека продавале фалсификувани лекови за […]

Хрватска го доби својот прв ресторан со две Мишелин ѕвезди


Новиот водич на Мишелин за Хрватска е излезен. Хрватска од денеска има еден ресторан со две Мишелин ѕвезди и 10 ресторани со една ѕвезда, глобално најзначајниот и најпрепознатлив гастрономски знак. Агли Амичи од Ровињ е првиот ресторан во Хрватска кој има две Мишелин ѕвезди. Дубравкин пут од Загреб ја доби својата прва ѕвезда, а останатите […]

Сијарто: Ќе отвориме нови поглавја од преговорите со Србија


За време на претседавањето со ЕУ, кое започнува на 1 јули, Унгарија ќе отвори нови поглавја во пристапните преговори со Србија и ќе одржи меѓувладини преговори со сите пет кандидати за членство од Западен Балкан, изјави во средата во Париз шефот на унгарската дипломатија Петер Сијарто. Зборувајќи на конференцијата на Организацијата за економска соработка и […]

Во Србија во 2022 година речиси половина од смртните случаи биле поради кардиоваскуларни заболувања


Српскиот министер за здравство, Златибор Лончар денеска изјави дека во 2022 година 47 отсто од вкупниот број починати таа година живото го загубиле поради кардиоваскуларни заболувања. Втора најчеста причина за смрт била – малигнен тумор, пренесе Бета. Во изјава за РТС тој рече дека загрижува тоа што речиси две третини од починатите во 2022 година […]

Почнува судењето за убиството на грчкиот новинар Јоргос Карајваз во 2021 година


Три години по убиството на грчкиот новинар Јоргос Карајваз кој беше застрелан пред неговиот дом и една година откако беа уапсени две лица, денеска во мешовитиот поротен суд во Атина започнува судскиот процес, јави дописничката на МИА од Атина. На крајот на април минатата година, грчката полиција уапси две лица, двајца браќа, кои сега се […]

ХРТ: Хрватска го враќа задолжителниот воен рок. Се е подготвено


Шеснаесет години по укинувањето, Хрватска го враќа задолжителниот воен рок. Воениот воен рок за сите млади мажи над 18 години треба да стапи на сила од првиот ден од следната година. Министерот за одбрана вели дека се е подготвено за воведување воен рок, а политичката процедура се уште се чека, јави ХРТ. Деталите се уште […]