По 9 месеци пауза – Нова рунда од дијалогот Белград – Приштина на високо ниво ќе се одржи во Брисел


Нова рунда од дијалогот на високо ниво меѓу Белград и Приштина, во која ќе учествуваат претседателот на Србија, Александар Вучиќ и премиерот на Косово Албин Куртиќе се одржи денеска во Брисел. Домаќин на средбата ќе биде високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Жозеп Борел, а во дијалогот ќе учествува и специјалниот […]

Сопственикот на стрелиштето призна дека лажел за Кецмановиќ


Вишото јавно обвинителство во Белград склучи спогодба за признавање на вината со обвинетиот претседател и одговорно лице на спортскиот клуб „Партизан практично стрелање“. Тој призна дека во јули 2023 година лажно сведочел на распитот во Обвинителството. Тој е осуден на домашен притвор. Обвинетиот Р.И доброволно го повлекол лажниот исказ пред Вишиот суд во Белград, што […]

Албанија: Потврдена пресудата за Фреди Белери, со тоа го губи градоначалничкиот мандат


Албанскиот специјален апелациски суд денеска ја потврди двегодишната затворска казна на избран градоначалник од грчкото малцинство во земјата, што се очекува дополнително да ги влоши тензиите со соседна Грција. Судот одби да ја поништи пресудата на судечкиот суд во март против Фреди Белери (51), кој беше затворен поради обвинение за купување гласови на минатогодишните општински […]

Скандал на клиниката за онкологија во Тирана, лекари ги упатувале пациентите во приватни болници и на тоа заработувале


Скандал ја тресе клиниката за онкологија при универзитетската болница „Мајка Тереза“ во Тирана, јавија медиумите. – Обвинителството на Тирана го потврди скандалот за кој подолго се жалеа пациенти, во кој се вклучени лекари по општа медицина и специјалисти во клиниката за онкологија во Универзитетскиот болнички центар „Мајка Тереза“ во Тирана, наведуваат медиумите. Според Обвинителството, осомничените […]

Дачиќ: Фронтекс ќе бидe распореден на границата на Србија и со трети земји


Министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ потпиша со комесарката на ЕУ за внатрешни работи и миграција Илва Јохансон Договор меѓу Србија и ЕУ за оперативни активности што ги спроведува Европската агенција за гранична и крајбрежна стража (Фронтекс) во Србија, со кој Фронтекс ќе биде распореден на националните граници на Србија и со трети земји, со […]

ПроГлас: Се спротивставуваме на проектот Јадар и ископувањето на литиум во Србија


По вчерашната најава на српскиот претседател Александар Вучиќ дека ќе отвори дијалог за ископување на литиумот, каде ќе доминираат аргументите наведувајќи дека сака одлуката за тој проект да ја донесат граѓаните на Србија, се огласи Иницијативата ПроГлас која е против реализација на проектот Јадар за литиумот додека во Србија не се воспостават услови за вистински […]

Се преврте рингишпил во БиХ, повредени се четири деца


Во паркот на народни херои во Добој, БиХ, синоќа околу 20 часот се превртела вртелешка, а четири деца се повредени, јавуваат босанските медиуми.  Зум ТВ Добој јавува дека четири деца се повредени и дека родителите ги однеле на раце во блискиот Здравствен дом. Едно дете е пренесено со брза помош. Екипите на итната помош пристигнале […]

Трамп назад во Белата куќа – крилја на „реваншистичката“ политика на Србија


Берлин – Враќањето на Доналд Трамп во Белата куќа би и дало крилја на „реваншистичката“ политика на Србија, пишува Ноје цирхер цајтунг. Тоа би значело обид за поместување на границите на Балканот и можеби нова војна, оценува весникот, пренесоа белградски медиуми.  „Што ако победи Доналд Трамп? А веќе во поднасловот швајцарскиот весник го нуди овој […]

„Браселс Тајмс“: Сагата за српскиот литиум е знак дека Белград не се откажал од патот кон ЕУ


Планот на Србија за отворање рудник за литиум претставува повеќе од енергетска транзиција бидејќи може да и помогне на земјата да се приближи до членството во ЕУ, пишува „Браселс Тајмс“. Србија сака да биде еден од најголемите добавувачи на литиум во Европа и го оживува „контроверзниот рударски проект што беше одложен“ за да ги оствари […]

Албанија: Бескаматни станбени кредити за вработени во повеќе сектори


Албанската влада одлучи да обезбеди бескаматни станбени кредити за вработени во повеќе министерства, со цел да им го олесни решавањето на станбеното прашање. Прв информацијата на социјалните мрежи ја објави министерот за одбрана Нико Пелеши наведувајќи дека од неговото министерство „станбени кредити со камата од 0% ќе имаат 90 припадници на армијата“. „Ова е важна […]

Актерот Феѓа Штукан е „безбедносна закана“ за Србија, ќе биде депортиран во БиХ


Актерот Феѓа Штукан од Босна и Херцеговина денеска ќе биде депортиран во Сараево, откако вчера беше приведен на белградскиот аеродром „Никола Тесла“, а полицијата му врачила решение дека претставува безбедносна закана за Србија, потврди неговиот адвокат за Хина. Штукан во неделата вечерта требаше да биде гостин на регионалниот фестивал „Крокодил“, но беше приведен на аеродромот […]

Шефовите на дипломатиите од Западен Балкан на заседание на ФАК во Луксембург


Шефовите на дипломатиите на земјите од Западниот Балкан денеска во Луксембург ќе учествуваат на заседанието на Советот за надворешни работи на ЕУ (ФАК), во делот на кој ќе се разговара за состојбата во регионот, јави дописникот на МИА од Брисел. Како што соопшти белгиското претседателство со ЕУ, во делот од состанок на ГАК посветен на […]

Почнувањето преговори за членство на Украина во ЕУ го отвора прашањето за дискриминација на Западен Балкан


Лидерите на Европската унија во вторник треба да го одобрат започнувањето на преговорите за членство на Украина и Молдавија, што неминовно го поставува прашањето што да се направи за земјите од Западен Балкан, кои се сопнуваат на патот кон Унијата со години и се чувствуваат дискриминирани во однос на Киев и Кишињев, објавуваат медиуми во […]

13 лица уапсени за шумскиот пожар предизвикан од огномет во Грција


Грчките власти вчера уапсиле 13 лица откако огномет лансиран од јахта предизвика шумски пожар на остров во близина на Атина, пишува Гардијан. Градоначалникот на островот Хидра изрази „огорченост“ и вети правна постапка против одговорните. „Последниот пожар е предизвикан од огномет лансиран од брод и ја изгоре единствената борова шума на островот на место кое е тешко […]

„Фајненшл Тајмс“: Србија индиректно извезла муниција во Украина за 800 милиони евра


Белград – „Фајненшл тајмс“ објави проценки дека Србија индиректно, преку други земји, извезла муниција во Украина во вредност од 800 милиони евра од почетокот на руската инвазија на Киев, јави дописникот на МИА од Белград. Проценките споделени со „Фајненшл тајмс“, за кои пишува британскиот весник во написот под наслов „Србија гледа низ прсти тоа што […]

Европската мрежа на оператори истражува како дошло до прекин на струја во регионот


Европската мрежа на оператори на преносни системи ЕНТСО-Е го истражува инцидентот што се случи деновиве во дел од системот за снабдување со електрична енергија во Југоисточна Европа, објавено е на страницата „ENTSO-E“. Во соопштението се наведува дека инцидентот се случил во Албанија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и делумно во Хрватска. „Загрозените оператори на мрежни […]

Грците лути поради огномет од јахта што запали шума: „Имаат повеќе пари отколку мозок“


Огномет испукан од јахта во Грција во петокот предизвикал шумски пожар на островот Хидра, соопштија локалните пожарникарски власти. Пожарот ја изгоре единствената борова шума на туристичкиот остров јужно од Атина. Пожарот едвај бил ставен под контрола. Бидејќи нема патишта до плажата, пожарникарите морале да и пријдат по море, додека хеликоптери испуштале вода од воздух, пишува […]

Силен град во БиХ, парчиња мраз со големина на тениски топчиња паднаа во Добој


Обилен дожд и силен град денеска околу 17 часот го зафатија Добој во Босна и Херцеговина. Фотографиите и видеата објавени на социјалните мрежи покажуваат дека големи парчиња мраз паднале врз градот. Жителите велат дека во некои делови биле со големина на тениски топчиња. На една од фотографиите кои ги објави BHMeteo се гледаат парчиња мраз […]

Брнабиќ: Ненормално би било Србија да се откаже од ископувањето литиум


Претседателката на српскиот Парламент, Ана Брнабиќ, денеска во Белград изјави дека би било „ненормално“ доколку Србија се откаже од ископувањето на литиум и дека земјата има строги и високи стандарди за заштита на животната средина. По посетата на театарот „Бошко Буха“, кој се реконструира, Брнабиќ за новинарите изјави дека ископувањето литиум е добро за Србија […]

ЕУ откри измама со ИПАРД фондовите во Албанија, ќе блокира 112 милиони евра од ИПАРД 3


Средства во износ од 33 милиони евра обезбедени од Европската унија како помош за албанското земјоделство биле злоупотребени.  – Бројката ја откри Канцеларијата за борба против измами на Европската унија, ОЛАФ, која исто така препорача блокирање на следниот пакет од 112 милиони евра додека не се преземат мерки за гарантирање на заштитата на финансиските интереси […]