„Хјуман рајтс воч“ го осуди приведувањето на градоначалникот на Истанбул


Анкара – Директорката на „Хјуман рајтс воч“ за Турција, Ема Синклер-Веб, го осуди приведувањето на градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу, како и на повеќе високи претставници на опозициската Републиканска народна партија (ЦХП), оценувајќи го како „очигледна злоупотреба на судскиот систем“. Според Синклер-Веб, овие апсења се дел од „моделот на политички мотивирани истраги“ со кои властите […]

Бугарија ризикува да загуби 2,5 милијарди евра од Климатскиот фонд на ЕУ


Брисел – Бугарија би можела да загуби 2,5 милијарди евра во форма на грантови од Социјалниот климатски фонд на ЕУ, затоа што доцни со подготовката на својот Национален план за социјална клима, предупредуваат еколошки невладини организации.  – Постои загриженост дека Бугарија нема да може навреме да го поднесе својот План за социјална клима до Европската комисија, […]

Ивица Дачиќ потврди дека полицијата има звучен топ, но го чувале во магацин


  Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, за „Данас“ потврди дека полицијата поседува звучно оружје, или колоквијално наречено „звучен топ “, т.е. дека овие системи кои се купени во 2021 година се во сопственост на МВР. „Овие системи се во нашите магацини во кутии. Тие се во сопственост на Министерството за внатрешни работи, […]

Штрајк на училиштата низ Хрватска


Загреб – Започна еднодневен штрајк на училиштата низ Хрватска во организација на Училишниот синдикат „Препород“, Самостојниот синдикат на средношколците на Хрватска (НСЗСШХ) и Самостојниот синдикат на науката и високото образование. Тие изнесоа пет барања, три за подобрување на нивната материјална состојба и две за нематеријални барања. Владата вчера донесе Одлука за намалување на платите и додатоците […]

Српскиот парламент ја констатираше оставката на премиерот Милош Вучевиќ


Српскиот парламент денеска на седница ја констатираше оставката на премиерот Милош Вучевиќ, поднесена од него во крајот на јануари. Вучевиќ поднесе неотповиклива оставка на 28 јануари, по напад врз студентите во блокада во Нови Сад. Со констатирање на оставка на премиерот, владата станува техничка, а почнува рок од 30 дена за избор на нова влада. […]

Градоначалникот на Истанбул по поништувањето на дипломата и притворот: „Неправдата ќе остане запишана во историјата“


Градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу, кому му е одреден притвор поради истрага за корупција, се огласи додека десетици припадници на специјалната полиција беа распоредени пред неговиот дом. „Со жалење морам да кажам дека мала група луѓе, кои се обидуваат да ја украдат волјата на народот, ја злоупотребуваат полицијата и безбедносните сили за ова незаконско дејствие. […]

Турција по првпат ќе командува со десантните сили на НАТО


Од 1 јули 2025 до 30 јуни 2026 година, Турција по првпат ќе ја преземе командата со десантните сили во рамките на Сојузничките сили за брза реакција на НАТО (ARF), како дел од своите обврски во Алијансата, соопшти турското Министерство за одбрана. Десантните сили на НАТО и нивниот турски еквивалент ќе учествуваат заедно во воената […]

Вучиќ: Ако бил употребен звучен топ, јас повеќе не сум претседател


Српскиот претседател Александар Вучиќ повтори дека неговата земја е изложена на „месеци на терор“ и ги нарече разговорите меѓу лидерите на САД и Русија голем чекор кон мирот, пренесува Анадолија. По разговорот меѓу Владимир Путин и Доналд Трамп за Украина, српскиот претседател изјави дека мисли дека „ние сме далеку од мир“, иако најавата за прекин […]

Приведен градоначалникот на Истанбул


Градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу, утринава е приведен, јави телевизијата Си-Ен-Ен Турк. Претходно денеска, медиумите објавија дека е издадена наредба за негово приведување. Имамоглу, кој е од редовите на опозициската Народнорепубликанска партија (НРП), е мета на полициска истрага поврзана со сомневања за корупција и поврзаност со терористички организации. Полициски екипи го претресуваат неговиот дом, а […]

Рекорди: Бугарија ќе гради автопат од 60 километри за 1,5 милијарди евра


  Бугарската Агенцијата за патна инфраструктура (АПИ) ја објави јавната набавка за последната делница од автопатот Русе – Велико Трново. Парите што треба да се потрошат се неверојатни, јавноста е во чудо. Агенцијата проценува дека делот од 60 километри од Бјала до стариот бугарски главен град е речиси 3 милијарди лева без ДДВ. Тоа значи […]

Новата коалиција во Германија преговара за миграциската политика, на удар и работниците од Балканот


Германските демохристијани и социјалдемократите преговараат за формирање нова влада, а една од клучните одредби на потенцијалниот коалициски договор во делот поврзан со миграцијата е намалување на бројот на работници во Германија од Западен Балкан. Имено, со сегашните одредби, кои беа воведени во 2016 година, беше дозволено легално доаѓање на нискоквалификувани работници од БиХ, Србија, Албанија, […]

(Видео) „Тројанскиот коњ“ во Пионерскиот парк во Белград. Студентите донесоа правилна одлука


  Некои луѓе во Белград и Србија не беа среќни што студентите го нагло го завршија протестот на 15 март и ги повикаа луѓето да се засолнат на безбедно, Но видеото од Пионерскиот парк кое се шири на социјалните мрежи потврдува дека тоа била најдобрата одлука, пишува „Нова.рс“ На сите им беше јасно дека во […]

(Видео) Погледнете што остана зад „студентите на Вучиќ“ ткн. ќаци во центарот на Белград


Шаторската населба што „студентите„ на Вучиќ ја поставија во Пионерскиот парк во центарот на Белград, веднаш до зградата на Претседателството каде што престојува српскиот претседател Александар Вучиќ, од вчера е целосно напуштена. Вчера последниот од „ќаците“, како што јавноста колоквијално ги нарекува „студентите“ на Вучиќ кои освен во ретки случаи немаат врска со студенти, го […]

Српскиот Парламент почна седница со едноминутно молчење за загинатите во Кочани


Собранието на Србија денеска ја продолжи првата редовна пролетна седница, а седницата започна со едноминутно молчење за загинатите во пожарот во дискотека во Кочани, јави МИА од Белград. На крајот на седницата треба да биде објавена оставката на премиерот Милош Вучевиќ, но не се знае дали тоа ќе се случи денеска. Седницата почна на 4 […]

Вучиќ ги посети повредените од пожарот со 10 камери и куп новинари, Македонците бесни


Српскиот претседател Александар Вучиќ вчера со 10 телевизиски камери и толпа новинари ги посети повредените во пожарот во клубот во Македонија кои беа префрлени на лекување во Србија. „Трагедијата во Кочани за нас е како да е на кое било друго место во нашата земја. Верувам дека ќе можеме да им помогнеме на овие луѓе […]

Српскиот Парламент денеска или утре треба да ја констатира оставката на премиерот Вучевиќ


Пратениците во српското Собрание денеска ќе ја продолжат расправата за останатите точки од дневниот ред на првата пролетна седница, по што се очекува да биде констатирана оставката што премиерот Милош Вучевиќ што ја поднесе на крајот на јануари поради инцидентите во Нови Сад, јави МИА од Белград. Неизвесно е дали оставката ќе биде констатирана до […]

Полицијата употребила сила против студентите во Нови Сад кои синоќа го блокираа Градското собрание


Припадници на српската полиција се групираат од утрово пред и во Градското собрание на Нови Сад откако студенти од Нови Сад во текот на ноќта се обидоа да ги блокираа сите влезови.  Претпладнево е закажана седница на одборниците во Градското собрание на која треба да гласаат за буџетот, за деловната програма на сите јавни претпријатија […]

Во Бугарија денеска е Ден на национална жалост во спомен на жртвите во Кочани


Министерскиот совет на Бугарија го прогласи 18 март за Ден на национална жалост во спомен на жртвите кои загинаа во трагични околности во градот Кочани, Република Северна Македонија, соопшти владината прес-служба. Бугарската Влада изрази сочувство до семејствата на загинатите. Во нивен спомен денеска на половина копје ќе бидат спуштени националните знамиња на државните институции, јави […]

Во Србија е Ден на жалост за загинатите во пожарот во Кочани


Во Србија денеска е Ден на жалост поради трагедијата во Кочани , јави дописникот на МИА од Белград. Одлуката ја донесе српската Влада во неделата.  Во големиот пожар во дискотека во Кочани загинаа најмалку 59 лица, а 155 се повредени.  Знамињата во Србија се на половина копје на државните институции и установи. Медиумите и културните […]

Експерти за аудио форензика ја анализираа бучавата на местото на „звучниот удар“ во Белград – еве што открија


  Во четири снимки од местото на „звучниот удар“ на 15 март во Белград за време на студентскиот протест, експертите на Earshot ја идентификуваа бучавата произведена од пиштолот со Vortex Ring Gun или Vortex Cannon. Експертите анализирале 12 видео документи, од кои дел дошле преку организацијата „Црта“, т.е. благодарение на граѓаните кои ги споделија своите […]