Владата на Федерацијата БиХ прогласи 18 март да биде Ден на жалост поради трагедијата во Северна Македонија


Владата на Федерацијата на Босна и Херцеговина донесе одлука утрешниот ден, 18 март 2025 година, да се прогласи за Ден на жалост во Федерацијата Босна и Херцеговина поради трагедијата во Северна Македонија. Најмалку 59 млади лица загинаа, а 155 македонски и странски државјани беа повредени во голем пожар во преполниот ноќен клуб во Кочани, во […]

Централна и меѓународна потерница по Додик


Бања Лука – Судот на Босна и Херцеговина денеска издаде централна потерница по претседателот на Република Српска, Милорад Додик, претседателот на Националното собрание на РС, Ненад Стевандиќ, и премиерот на ентитетот Радован Вишковиќ. Издавањето на централната потерница го направи Граничната полиција на БиХ по налог на Судот, откако Додик, Стевенадиќ и Вишковиќ не се јавија […]

Во болниците во Солун се хоспитализирани петмина повредени со изгореници


Атина – Секако ѝ стоиме на располагање на соседната земја. Повторно да ја изразам нашата болка, нашето сочувство до семејствата на загинатите и желби за брзо закрепнување на многумината повредени, посочи портпаролот на грчката Влада Павлос Маринакис на денешниот редовен брифинг со новинарите, одговарајќи на прашањето на дописничката на МИА од Атина во однос на помошта […]

Во Ургентниот центар во Белград префрлени 9 пациенти од пожарот во Кочани, еден е во исклучително тешка состојба


Белград – Во Ургентниот центар во Белград ноќеска се примени 9 повредени лица од пожарот во дискотека во Кочани, од кои едно е со исклучително тешки повреди опасни по живот, јави МИА од Белград.  – Седуммина беа под третман во операциските сали. Повредените кои се префлени во УЦ имаат изгореници од два до 28 отсто […]

Пленковиќ: Четворица повредени од Северна Македонија за два дена ќе бидат префрлени во Хрватска


Загреб – Четворица повредени во пожарот во ноќниот клуб во Северна Македонија за два дена ќе пристигнат во Хрватска со хеликоптери на хрватската армија, изјави денеска премиерот Андреј Пленковиќ и уште еднаш изрази сочувство до семејствата на загинатите и на преживеаните им посака брзо закрепнување. „Ќе дојдат, ми се чини, за два дена. Утре хеликоптерите на […]

Нов случај на трговија со луѓе во БиХ, шест деца без родителска грижа пронајдени во Сански Мост


Сараево – Две лица се уапсени во Сански Мост, град во северозападна Босна, под сомнение за трговија со луѓе, а нивното апсење уследи по откривањето на четири деца без родителска грижа во куќа, потврди денеска Обвинителството на Унско-Санската жупанија. Децата, на возраст од една до шест години, биле пронајдени вчера, а медиумите објавија дека две […]

Рекордно високи температури викендот во повеќе делови на Турција, од задутре снег и температури под нулата


Рекордно високи температури се измерени вчера во многу делови на Турција. Во вкупно 49 окрузи температурата изнесуваше над 25 степени Целзиусови, соопшти турската Метеоролошка агенција. Во исто време, температурите од денеска почнуваат да се намалуваат, а задутре се враќа зимата во земјата и се очекуваат снежни врнежи и температури под нулата во повеќе делови од […]

Вучиќ: Ако до 18 април не се формира Влада, избори на 8 јуни


Српскиот парламент во вторник или среда треба да ја констатира оставката на Милош Вучевиќ и ќе започне рокот од 30 дена за формирање нова влада. Доколку не се формира Влада, ќе се одржат нови избори, кои најверојатно ќе бидат на 8 јуни, изјави на седницата на Владата, претседателот на Србија, Александар Вучиќ. Во однос на […]

Лекарите во Загреб му пресадиле пет органи на маж (32)


Во клиничката болница „Меркур“ во Загреб, Хрватска извршена е ретка и исклучително сложена операција. Пациентот добил пет нови органи – желудник, црн дроб, панкреас, тенко и дебело црево. Ова е втора ваква процедура во болницата, а лекарскиот тим во неделата ја заврши операцијата во утринските часови, јавува Дневник.хр. Повикот дека е пронајден соодветниот донатор дојде […]

„Одеднаш слушам звук. Наредните 30 минути имав вртоглавица“: Новинарката на „Велт“ го опиша моментот на „нападот“ на протестот во Белград


  Ден по најголемиот студентски и граѓански собир во Белград, на кој присуствуваа стотици илјади луѓе, продолжуваат да се појавуваат извештаи за големaта вознемиреност во центарот на градот, по она што граѓаните (и експертите) го опишаа како звучен топ. Татјана Ом, новинарка на германски „Велт“ која вчера беше во Белград, на мрежата Икс проговори за […]

На кулата Белград им се оддава почит на жртвите во пожарот во Кочани


На Кулата Белград во српскиот главен град вечерва им е оддадена почит на жртвите од пожарот во дискотека во Кочани, јави МИА од Белград. На зградата е испишана пораката „Србија стои со Македонија“. На фасадата електронски се менува знамето со црна позадина, по што се појавува фотографија од запалена свеќа. Кулата Белград е облакодер од […]

Студенти во блокада: Го искористија последниот кец во ракавот, нам ни останаа уште три шпила


  Студентите на Факултетот за организациски науки (ФОН) во блокадата соопштија дека властите вчера го искористиле последниот кец во ракавот, а на студентите им останале уште најмалку три шила. Откако вчерашниот протест организиран од студентите беше прекинат со инцидент, кога во 15-минутниот молк се слушна звук кој предизвика страв кај насобраните, а за кој се […]

Утре е ден на жалост во Црна Гора поради трагедијата во Кочани


 По повод трагедијата во Северна Македонија, во која загинаа 59 лица, а над 150 се повредени, понеделник, 17 март, во Црна Гора е прогласен за Ден на жалост. „Со голема тага ја примивме веста за трагичниот настан во Кочани, Северна Македонија. Владата на Црна Гора е подготвена да застане покрај пријателскиот народ на Северна Македонија […]

Што е звучен топ, што бил употребен на протестот во Белград?


  Звукот што одекна синоќа за време на 15-минутниот молк за време на протестот во Белград, предизвикувајќи паника кај насобраните, е звучно оружје или „звучен топ“ во сопственост на безбедносниот систем на Србија, изјави за Н1 Александар Радиќ, воен аналитичар. Од МВР подоцна соопштија дека не употребиле звучен топ бидејќи тоа е забрането. Што е […]

Српската Влада го прогласи вторник за Ден на жалост за жртвите од пожарот во Кочани


Владата на Србија на утрешната седница, на предлог на претседателот Александар Вучиќ, ќе го прогласи вторник, 18 март 2025 година за Ден на жалост во Србија поради пожарот во Северна Македонија во кој загинаа најмалку 51 лице, а повеќе од 100 беа повредени. „(Премиерот) Милош Вучевиќ и претседателот (на Србија) Александар Вучиќ утрово разговараа за […]

Мицотакис за трагедијата во Кочани: Грција е подготвена да помогне во ова тешко време


 Сочувство за загубените животи и подготвеноста на Грција да помогне по трагедијата во Кочани, изрази грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис преку платформата Икс, јави дописничката на МИА од Атина. – Искрено сочувство до народот на Северна Македонија за загубените животи во трагичниот пожар во Кочани. Моите мисли се со жртвите и нивните семејства, а на повредените […]

Вучиќ изрази сочувство – спремен да помогне по пожарот во Кочани


Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изрази длабоко сочувство за трагедијата во дискотеката во Кочани, каде загинаа најмалку 51 лице, а изрази и подготвеност да помогне. „Со голема тага ја примив веста за страшната трагедија што ја снајде Северна Македонија. Изразувам длабоко сочувство до семејствата на загинатите во пожарот во дискотеката во Кочани, како и солидарност […]

Архивот на јавни собири процени дека на протестот во Белград имало меѓу 275.000 и 325.000 луѓе


  Архивот на јавни собири, организација која брои учесници на јавните собири, даде проценка за бројот на луѓе на големиот протест во Белград „15. за 15″. Врз основа на теренско истражување и анализа на снимки од протестот Архивот на јавни собири проценува дека на овој собир присуствувале од 275.000 до 325.000 луѓе, со можност бројката […]

На протестот во Белград биле повредени 56 лица


На протестот одржан во центарот на Белград биле повредени вкупно 56 лица, но никој не претрпел повреди опасни по живот, соопшти српскиот претседател Александар Вучиќ. Тој кажа и дека 44 лица побарале лекарска помош во Ургентниот центар, 11 во Клиничката болница Ѕвездара и едно лице во Земун, но дека нема потешко повредени. Покрај тоа, 22 лица […]