Почина момче, 16. жртва од настрешницата во Нови Сад


  В.Ц. (18), младич повреден при уривањето на настрешница во Нови Сад на 1 ноември минатата година, починал на Воено медицинската академија (ВМА), соопштија од здравствената установа. Со тоа бројот на жртвите во трагедијата се искачи на 16. „Пациентот В.Ц. (роден 2006 година), кој беше тешко повреден при уривање на настрешница во Нови Сад и […]

Бугарија казнета со 1,59 милиони евра за доцнење во усогласувањето со Директивата на ЕУ за еколошки возила


Брисел – Судот на правдата на Европската Унија ја казни Бугарија со 1,59 милиони евра поради доцнење од 885 дена во усогласувањето со Директивата на ЕУ за чисти и енергетски ефикасни возила во патен транспорт.  Властите во Софија пред Судот тврдеа дека навременото усогласување со Директивата 2019/1161 било „објективно невозможно“, поради политичката нестабилност предизвикана од […]

Комеморативно-културна манифестација во Шибеник во чест на жртвите од пожарот во Кочани


Комеморативно-културна манифестација во чест на жртвите од пожарот во Кочани ќе се одржи вечерва во Шибеник, во организација на Хрватско-македонска тангента. По повод Светскиот ден на поезијата 21 март, Хрватско-македонската тангента организира специјална вечер посветена на моќта на зборовите и споменот на оние кои повеќе не се меѓу нас. -Годинава со писма и поетски интерпретации […]

Вучиќ најави протести против студентските протести: „Народот веќе не се плаши“


 Српскиот претседател Александар Вучиќ синоќа најави дека наскоро ќе следи „повик до луѓето ширум Србија да се борат за својата земја“, како што рече, со мирни и демократски средства, а не со насилство, јавува Анадолија. „Отпорот, бунтот и незадоволството на народот од теророт на кој беа изложени луѓето во последните четири месеци расте и наскоро […]

По речиси 22-часовна седница пратениците на второ читање го усвоија државниот буџет на Бугарија за 2025


Пратениците на второ читање го усвоија државниот буџет на Бугарија за 2025 година по пленарна седница која траеше речиси 22 часа, јави БТА. Во буџетот за оваа година не е предвидено зголемување на даноците, а буџетскиот дефицит е утврден на три отсто од БДП. Пратениците гласаа утврдување на вкупната годишна квота за обезбедување ваучери за […]

Турција: Од петок масовни демонстрации во 14 градови 


Турската Републиканска народна партија (РНП) објави дека ќе одржи масовни демонстрации во 14 градови и 21 провинција почнувајќи од петок во 20:30 часот, како одговор на приведувањето на градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу. Во соопштението за печатот, РНП рече дека нагласува дека сите собири имаат за цел да ја заштитат волјата на народот и да […]

„Њујорк тајмс“ открива зошто Доналд Трамп Јуниор беше во Белград на средба со Вучиќ


  Протестите против српскиот претседател Александар Вучиќ стануваа поинтензивни и поголеми кога овој месец во главниот град пристигна необичен гостин за да се сретне со европски лидер кој се соочува со предизвици: Доналд Трамп Јуниор, најстариот син на претседателот Трамп, пишува „Њујорк тајмс“. Ова се главните точки од опсежната анализа на „Њујорк тајмс“ за мотивите […]

32 европратеници бараат Фон дер Лајен да не се сретне со Вучиќ идната недела


  Триесет и двајца европратеници ја повикаа Урсула фон дер Лајен да ја преиспита нејзината претстојна средба со српскиот претседател Александар Вучиќ со оглед на влошената политичка криза во Србија. Во писмото испратено денеска, тие ја обвинуваат ЕУ дека го игнорира демократското назадување на Србија. Во писмото на европратениците се наведува дека тие пишуваат за […]

ЕУ за апсењето на Имамоглу: Очекуваме Турција да ги применува највисоките демократски стандарди и практики


Брисел – Почитувањето на основните права и владеењето на правото се од суштинско значење за процесот на пристапување во ЕУ и тие ќе останат составен дел од односите меѓу Унијата и Турција, порачаа високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас и еврокомесарката за проширување Марта Кос по повод приведувањето на […]

Опозицијата во Србија побара формирање преодна влада


Белград – Парламентарната опозиција во Србија денеска официјално побара формирање преодна влада – „Влада на доверба на народот“, јави дописникот на МИА од Белград. Според нив, формирањето привремена преодна влада е единственото решение за надминување на кризата по падот на бетонската настрешница на железничката станица во Нови Сад. „Покрај нас…за ова зборуваа и непарламентарните организации […]

Нафтената индустрија на Србија поднела барање за бришење од листата за санкции на САД


Нафтената индустрија на Србија (НИС) објави дека поднела барање до Министерството за финансии на САД за отстранување на НИС од списокот СДН (Specially designated Nationals). Бидејќи процесот на бришење е долг, НИС, додека чека одговор, поднесе ново барање до Министерството за финансии на САД за продолжување на првичната специјална дозвола, која беше издадена на 26 […]

Студенти од сите факултети во Крагуевац даруваат крв за повредените во пожарот во Кочани


 Студенти од сите факултети на Универзитетот во Крагуевац денеска учествуваат во доброволна крводарителска акција за повредените во пожарот во Кочани, јави МИА. Одделението за трансфузија на Универзитетскиот клинички центар во Крагуевац беше преполно од осум часот наутро, а студентите истакнаа дека на тој начин сакаат да им помогнат на повредените пациенти од Кочани, но и […]

Вучиќ вели дека луѓето на протестот по налог на агентури се движеле лево-десно за да изгледа дека се повеќе


  Изјавата на српскиот претседател Александар Вучиќ дека учесниците на протестот на 15 март во Белград се движеле се движеле од едно на друго место по налог на странски агенции за да се чини дека ги има повеќе, предизвика бран на критики во српската јавност. Соговорниците на весникот „Данас“ го оценуваат како бесмислен и очајнички […]

Во Турција приведени 27 лица поради објави на социјалните мрежи за апсењето на Имамоглу


 Во Турција притворени се 27 лица под сомнение дека на социјалните мрежи објавиле провокативни коментари за апсењето на градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу, изјави денеска министерот за внатрешни работи Али Јерликаја. Тој на платформата Икс објави дека осомничените „објавувале провокативни коментари за апсењето на Имамоглу кои поттикнуваат на злосторства и омраза“. Јерликаја наведе и дека […]

Студентите од Белград му објавија „војна“ на провладиниот „Информер“


  Студентите на Факултетот за политички науки во блокадата објавија видео со наслов „Знаеш што велат? На лагите им се кратки нозете“, во кое собраа дел од медиумските манипулации и невистини изнесени во програмата на ТВ Информер и на страниците на истоимениот таблоид. Ова е првото видео објавено откако студентите на ФПН и објавија медиумска […]

Во Турција протести поради притворањето на градоначалникот на Истанбул


 Илјадници студенти синоќа се собраа во кампусот на Универзитетот во Истанбул поради притворањето на градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу и покрај четиридневна забрана за јавни собири и протести до 23 март, со цел да се „одржи јавниот ред и да се спречат потенцијални провокации“. Протестите уследија по апсењето на градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу и […]

В петок повторно Совет за безбедност на ОН за ситуацијата во БиХ


Советот за безбедност на Обединети нации на 21 март повторно ќе одржи консултации зад затворени врати за ситуацијата во Босна и Херцеговина. Како што објави сараевскиот портал Кликс (Klix.ba), состанокот го побарала Словенија во договор со други европски земји-членки на СБ на ОН. Ситуацијата во БиХ пред СБ на ОН ќе биде претставена од американската […]

Кој е Екрем Имамоглу, главниот ривал на Ердоган, и зошто беше уапсен?


  АНКАРА – Екрем Имамоглу, градоначалникот на Истанбул и популарна личност, уживаше во сјајот на она што тој често на шега го нарекуваше свое политичко чудо – единствената личност што ја победи владејачката партија на Реџеп Таип Ердоган не на еден, туку на три локални избори. Во средата, десетици полицајци упаднаа во неговата резиденција околу […]

Турската опозиција повика на национални протести по приведувањето на градоначалникот на Истанбул


Истанбул – Студентите кои го поддржуваа приведениот градоначалник на Истанбул, Екрем Имамоглу на Универзитетот во Истанбул, ги пробија полициските барикади за време на денешните демонстрации, по што полицијата интервенираше со солзавец, пренесе ДПА повикувајќи се на локалните медиуми. Акцијата дојде во момент кога главната турска опозициска Републиканска народна партија (ЦХП) повика на национални протести по […]

Повеќе „звучни топови“ биле распоредени на протестот во Белград, тврди припадник на жандармеријата


  Жандарм за српскиот весник „Данас“ изјави дека на големиот протест на 15 март во Белград биле распоредени неколку „звучни топови“. Име ѝ е познато на редакцијата, но го заштити поради опасност од реперкусии за него. Тој вели дека еден од нив стоел зад Народното собрание. „Уредот беше поставен на хаубата на нашето возило „дефендер’, […]