Откажан Самитот на лидерите на Западен Балкан во Неум бидејќи пропадна тендерот за организацијата


Советот на министри го откажа Самитот на лидерите на Западен Балкан во Неум, бидејќи пропадна тендерот за организација на тој настан, јавија сараевските медиуми. За организатор беше избрана фирмата „Мајндсет“, но по поднесена жалба тендерот е поништен. Босна и Херцеговина требаше да биде домаќин на тој настан под покровителство на бројни меѓународни асоцијации и организации, …

Откажан Самитот на лидерите на Западен Балкан во Неум бидејќи пропадна тендерот за организацијата Read More »

Подлегна на повредите тинејџерот кој беше претепан кај Хемиското училиште во Лесковац


Ученикот А.И. (16), кој денеска беше претепан пред Хемиското училиште во Лесковац, им подлегнал на повредите, потврдија во лесковачката општа болница, јави дописникот на МИА од Белград. – Донесен е без свест, со широки зеници, бледа кожа и слузокожа, без пулс и немерлив притисок, изјави директорот на Општата болница Лесковац, Небојша Димитријевиќ, додавајќи дека реанимацијата …

Подлегна на повредите тинејџерот кој беше претепан кај Хемиското училиште во Лесковац Read More »

Германија планира да врати повеќе од 16.000 мигранти во Хрватска


Откако во хрватската јавност се отвори прашањето за враќањето на мигранти од земји-членки на ЕУ наводно со „тајни авионски летови“ и предупредувањата дека Хрватска станува своевиден „hot spot“, Дојче Веле (DW) пишува дека Германија има план да врати повеќе од 16.000 мигранти во Хрватска, согласно со Уредбата Даблин III. Даблинската уредба предвидува дека за конкретно …

Германија планира да врати повеќе од 16.000 мигранти во Хрватска Read More »

Во Еквадор убиен син на хрватски пејач: Во него пукале од мотор во движење


Хрватскиот државјанин, Томислав Зеленчиќ (48) е убиен во вторник на 26 ноември во населбата Јокај, во центарот на градот Манта во Еквадор, јавуваат локалните медиуми. Зеленчиќ, кој живеел во овој град повеќе од десет години, се движел по тротоарот во близина на неговата куќа, кога напаѓачите на мотор испукале четири куршуми кон него. Нападот се …

Во Еквадор убиен син на хрватски пејач: Во него пукале од мотор во движење Read More »

Хрватска ќе инвестира 2 отсто од БДП за одбрана во историска модернизација на војската


Владата на Хрватска спроведува „историска модернизација на хрватската војска“, изјави министерот за одбрана Иван Анушиќ, нагласувајќи дека следната година Хрватска ќе достигне издвојување од 2 отсто од БДП за одбрана и 29 отсто за модернизација, како што бараат актуелните стандарди на НАТО. Анушиќ ова го изјави синоќа на трибината „Безбедносни и геополитички предизвици на светскиот …

Хрватска ќе инвестира 2 отсто од БДП за одбрана во историска модернизација на војската Read More »

Конгрес на хотелиери: Хрватска поскапа од Албанија за 52 отсто


Туризмот сочинува една петтина од економијата на Хрватска, а зад нас имаме успешна туристичка година, како што покажуваат бројките. Подобро беа исполнети сместувачките капацитети кои се поквалитетни. Хотелите со 5 ѕвезди биле пополнети за 96,5 отсто во средината на август, а хотелите со 4 ѕвезди за 92,5 отсто, изјави Вељко Остојиќ, директор на Хрватското туристичко …

Конгрес на хотелиери: Хрватска поскапа од Албанија за 52 отсто Read More »

Еднодневен прекин на работата на Адвокатската комора на Војводина


 Членовите на Адвокатската комора на Војводина (АКВ) денеска ќе спроведат еднодневен прекин на работата поради „систематското и долгорочно“ мешање на извршната власт во работата на судството и драматичното нарушување на независноста на судот, независноста на Јавното обвинителство и балансот во поделбата на овластувањата, јави Бета. Одлуката е донесена и поради „правно неосновано подготвување“ на измени …

Еднодневен прекин на работата на Адвокатската комора на Војводина Read More »

Шести обид бугарскиот Парламент да избере претседател


Пратениците во бугарскиот Парламент денеска ќе направат шести обид да изберат претседател на 51-то Народно собрание откако не успеаја минатата недела за нов избор. Новоизбраните пратеници положија заклетва на 11 ноември, но новиот парламент се уште не може да функционира поради неможноста политичките сили да се обединат околу кандидат за претседател на законодавниот дом, јави …

Шести обид бугарскиот Парламент да избере претседател Read More »

Во српскиот Парламент ќе се гласа за предлогот за државниот буџет за 2025 година


Пратениците во српскиот Парламент денеска ќе гласаат за предлог-буџетот за 2025 година на седница што ќе почне во 10:00 часот. Пратениците ќе гласаат за повеќе од 50 други точки на дневниот ред, јави Бета. Собраниската седница почна во понеделникот, но беше прекината по неколку инциденти и тепачка меѓу претставниците на власта и опозицијата, кои побараа …

Во српскиот Парламент ќе се гласа за предлогот за државниот буџет за 2025 година Read More »

Во Бугарија повторно ќе се бројат гласовите на 1.777 избирачки места


  Во близу 1.800 избирачки места ќе се пребројуваат гласачките ливчиња од последните парламентарни избори во Бугарија. Ова го одлучи во вторникот Уставниот суд. Дополнително, треба да се изврши вештачење кое мора да утврди дали бројот на дадени гласови одговара на оние запишани во евиденцијата. Оваа проверка мора да се направи до 10 јануари следната …

Во Бугарија повторно ќе се бројат гласовите на 1.777 избирачки места Read More »

Во домови во Атина откриени антички предмети заштитени со закон за антиквитети


Грчката полиција уапсила две лица во атинска населба кои нелегално поседувале 172 антички предмети, што подоцна било утврдено дека потпаѓаат под законот за заштита на антиквитети, јави дописничката на МИА од Атина. Од грчката полиција соопштија дека античките предмети биле откриени во три домови во Атина и при претрес на уапсените, кои се товарат за …

Во домови во Атина откриени антички предмети заштитени со закон за антиквитети Read More »

„Риц-Карлтон“ на местото на хотел „Југославија“ во Белград


  Компаниите Marriott International и Danube Riverside  денеска во Белград потпиша договор за пристигнување на престижниот хотелски бренд The ​​Ritz-Carlton во Србија, кој ќе ја трансформира локацијата на поранешниот хотел „Југославија“ во модерен хотелски комплекс. Договорот го потпишаа директорот на компанијата „Милениум тим“ Иван Бошњак и главниот оперативен директор за Блискиот Исток и луксузна EMEA …

„Риц-Карлтон“ на местото на хотел „Југославија“ во Белград Read More »

На Бојко Борисов му здодеа од Бугарија, не сака да биде премиер


  Бугарија сосем веројатно ќе оди на уште едни избори откако денеска Бојко Борисов, лидерот на ГЕРБ (партијата која на последното гласање освои најмногу пратеници) рече дека се откажува од плановите да биде премиер. И дополни дека веќе не сака да се „да се занимава со оваа скршена земја“. Борисов изјави дека ја повлекол канидатурата …

На Бојко Борисов му здодеа од Бугарија, не сака да биде премиер Read More »

Во Албанија во полициска акција приведени високи полициски функционери, судии и новинари


По налог на Специјалното обвинителство против организиран криминал и корупција, во голема полициска акција против криминални групи албанската полиција уапси високи полициски службеници, поранешни судии, адвокат, како и двајца новинари. Акцијата била спроведена во соработка со Европол и други албански и европски агенции за спроведување на законот, а бидејќи истата е во тек, од СПАК …

Во Албанија во полициска акција приведени високи полициски функционери, судии и новинари Read More »

Министерот Весиќ, кој даде оставка по несреќата во Нови Сад, пренесен во болница


Поранешниот министер за градежништво, транспорт и инфраструктура на Србија, Горан Весиќ, утрово со возило на брза помош од притворот во Нови Сад бил пренесен во болницата во Сремска Каменица. Како што е познато од српските медиуми, поради ненадејното влошување на неговата здравствена состојба, по шестдневен штрајк со глад и одбивање на лекарска помош, управата на …

Министерот Весиќ, кој даде оставка по несреќата во Нови Сад, пренесен во болница Read More »

Дојава за бомба во зградата на судот во Сараево, прекинати сите рочишта


Во зградата каде што се наоѓаат Кантоналниот суд во Сараево и Општинскиот суд Сараево, утрово е пријавено дека е поставена бомба. Според информациите, припадниците на Министерството за внатрешни работи на Сараевскиот кантон се на терен и вршат детален преглед, а во тек е евакуација на зградата. Поради дојавата за бомба, одложени се сите рочишта во …

Дојава за бомба во зградата на судот во Сараево, прекинати сите рочишта Read More »

Поради магла и загаден воздух откажани летовите на аеродромот во Сараево


Поради лошите временски услови предизвикани од магла синоќа и утринава откажани се некои летови на меѓународниот аеродром во Сараево. Од меѓународниот аеродром во Сараево откажани се летовите кои пристигнуваат од Виена, Истанбул и Загреб, а со тоа и појдовните летови од Сараево. „Останатите летови засега се на распоред и очекуваме наскоро да се подобрат временските …

Поради магла и загаден воздух откажани летовите на аеродромот во Сараево Read More »

Во Хрватска голема акција на Управата за сузбивање корупција и организиран криинал


Управата за сузбивање корупција и организиран криминал во Хрватска – УСКОК- спроведува акција при што според загрепски медиуми – во тек се апсења во пет окрузи. Апсењата и спроведувањето на итни доказни дејствија се резултат на кривична истрага спроведена од Службата за кибер-безбедност при Управата за криминалистичка полиција и Сплитско-Далматинската полициска управа по налог на …

Во Хрватска голема акција на Управата за сузбивање корупција и организиран криинал Read More »

Бугарските патишта се најопасни во ЕУ. Родителите на настрадани деца бараат промени


Стоејќи покрај спомен плочата поставена во спомен на нејзиниот 14-годишен син, кој беше убиен од пијан возач во центарот на Софија пред една година, Николина Петкова вети дека ќе се бори за да ги направи бугарските патишта побезбедни. „Ништо не може да го врати нашиот Филип“, рече таа. „Но, јас чекорам напред за родителите повеќе …

Бугарските патишта се најопасни во ЕУ. Родителите на настрадани деца бараат промени Read More »

Сараево вечерва има најзагаден воздух во светот


Сараево во понеделникот вечерта се искачи на врвот на листата на главни градови со најмногу загаден воздух во светот, а на веб-страницата AirQuality беше означен како опасен по здравјето на луѓето. Заедно со индиски Њу Делхи, Сараево беше во т.н кафената зона, што укажува на максимална загаденост на воздухот. Швајцарската станица која собира податоци од …

Сараево вечерва има најзагаден воздух во светот Read More »