Загина српски воен падобранец


Припадник на 63-та падобранска бригада, виш водник прва класа Милан Станковиќ, почина вечерва во Воената болница во Ниш од повредите здобиени при скок со падобран на воениот аеродром „Михајло Петровиќ“ во Ниш, соопшти Министерството за одбрана на Србија. Во соопштението се наведува дека по слетувањето, Станковиќ бил итно реанимиран и пренесен во болница, каде што, […]

Дојава за бомба во грчкиот Парламент


Преку бројот 112 за итни случаи, непознато лице околу 20 часот по локално време пријавило дека е поставена бомба во грчкиот Парламент, без при тоа да даде дополнителни информации или временски период, по што припадници на Единицата за деактивирање експлозивни направи спроведе проверка на објектот, јави дописничката на МИА од Атина. Неофицијално, не било пронајдено […]

Кос: Она што демонстрантите го бараат од српската влада е истото што Европската комисија го бара од Србија


Белград – За време на дводневната посета на Србија, европската комесарка за проширување, Марта Кос, ќе се сретне со највисоките државни функционери, но и со претставници на опозицијата, граѓанското општество и академската заедница, а ќе го посети и Нови Сад за да им оддаде почит на жртвите од уривањето на настрешницата на Железничката станица, соопшти […]

Студентите ја прекинуваат блокадата на РТС, нов голем протест во Белград на 1 мај


Белградските студенти вчера вечерта ја прекинаа двонеделната блокада на две згради на Радио телевизија на Србија (РТС), откако парламентарниот одбор за култура и информации претходно усвои одлука за распишување нов конкурс за членови на советот на Регулаторната агенција за електронски медиуми (РЕМ). Блокадата започна на 14 април со барања за непристрасно известување од страна на […]

Ќе го спаси ли Вучиќ поранешниот израелски диџеј кој му стана политички стратег?


Од рекламни кампањи што го величат Александар Вучиќ, претставен како „архитект на мирот“, до бродови со муниција испратени во Израел, преку мрежите MAGA, истрагата на БИРН и Хаарец го откри патот на Срулик Ајнхорн, поранешен диџеј што стана крајно десничарски политички стратег. Во мај 2022 година, Ајнхорн прегледувал онлајн документ што го споделил со Џонатан […]

Урла во Измир – совршена дестинација за одмор и опуштање


Мирниот крајбрежен град Урла во Измир е одличен избор за релаксација исполнета со уживање за сите сетила. Опкружен со живописни маслинови градини, овошни насади и лозја, Урла е погоден за посета во текот на целата година, но особено мај е пријатно време за истражување на уличките покриени со калдрма, шетање покрај камените куќи сместени во […]

Напнато во Нови Сад, полицијата се судри со студентите


  Студентите во блокадата на факултетите во Нови Сад, заедно со граѓани, ја организираа акцијата „Утринско размрдување“ пред зградата на Факултетот за физичко воспитување, кога се појави деканот Патрик Дрид кој сакаше да влезе во факултетот, а насобраните луѓе го спречија во тоа. Потоа се појави деканот со интервентната полиција, а кратко пред пладне ситуацијата […]

Црна Гора направи помалку реформи, ќе добие помалку пари од Планот за раст


  Црна Гора исполни десет од 14-те планирани обврски од Реформската агенда до крајот на февруари, па ќе добие 18 милиони евра од Планот за раст на Европската унија  за Западен Балкан, наместо планираните 29,5 милиони евра. Ова е напишано во првиот полугодишен извештај за спроведувањето на Реформската агенда на Црна Гора за Инструментот на […]

Казни до 5.000 евра за продажба и купување е-цигари со арома во Словенија


Во Словенија стапи во сила забраната за сите ароми, освен тутунските, кај електронските цигари и нивните дополнувања. Здравствениот инспекторат и Управата за јавни приходи ќе вршат засилени контроли, а казни им се закануваат и на поединци кои ќе продаваат, бесплатно ќе нудат или онлајн ќе купуваат забранети производи, пренесува 24ur.com. Според минатогодишните измени на Законот […]

Вработени во РТС поднесоа петиција а РЕМ до Парламентот: Да престанеме да жмиркаме и да не гледаме она што го гледаат сите


Вработени во РТС (членови на групата „Наш пРоТеСт“) утрово до српскиот Парламент предадоа петиција за нов јавен повик за номинирање нови членови на Советот на Регулаторното тело за електронски медиуми. Петицијата е потпишана од повеќе од 23.000 луѓе, како онлајн така и во писмена форма.  Марија Миладиновиќ Лисов, новинарка од Информативната програма, за Н1 изјави […]

Доналд Трамп Помладиот ќе ја посети Романија


Доналд Трамп Помладиот, најстариот син на претседателот на Соединетите Американски Држави, денеска ќе ја посети Романија. Поводот е настан посветен на деловното опкружување, објавуваат романските медиуми, повикувајќи се на информации од организаторите. Трамп Помладиот нема планирани средби со романски политичари. Посетата ќе биде организирана само една недела пред првиот круг од претседателските избори во Романија […]

Во Србија првомајски заеднички протест на синдикатите и студентите во блокада


Студентите во блокада и пет синдикални здруженија во Србија најавија заеднички протест за 1 мај пред Владата на Србија, кога ќе врачат предлог за измена на Законот за работни односи и Законот за штрајкови, а воедно ќе одбележат и шест месеци од падот на бетонската настрешница на железничката станица во Нови Сад. Како што објавија […]

Антонио Кошта со многу пофалби за улогата на Бугарија во ЕУ


  Претседателот на Европскиот совет е во невообичаено долга тридневна посета посета на Бугарија и уште првиот ден (недела, 27 април) се сретна со премиерот Росен Жељасков и претседателот Румен Радев. Според извештајот на агенцијата БТА, некои од главните теми на разговор меѓу нив биле поврзани со местото и улогата на Бугарија во Европската унија, […]

Набрзо ќе профункционира аеродромот во Валона


Тирана – По меѓународниот аеродром во Тирана и оној во северниот град Кукс, набрзо во Албанија ќе профункционира и новоизградениот аеродром во приморскиот град Валона. Албанската вицепремиерка и министерка а инфраструктура и енергетика, Белинда Балуку изјави дека Меѓународната асоцијација за воздушен транспорт (ИАТА) на аеродромот во Валона му додели аеродромскиот код и продажбата на билети. – […]

Доналд Трамп Јуниор на бизнис форум во Софија


Софија– Синот на американскиот претседател, Доналд Трамп Јуниор, денеска ќе ја посети Софија, Бугарија за да учествува на бизнис форум организиран од глобалната платформа за дигитални средства Nexo, соопштија од компанијата. На форумот ќе присуствува и министерката за наука и технологија на Израел, Гила Гамлиел, која исто така ќе биде во посета на нашата земја. […]

Кошта во тридневна посета на Бугарија, меѓу темите за разговор и проширувањето на ЕУ


Брисел- Претседателот на Европскиот совет Антонио Коста од денеска до вторник ќе престојува во посета на Бугарија во чии рамки со највисоките претставници на бугарските власти ќе разговара за клучните приоритети на ЕУ, регионалната стабилност и важноста од координирана акција за справување со заедничките предизвици.  – Со нетрпение ја очекувам мојата посета на Бугарија за […]

Во Нови Сад протест на средношколци од Србија против онлајн настава


 Во вториот по големина град во Србија, денеска ќе се одржи протест на средношколците против онлајн наставата. Ним им се придружија од синоќа нивни врсници од неколку градови во државата кои пристигнаа пеш или на велосипеди, јави дописникот на МИА од Белград.  Неколку илјади средношколци од цела Србија се собраа синоќа пред железничката станица во […]

Француски Алстом ќе испорача 35 електрични возови на Бугарија за 600 милиони евра


 Францускиот производител на железнички возила „Алстом“ објави дека потпишал договор со бугарското Министерство за транспорт и комуникации за испорака на 35 електрични меѓурегионални возови од типот Coradia Stream, заедно со 15-годишно одржување. Проектот ќе го реализираат „Алстом“ и бугарската компанија RVP Invest, која ќе обезбеди објект за одржување на возовите. Вкупната вредност на договорот изнесува […]

Србија бара од САД продолжување на лиценцата и одлагање на санкциите против НИС


Владата на Србија денес испрати писмо до Канцеларијата за контрола на странски средства (OFAC) при Министерството за финансии на САД, во кое бара продолжување на посебната лиценца што би го одложила целосното спроведување на санкциите против Нафтената индустрија на Србија (НИС) по 28 април, соопшти српското Министерство за рударство и енергетика. Шефицата на тоа министерство, […]

Студентите од Нови Сад конечно се одлучија: Одиме на избори!


Студентскиот пленум на Техничкиот факултет во Нови Сад денес гласаше дека студентите во блокадата бараат распишување вонредни парламентарни избори во Србија, објавија преку нивниот официјален профил на Икс. Дискусиите, официјални и неофицијални, за понатамошната артикулација на протестите и патот кон исполнување на барањата на студентите се водат практично од почетокот на 2025 година, а особено […]