Песната „Izađi, mala“ хит на студентските протести во Србија


  Една народна песна од 1985  на босанскиот пејач Ферид Авдиќ е апсолутен хит на протестите во Србија. Неа ја пееја студентите пред зградата на Претседателството на Србија кога Александар Вучиќ држеше прес конференција внатре, студените ѝ ја пееја на јавната обвинителка Загорка Доловац пред седиштетот на обвинителството, ја пејат и нававивачите на Црвена звезда …

Песната „Izađi, mala“ хит на студентските протести во Србија Read More »

Забрана за пловидба од неколку грчки пристаништа поради силниот ветер


Поради силниот ветер што достигнува до осум и десет Бофори, односно над 40 километри на час, од утрово во сила е забрана за пловидба од неколку грчки пристаништа меѓу кои и трите атински, јави дописничката на МИА од Атина. Бродовите и траектите останаа закотвени на пристаништата во Лаврио, Рафина и најголемото Пиреа во Атина, а …

Забрана за пловидба од неколку грчки пристаништа поради силниот ветер Read More »

Бебе се роди во такси во Црна Гора


Бебе во Никшиќ, Црна Гора, се роди во такси. Мајката почувствувала болка и тргнала на породување, но не дочекала да стигне до болницата, јавуваат црногорските медиуми. Мајката и бебето по невообичаеното породување веднаш биле згрижени во болницата во Никшиќ. „И мајката и бебето пристигнаа во болница со такси. Веднаш по приемот беше пресечена папочната врвца …

Бебе се роди во такси во Црна Гора Read More »

Вулин: Се води хибридна војна против Србија, нападите се координирани од еден центар


 Во моментов се води хибридна војна против Србија и претседателот Александар Вучиќ, тврди српскиот вицепремиер Александар Вулин во изјава за белградски медиуми. Тој за телевизија Пинк изјави дека нападите врз Србија од Сараево и Загреб се координирани, дека притисокот расте, и според него – се е координирано од еден центар. „Јавните личности од целиот регион …

Вулин: Се води хибридна војна против Србија, нападите се координирани од еден центар Read More »

Хрватска: Католичката црква годинава од куќен благослов би можела да заработи 17 милиони евра


Од вчера (Св. Стефан/ Štefanje/ Stjepandan) во повеќето жупи во Хрватска почна благословувањето на куќите кое трае генерално до 6 јануари и се очекува Католичката црква во таа држава да заработи повеќе од лани, јавија хрватски медиуми. Во една жупа во Славонија, Надбискупијата пропиша надоместот на верниците да изнесува 30 евра по брачен пар. Ова …

Хрватска: Католичката црква годинава од куќен благослов би можела да заработи 17 милиони евра Read More »

Во Албанија отворена лабораторија за кибер безбедност – напредна платформа за обработка и симулирање на дигитални закани


Националната управа за кибер безбедност на Албанија отвори лабораторија за кибер безбедност – напредна платформа за обработка и симулирање на дигитални закани. Според објавата на социјалните мрежи, таа лабораторија е создадена за да ги зајакне експертите за кибер безбедност, обезбедувајќи интензивна обука за заштита на критичните инфраструктури и справување со глобалните технолошки предизвици. Шефот на …

Во Албанија отворена лабораторија за кибер безбедност – напредна платформа за обработка и симулирање на дигитални закани Read More »

Последен ден од кампањата за избор на претседател на Хрватска, на полноќ стапува на сила изборниот молк


До денеска на полноќ кога почнува дводневниот изборен молк, останува кандидатите за претседател на Хрватска да ги убедат гласачите дека еден од нив е најдобриот избор за следниот петгодишен мандат. Дводневниот изборен молк пред изборите в недела на 29 декември ќе трае цела сабота и недела до 19 часот или до затворање на избирачките места, …

Последен ден од кампањата за избор на претседател на Хрватска, на полноќ стапува на сила изборниот молк Read More »

Телефонски разговор Зеленски-Вучиќ


Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска соопшти дека разговарал со претседателот на Србија за „зајакнување на односите меѓу двете земји“. – Се заблагодарив на Србија за финансиската и хуманитарна поддршка и ги координиравме нашите напори на заедничкиот пат кон интеграцијата во ЕУ. Претседателот Вучиќ му ја честиташе Новата година на украинскиот народ и изрази надеж за …

Телефонски разговор Зеленски-Вучиќ Read More »

На распит во СПАК градоначалникот на Тирана Ерион Велиај


 Градоначалникот на Тирана, Ерион Велиај, денеска беше во Специјалното обвинителство против организиран криминал и корупција, кое против него води истрага „за пасивна корупција “. Според албанските медиуми Велиај по сослушувањето кое траело пет часа, на излегување од обвинителството избегнал да даде изјава. -За разлика од пролетта, кога се задржа повеќе од 7 часа, за случајот …

На распит во СПАК градоначалникот на Тирана Ерион Велиај Read More »

Трет ден се трага по исчезнатиот метеоролог во БиХ : Погледнете од каде тргнал


Потрагата по исчезнатиот метеоролог на Бјелашница сѐ уште не дава резултати, бидејќи трет ден мораше да се откаже поради многу лошите услови на оваа планина. Припадниците на Планинската спасувачка служба (ГСС) на кантонот Сараево ја завршија денешната потрага. Исчезнатиот, 46-годишен метеоролог тргнал од оваа точка кон опсерваторијата. Како што беше кажано претходно, тој се јавил …

Трет ден се трага по исчезнатиот метеоролог во БиХ : Погледнете од каде тргнал Read More »

Вучиќ тврди дека светски сили стојат зад студентските протести: „Љубоморни се“


  Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, синоќа изјави дека студентските протести во неговата земја всушност не се студентски протести и дека имаат поддршка од надвор, а една од причините зошто се случиле е неговото противење на усвојувањето на Резолуцијата за Сребреница во ОН. Српската напредна партија синоќа во Сава центарот во Белград одржа трибина „Иднина, …

Вучиќ тврди дека светски сили стојат зад студентските протести: „Љубоморни се“ Read More »

Белград ги заменува тролејбусите со електрични автобуси


Советниците на градското собрание на Белград донесоа одлука за замена на постојните тролејбуски линии со електрични автобуски линии. Советниците на градското собрание на Белград денеска ја донесоа Одлуката за усвојување на самоиницијативниот предлог на проектот за јавно-приватно партнерство за вршење на комунални дејности на градскиот превоз на патници на територијата на град Белград, односно за …

Белград ги заменува тролејбусите со електрични автобуси Read More »

Сопственикот и архитектот на хотелот во Турција кој се урна во земјотресот осудени на 18 години затвор


Судот во Турција денеска ги осуди на 18 години и пет месеци затвор сопственикот и архитектот на хотелот „Исијас Гранд“, кој се урна во земјотресот во 2023 година, кога загинаа 72 лица. Сопственикот на хотелот Ахмет Бозкурт и неговиот архитект Ердем Јилмаз се осудени, додека синот на Бозкурт, Мехмет Фатих, е осуден на 17 години …

Сопственикот и архитектот на хотелот во Турција кој се урна во земјотресот осудени на 18 години затвор Read More »

Политички раскол во Црна Гора: претседателот Милатовиќ против премиерот Спаиќ


  Јаков Милатовиќ, претседателот на Црна Гора, на платформата икс ја потврди разделбата со премиерот Милојко Спаиќ и државата влезе во голема поделба во највисоките ешалони на власта. „Неодамнешните настани во Црна Гора за жал укажуваат дека доминантниот карактер на актуелната влада е антицрногорска и антиевропска и дека тоа се рефлектира во антиуставни дејствија, глорификација …

Политички раскол во Црна Гора: претседателот Милатовиќ против премиерот Спаиќ Read More »

Во БиХ се трага по метеоролог кој исчезна на Бјелашница


Вчера во Бјелашница исчезна 46-годишен вработен во Метеоролошката станица. Целодневната потрага синоќа беше привремено прекината поради тешките временски услови, а продолжи утрово во 9 часот, јавуваат босанските медиуми. Последната комуникација со Коњичанецот била извршена вчера околу 11 часот. Два часа подоцна бил пријавен за исчезнат, откако не им одговорил на колегите на телефон. Вработен во …

Во БиХ се трага по метеоролог кој исчезна на Бјелашница Read More »

Снег и силен ветер го блокираат сообраќајот во Босна и Херцеговина


Сообраќајот во БиХ сè уште е во прекин на неколку патни правци поради големото количество снег, додека дополнителен проблем претставува и силниот ветер. На следните патни правци сообраќајот е целосно запрен за сите категории возила: Гламоч-Млиниште, Босанско Грахово-Дрвар-Босански Петровец,Дрвар-Гламоч, Сански Мост-Клуч, Купрес-Ново Село, Котор Варош-Теслиќ (Борја), Бања Лука-Кнежево и Бихаќ-Босански Петровец-Клуч. За возила над 10 …

Снег и силен ветер го блокираат сообраќајот во Босна и Херцеговина Read More »

Словенија забрани величење на четниците и усташите


Парламентот на Словенија гласаше за измена на Законот за зачувување на јавниот ред и мир, со кој се забранува величење или истакнување симболи поврзани со нацизмот и фашизмот. -Забраната се однесува на земји, организации и групи, т.е. знамиња, симболи, песни, униформи, дури и однесување што би сугерирало глорификација на нацизмот и фашизмот, пишуваат медиумите во …

Словенија забрани величење на четниците и усташите Read More »

Некои градови во Србија ги откажаа новогодишните прослави на плоштадите поради трагедијата во Нови Сад


Голем број градови и општини во Србија оваа година решија да ги откажат новогодишните прослави на јавните плоштади како знак на почит кон жртвите од трагичниот настан во Нови Сад, кој се случи на 1 ноември. Тогаш, по уривање на покрив на железничката станица, животот го загубија 15 лица, а две беа тешко повредени, пишува …

Некои градови во Србија ги откажаа новогодишните прослави на плоштадите поради трагедијата во Нови Сад Read More »

Прва жртва на невремето во Србија – снегот прави хаос на Балканот


  Едно лице загина во сообраќајна несреќа што се случи  во Смедерево, при судир на патничко возило и камион цистерна. Во сообраќајката, загина млад човек, а  е предизвикана од неисчистени коловози од снег, кој цело деноноќие паѓа во делови од соседна Србија. Истрагата е во тек, полицијата е на лице место, а сообраќајот е во …

Прва жртва на невремето во Србија – снегот прави хаос на Балканот Read More »

Опозициските советници во Крагуевац молчеа на 23-часовна седница


 Во српскиот град Крагуевац, поради молчењето на опозициските советници и прекинот на струјата во салата, седницата на Градското собрание, која почна вчера во 9 часот, заврши утринава околу 8 часот, пренесува Бета. Опозициските советници одлучија времето за говор да го искористат за молчење на говорницата, бидејќи о дневниот ред не беа вклучени точки за поддршка …

Опозициските советници во Крагуевац молчеа на 23-часовна седница Read More »