Ердоган во историска посета на Грција


Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган утре ќе престојува во Грција. Се претпоставува дека темите за разговор со грчките власти ќе бидат фокусирани на мигрантската криза, регионалните односи и енергетиката. За време на посетата, се очекува Ердоган да има средби со грчкиот премиер Алексис Ципрас, со претседателот Прокопис Павлопулос, како и со членовите на муслиманското малцинство […]

Столтенберг: Не смееме да дозволиме каков било судир на Западен Балкан


Апелираме до сите страни во Западен Балкан да направат сѐ што е во нивна моќ за намалување на тензиите, избегнување на потпалувачка реторика и спречување нови вооружени судири во регионот, изјави денеска генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг. – Главната одговорност пред сѐ е на земјите во регионот, но и на НАТО, да помогне во избегнување […]

Атина: Судири меѓу демонстрантите и полицијата пред најавениот голем протест


Помали групи млади луѓе денеска се судрија со грчката полиција пред почетокот на демонстрациите за одбележување на деветгодишнината кога полицајци убија тинејџер што ги предизвика најтешките нереди во Грција во последните десетици години. Групи млади фрлаа сигнални ракети врз полициските единици за борба со нереди, кои одговорија со употреба на солзавец. Судирите се случија пред […]

БиХ: Поради мачка, половина Бања Лука остана без струја


Поголемиот дел од Бања Лука денеска останаа без електрична енергија. Причина за прекинот на снабдување со електрична енергија е, според босанските медиуми – мачка. Мачката влегла во трафостаницата „Бања Лука еден“ во населбата Лазарево, од каде што голем број потрошувачи во главниот град на Република Српска се снабдуваат со електричната енергија, при што предизвикала краток […]

Ципрас: Грција во 2018 година ги завршува економските реформи


Грчкиот премиер Алексис Ципрас изјави дека земјата ќе сврти нова страница во 2018 година и ќе ги остави зад себе болните реформи кои мораше да ги спроведе како услов за да добие финансиски средства по економскиот колапс во 2009 година. – Конечно дојде мигот на грчката економија. Стратегијата на мојата влада и напорите на грчкиот […]

Словенија ќе ги казнува до 30 илјади евра оние што изнајмувале преку „AirBnB“


Сите оние кои во Словенија изнајмувале недвижнини преку познатата интернет страница „AirBnB“ би можеле да платат драконска казна, која достигнува до 30.000 евра, објави „Пословни дневник“. Се прогнозира дека годинава во Словенија сопствениците на станови и куќи ќе остварат околу 200 илјади ноќевања преку платформите „AirBnB“ и „Booking“, по што словенечкото Министерство за финансии предупреди […]

Европа преку нов гасовод ќе се поврзе со Кипар


Претставници на Кипар, Грција, Италија и Израел денеска во Никозија потпишаа меморандум за изградба на гасовод „Ист мед“, кој би требало да пренесува природен гас од наоѓалиштата во близина на кипарскиот остров до Европа. Грција, Израел и Кипар долго време работат на проект за изградба на гасовод, кој би го поврзал островот со Грција преку […]

Македонец и Србин обвинети за шверц на луѓе во Унгарија


Државните органи на Унгарија покренаа обвинение против државјанин на Србија и еден на Македонија поради сомневање за организирање шверц со луѓе. Како што пренесува порталот Војводина данас, главниот обвинител на унгарската област Бач-Кишкун покрена обвинение откако полицијата утврди дека државјаните на Србија и Македонија преку каналот Дунав-Тиса-Дунав со чамец пренеле четворица мигранти од Ирак чија […]

Коѕијас: Мора да се најде компромис за прашањето за името


Мора да се најде компромис за прашањето за името за да се отвори патот на Поранешна Југословенска Република Македонија  кон ЕУ и другите организации во кои сака да се приклучи, вели грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕијас во интервју за весникот „Етнос“. – Во случајот со ПЈРМ, нашите соседи веруваа дека можат да продолжат […]

Можна е забрана за гиро и ќебапи во ЕУ


Грците со неверување ја примија веста дека постои можност Европската унија поради безбедност да забрани продажба на ќебапи и гиро така како што се подготвуваат сега.  Адресата Free_Giros деновиве стана тренд на грчки Твитер. – Дозволија конзерванси насекаде, бомбардираат со нив мали деца, но им пречи гирото…Ќе почнеме ли да јадеме гиро скришно и нелегално […]

Хрватска страда поради недостиг од педијатри и гинеколози


На Хрватска хрончно и недостасуваат педијатри и гинеколози во примарната здравствена заштита, изјави претседателот на Хрватска лекарска комора Трпимир Голужа. Тој истакна дека сегашните гинеколози и педијатри се преоптеретени со број пациенти. Укажа дека лекарите во примарна медицина недостасуваат во најмалку четири жупании во државата. На централен собир одржан во Ровињ во органзиација на Лекарската […]

Косово испрати спасувачки екипи во Албанија


Косово денеска испрати први спасувачки екипи во Албанија за справувањето со големите поплави, со кои се соочува земјата. По барање на Кризниот штаб на Албанија во поддршка на акците за спасување испратени се пет спасувачки екипи и тројца експерти за проценка на состојбата. Доколку има потреба косовските власти најавија дополнителна помош. Екипите се составени од […]

Јеремиќ: Груевски и Мијалков переле пари преку српските власти


Претседателот на Народната партија од Србија, Вук Јеремиќ ги повика истражните органи да ја испитаат врската меѓу Воислав Спарвал, директор на фирмата СЦМГ која го купила крушевачкиот „14 октомври”, со поранешната македонска власт. Јеремиќ за „ТВ Наша” вели дека не се точни тврдењата на Српската напредна партија дека е најден стратешки партнер за „14 октомври”, […]

Генералот кој испи отров во Хашкиот трибунал оставил проштално писмо


Хрватскиот генерал Слободан Праљак, кој драматично се самоуби во Хашкиот трибунал додека му беше изрекувана пресудата, оставил проштално писмо во кое бара да биде кремиран и пепелта да биде растурена по гробиштата Мирогој. Според „Вечерњи лист“, генералот Праљак го испратил писмото до своето семејство пред две години, и порачал тоа да се отвори во случај […]

Југозападна Бугарија пред поплави од циклонот „Филип“


Југозападна Бугарија во портокалова фаза поради циклонот „Филип“ Во југозападна Бугарија прогласена е портокалова фаза поради доаѓањето на циклонот „Филип“, кој е проследен со силни ветрови и поројни долждови. Поради опасноста која ја носи невремето, бугарското Министерство за внатрешни работи синоќа свика кризен штаб. Раководители од Министерството се распоредени во различни региони на земјата, за […]

Околу 100.000 тони опасен отпад има во Србија


Во Србија има до 100.000 тони опасен отпад на 80 до 90 локации, беше истакнато денеска на 5-тиот Меѓународен форум МИТЕКО посветен на циркуларната економија под мотото „Денес одговорно. Утре одржливо”. Претседателот на МИТЕКО, која е една од првите и водечки компании во Србија и регионот што се занимава со управување со индустриски и опасен […]

Бугарите и Романците ќе патуваат без визи за Канада


Европската комисија денеска го поздрави укинувањето на визи за Канада за државјаните на Бугарија и Романија. – Ова достигнување се должи на големите дипломатски напори и на ангажманите, направени на политичко и техничко ниво од страна на ЕУ, Канада, Бугарија и Романија, посочува Комисијата. Во соопштението на ЕК по тој повод е цитирана еврокомесарката за […]

Притворени 66 припадници на военото воздухопловство во Турција


Турските власти денеска притворија 66 припадници на военото воздухопловство поради поврзаност со движењето ФЕТО, предводено од исламскиот проповедник Фетулах Ѓулен, кој живее во САД, јави телевизијата Ен-Ти-Ви. Апсењата биле извршени по налог на обвинителството од градот Ескишехир. Ѓулен е обвинет дека е главен организатор на обидот за државен удар во 2016 година, кога неколку единици […]

Во Грција денеска почнува првата даночна лотарија


Властите во Грција од денеска почнуваат со првата даночна лотарија, при која по 1.000 евра секој месец ќе се доделат на 1.000 луѓе. Целта на лотаријата е да ја интензивира борбата против затајување на приходот и да го поттикне плаќањето даноци. Грчкото Министерство за финансии објави дека еден милион евра ќе бидат распределени меѓу 1.000 […]

Изетбеговиќ: Пресудата во Хаг става печат на темен дел од историјата


Членот на босанското претседателство Бакир Изетбеговиќ денеска изјави дека пресудата за шестемина членови на раководството на босанските Хрвати за време на граѓанската војна става печат на еден темен дел од историјата. Шесте хрватски политички и воени водачи од БиХ беа осудени на казни од 20 до 25 години затвор, а при изрекувањето на пресудата во […]