Можна е забрана за гиро и ќебапи во ЕУ


Грците со неверување ја примија веста дека постои можност Европската унија поради безбедност да забрани продажба на ќебапи и гиро така како што се подготвуваат сега.  Адресата Free_Giros деновиве стана тренд на грчки Твитер.

– Дозволија конзерванси насекаде, бомбардираат со нив мали деца, но им пречи гирото…Ќе почнеме ли да јадеме гиро скришно и нелегално во подруми и во скриени локали? Ни го забрануваат гирото? Ваква Европа сакаме, се само некои од коментарите на Грци на Твитер.

Ќебапите и гирото во Грција се најдоа под контрола на регулативите на ЕК за фосфати во брзата храна ширум Европа. Иницијативата е резултат на загриженоста по научното испитување во 2012 година за можната врска меѓу фосфатите кога се користат како адитив за храна и болестите на срцето, иако доказите тогаш останале неусогласени.

Правилата на ЕУ обично забрануваат употреба на фосфатни адитиви во подготовка на месо што се користат за заштита на вкусот. Грците сега ќе мора да го почекаат гласањето меѓу 11 и 14 декември во Стразбур за да дознаат дали омилената храна и понатаму ќе може да се служи во сендвичи со иста текстура и вкус како и досега.