Реакција од Љубомир Фрчкоски: Нема злоупотреби, туку лаги и конструкции


  Од мисијата на Македонија во ОН испратија на реакцијата на тврдењата дека амбасадорот Љубомир Фрчкоски злоупотребил сретства за авионски карти спротивно на правилата на МНР  и дека незаконски држи пари од сукцесијата – поради што е викнат на консултации во земјата. Од таму тврдењата ги нарекоа срамни и мизерни, порачувајќи дека не станува збор …

Реакција од Љубомир Фрчкоски: Нема злоупотреби, туку лаги и конструкции Read More »

Шокантен камбек на левицата во Франција, партијата на Лепен трета


  Излезните анкети во Франција по вториот круг на изборите покажуваат  шокантна победа за лево-зелената алијанса бидејќи крајната десница падна на третото место. Така, новиот Народен фронт (составен од социјалистите, коминистите и зелените) се предвидува да добие 172-192 места, а екстремно десничарскиот Национален собир на  Марин Лепен и сојузниците падна на третото место.  🔴 Résultats …

Шокантен камбек на левицата во Франција, партијата на Лепен трета Read More »

Негирачи на холокаустот, обожаватели на Путин и расисти се тркаат на листата на Ле Пен


ПАРИЗ – Во изминатата деценија, француската екстремно десничарска лидерка Марин Ле Пен направи извонредни напори за да ја ослободи нејзината партија Национален собир од нејзината репутација за расизам и ксенофобија – вклучително и со отпуштање на сопствениот татко и отфрлање на историското име на партијата. Но, обидите на Ле Пен да прикаже полиран, мејнстрим-пријателски фурнир …

Негирачи на холокаустот, обожаватели на Путин и расисти се тркаат на листата на Ле Пен Read More »

Историјата се повторува, почна чистката на амбасадорите што не се по мерка на власта


  Канал 5  објави дека и македонскиот амбасадор во Обединетите нации во Њујорк, Љубомир Фрчкоски, бил повикан на консултации во МНР, наводно поради финансиски малверзации и непостапување по добиените насоки. Освен конзистентно непостапување по насоките кои во изминатиот период ги добивал од Министерството (иако Тимчо Муцунски само десет дена е министер), му се забележува и  …

Историјата се повторува, почна чистката на амбасадорите што не се по мерка на власта Read More »

Го исмеваа дека е здодевен, а Кир Стармер стана британски премиер со сензационална победа


  За некој за кого често се потсмеваат како здодевен, Кир Стармер донесе сензационален изборен резултат. Стармер ја предводеше британската Лабуристичка партија до убедлива изборна победа, а во петок ќе стане премиер – првиот лидер од левичарската партија што победил на националните избори во Велика Британија по Тони Блер, кој победи три пати по ред …

Го исмеваа дека е здодевен, а Кир Стармер стана британски премиер со сензационална победа Read More »

Мицкоски за Судскиот совет: Седат во дебели фотелји, земаат плата и се против реформи


  „Убава е нивната позиција, секој месец да си земате плата, а да имате два проценти доверба кај граѓаните. Таа е најубавата позиција, комфорна, заседнати во дебели кожни фотелји со црвени килими и секој ден да доаѓате на работа, да броите илјадници евра месечна плата, а кај граѓаните да уживате само два проценти доверба. Нормално …

Мицкоски за Судскиот совет: Седат во дебели фотелји, земаат плата и се против реформи Read More »

Името е во нераскинлива врска со срцето и умот, вели Сиљановска


  Претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова смета дека нашата држава многу одговорно се однесува кон Преспанскиот договор, но не е сигурна дека тоа го прави Грција. „Таму ќе видите ‘Скопиа’, ‘Фиром’, но не и Северна Македонија, рече Сиљаноска во емисијата „Само интервју“ на Канал 5. Таа додаде дека Грција или ЕУ треба да ја советува …

Името е во нераскинлива врска со срцето и умот, вели Сиљановска Read More »

Амбасадорите се мешаат во внатрешните работи на државата, вели Мицкоски


  Премиерот Христијан Мицкоски денеска им забележа на странските амбасадори дека се мешаат во внатрешните работи на државата по забелешките на Дејвид Гир за најавената можност за законско распуштање на Судскиот совет и Советот за јавни обвинители. Во исто време тој изрази подготвеност да разговара со експерти, но и со амбасадорите за најавената реформа поврзана …

Амбасадорите се мешаат во внатрешните работи на државата, вели Мицкоски Read More »

Јаневска ќе ја одложи концепцијата за седмо, осмо и деветто одделение


Иако во јавноста беше соопштено дека учениците од седмо одделение годинава до септември ќе добијат нови учебници, односно соодветни на новата концепција, сепак тоа нема да се случи, соопшти новата министерка за образование весна Јаневска.  – Ниту еден учебник за седмо одделение не е даден во печат, некои не се одобрени, а некои се без …

Јаневска ќе ја одложи концепцијата за седмо, осмо и деветто одделение Read More »

Ревизорот утврди алармантен одлив на таленти од Македонија


Македонија губи дури 8,34 отсто од Бруто општествениот производ секоја година како резултат на масовниот одлив на мозоци од земјата – утврди Државниот завод за ревизија во најновиот извештај за мерките што ги презеле владите досега да се спречи оваа појава. Според ДЗР, одливот на таленти е алармантен  и, според сите светски организации, Македонија е …

Ревизорот утврди алармантен одлив на таленти од Македонија Read More »

Мажите бегаат од Украина за да го избегнат фронтот: „Не сум создаден за војна“


Дмитро едвај ја чека есента, кога му ветиле бегство од Украина. Во текот на изминатиот месец, 31-годишниот фотограф од Харков, вториот по големина град во Украина, беше заробен во својот стан и ретко излегува. Тој сака да избегне да биде регрутиран во војска. „Сакам да ја напуштам земјата. Не поднесувам повеќе да бидам заробен овде“, …

Мажите бегаат од Украина за да го избегнат фронтот: „Не сум создаден за војна“ Read More »

„Оди роди дете, не да мудруваш“ – и жени ги навредуваат жените во политиката


Навреди за изгледот, за приватноста, сексизам, мизогенија, па и закани, се нешто што редовно стигнува на адреса на политичарките без разлика од која партија доаѓаат. Најчесто се преку социјалните мрежи, а најлошо е кога „сочните“ зборови се кажани од исто така – жени. „Најчесто се епитети на животни, нормално секоја жена мора да е к….а …

„Оди роди дете, не да мудруваш“ – и жени ги навредуваат жените во политиката Read More »

Избори во Франција: Ле Пен се заканува дека ќе ги скрати крилата на Макрон


Без разлика на тоа колку лошо му се случуваат претстојните предвремени парламентарни избори во Франција, Емануел Макрон секогаш требаше да има утеха дека ќе остане претседател до 2027 година – со сите свети надворешнополитички и воени овластувања што тоа го подразбираат. Но, неговата екстремно десничарска противничка Марин Ле Пен сигнализира дека, доколку нејзината партија Национален …

Избори во Франција: Ле Пен се заканува дека ќе ги скрати крилата на Макрон Read More »

Нимиц: ЕУ направи историска грешка што не го придвижи брзо пристапувањето на Северна Македонија во Унијата


Европската Унија направи историска грешка што го одложи пристапниот процес на Северна Македонија и покрај ветувањата и очекувањата по Договорот од Преспа, истакна поранешниот специјален пратеник на генералниот секретар на Обединетите нации во разговорите за името Метју Нимиц во интервјуто за грчкиот информативен портал „Ин“, јави дописничката на МИА од Атина. Нимиц учествуваше на Меѓународната …

Нимиц: ЕУ направи историска грешка што не го придвижи брзо пристапувањето на Северна Македонија во Унијата Read More »

На СДСМ му требаат суштински реформи, а не козметичка промена: Интервју со Јован Деспотовски


За Јован Деспотовски, еден од четирите кандидати за претседател на СДСМ, партиските избори в недела претставуваат референдум за тоа каква ќе биде партијата во иднина – дали ќе произлезе нов СДСМ или СДСМ кој си тера по старо. „Убеден сум дека тој ден ќе победат членовите и партијата и покрај напорите на одредени структури да …

На СДСМ му требаат суштински реформи, а не козметичка промена: Интервју со Јован Деспотовски Read More »

Јанушев Генерален секретар на Владата, Петрова директор на УЈП… Еве ги новите функционери


Владата денеска на првата седница донесе повеќе одлуки за именувања на раководни кадри на државни институции. Овие одлуки ги вклучуваат следните назначувања: Игор Јанушев е именуван за Генерален секретар на Владата. Јанушев е дипломиран правник на Правниот факултет „Јустинијан Први“ – Скопје. Неговото претходно искуство вклучува работа како пратеник во Собранието, директор на ЈСП „Скопје” …

Јанушев Генерален секретар на Владата, Петрова директор на УЈП… Еве ги новите функционери Read More »

Како помина дебатата меѓу Бајден и Трамп, најстарите претседателски кандидати во историјата на САД


Американскиот претседател Џо Бајден и неговиот републикански ривал Доналд Трамп разменија неколку лични навреди во долгоочекуваната дебата, но се добива впечаток дека настапот на Бајден на моменти беше колеблив и неизвесен, додека Трамп често користеше лажни тврдења во своите напади. Двајцата кандидати разменија аргументи и критики за абортусот, имиграцијата, војните во Украина и Газа, нивното …

Како помина дебатата меѓу Бајден и Трамп, најстарите претседателски кандидати во историјата на САД Read More »

Европските лидери ги избраа носителите на врвните функции во ЕУ


Лидерите на ЕУ го избраа поранешниот португалски премиер Антонио Кошта за нов претседател на Европскиот совет, ја номинираа актуелната претседателка на Европската комисија, Германката Урсула фон дер Лајен за реизбор на функцијата и ја предложија естонската премиерка Каја Калас за кандидат за висок претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, објави доцна синоќа на …

Европските лидери ги избраа носителите на врвните функции во ЕУ Read More »

Еве ги новите цени на струјата


Цените на електрична енергија за домаќинствата од 1 јули во прв блок останува иста, во втор блок има зголемување од 0,85 проценти, во трет блок од 1,92 проценти и во четвртиот блок ќе има зголемување од 1,88 проценти, додека евтината струја ќе се зголеми за 0,65 проценти, информира Регулаторната комисија за енергетика. Претседателот на РКЕ …

Еве ги новите цени на струјата Read More »