Минималната плата ќе биде зголемена, но не се знае за колку


Минималната плата треба да се зголеми овој месец, но за колку, се уште не е познато. Согласно законот, зголемувањето би требало да биде околу 1.800 денари, а синдикатот бара зголемување за 6.000 денари и придонесите за разликата до 30.000 денари, колку што би изнесувала минималната плата, да ги субвенционира Владата. Оттаму пак велат дека пари […]

Само што започнав, порача Трамп во обраќањето до Конгресот


Американскиот претседател Доналд Трамп го одржа своето инаугуративно обраќање пред двата дома на Конгресот во кое ги презентираше активностите на неговата администрација во првите 40 дена и најави дополнителни мерки, опишувајќи го првиот месец од неговиот мандат како најуспешен во американската историја. „Првиот месец од мојот мандат е најуспешен во историјата“, тврди Трамп, наведувајќи го […]

Што содржи арапскиот план за Газа вреден 53 милијарди долари


  КАИРО – Арапските лидери во вторникот го поддржаа повоениот план на Египет за Појасот Газа кој ќе им овозможи на неговите приближно 2 милиони Палестинци да останат, како контрапредлог на планот на американскиот претседател Доналд Трамп да ја расели територијата и повторно да ја развие како дестинација на плажа. Одобрувањето на планот од 53 […]

Мицкоски за Османи: Човекот што го распродаваше мојот идентитет нема кредибилитет да зборува


  Човекот што преговараше и го распродаваше мојот македонски идентитет и македонскиот јазик има најмал кредибилитет да зборува, зашто ако тој мене не ме почитува, не го почитува ни својот албански јазик – изјави премиерот Христијан Мицкоски обраќајќи му се директно на потпретседателот на ДУИ, Бујар Османи. Во изјава за ТВ 21, Османи вчера рече […]

Орбан и Мицкоски договараат заедничка економска зона со Србија


  Унгарскиот премиер Виктор Орбан денес на прес конференцијата со македонскиот премиер Христијан Мицкоски најави дека двете земји ќе работат на создавање заедничка економска зона во која ќе се најде и Србија. Според Орбан, проблем е што Унгарија е во ЕУ, а Македонија и Србија не се, но сметаше дека со интензивна билатерална соработка може да […]

(Видео) Тепачка во српскиот парламент, фрлени димни бомби – пратеничка доживеа мозочен удар


  Хаос денеска на седница на српскиот парламент кога се степаа пратениците на власта и опозицијата, пишуваат српските медиуми. Пратениците фрлаат димни бомби. Салата е полна со чад. Претседателката на парламентот, Ана Брнабиќ, рече дека седницата мора да се прекине. Пратениците меѓусебно се туркаа, удираа, фрлаа вода, а подигнат беше и транспарент на кој пишува […]

Прекинувањето на американската помош е удар за Украина, но засега не е фатален


  Суспендирањето на воената помош од Вашингтон нема да доведе до ненадеен колапс на одбранбените линии на Украина, но може да има вистинско влијание врз војната за неколку месеци, поткопувајќи ја противвоздушната одбрана и особено прецизните способности за удар. Испораките на воена помош преку западната граница на Украина запреа во 3,30 часот, изјави за Ројтерс […]

Трамп привремено ја прекинува воената помош за Украина


Американскиот претседател Доналд Трамп привремено ја суспендира воената помош за Украина по неговиот судир со украинскиот претседател Володимир Зеленски, јавија американски медиуми, цитирајќи претставник на Белата куќа. „Претседателот јасно стави до знаење дека е фокусиран на мирот. Неопходно е и нашите партнери да бидат посветени на оваа цел. Ја прекинуваме и ја разгледуваме нашата помош […]

САД и Русија започнаа тајни преговори за рестартирање на „Северен тек“


  За време на неговиот прв претседателски мандат, Доналд Трамп се бореше против германската влада, барајќи таа да се откаже од изградбата на „Северен тек 2“, па дури и да воведе санкции против него. Сега неговата администрација се обидува да преговара со Кремљ за рестартирање на гасоводот и обновување на испораките за Германија со американско […]

ССМ бара минималната плата да се зголеми за 6.000 денари


  Дополнително зголемување на минималната плата за 6.000 денари, бара Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ). Ваквиот предлог денеска ќе биде доставен до Владата, Организацијата на работодавачите и пратениците, а ќе значи, како што беше речено на прес-конференција, дополнително зголемување на сите останати плати на работниците во земјава. ССМ бара и за дополнителното зголемување на […]

Украина ќе ја чува „Коалиција на подготвени“


Британскиот премиер Кир Стармер одржа прес конференција на која зборуваше за детали од состанокот меѓу европските лидери и Володомир Зеленски поладнево во Лондон. Стармер вели дека секој нов договор за поддршка на Украина мора да биде поддржан и дека секоја нација мора да придонесе на најдобар начин , со преземање одговорност и засилување на сопствениот […]

Гневни про-украинските демонстранти му порачаа на Венс да „оди на скијање во Русија“


Американскиот потпретседател Џеј-Ди Венс и неговото семејство беа пречекани со жестоки  протести за време на нивното викенд патување во Вермонт. Гневните проукраински демонстранти го критикуваа Венс дека бил „злобен“ кон Володимир Зеленски за време на посетата на украинскиот претседател на Белата куќа во петокот. Демонстрантите го исвиркаа Венс и му рекоа „да оди на скијање […]

СДСМ: Место да се извини, Кочоска продолжува со навредите


Наместо да собере доблест и да се извини за навредливите и дискриминаторски изјави кон пратеничката Славјанка Петровска, министерката за финансии синоќа на телевизија продолжи со арогантни и понижувачки пораки, обвинија од СДСМ. -Откако пред четири дена ја праша пратеничката „со кое право во уста ги ставате мајките“ и „како вие знаете колку треба да троши […]

Струмичкиот карневал низ фотографии


Синоќа низ струмичките улици уште еднаш кулминираше вековната карневалска традиција со Интернационалното карневалско дефиле, на кое продефилираа 35 групи со над 1.000 учесници од земјава и странство кои повеќе од три часови дефилираа, танцуваа, играа и ги промовира своите карневалски креации. Откако кралот на карневалот објави: „Време е, нека почне Струмичкиот карневал“, почна да тече […]

Трамп и Зеленски жестоко се скараа, договорот остана непотпишан (ВИДЕО)


Посетата на украинскиот претседател Володимир Зеленски на Белата куќа беше прекината откако тој влезе во жестока кавга со американскиот претседател Доналд Трамп и потпретседателот Џеј Ди Венс, кои го обвинија за „непочитување“ за време на нивните разговори во Овалната соба. Трамп постојано му кажуваше на Зеленски дека „се коцка со животите на милиони, со Трета […]

За Димитриеска-Кочоска навредата кон Петровска била „лажна тема“, служела за дефокус


  Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска денеска изјави дека нејзиниот настап вчера во Собранието со кој што ја омаловажи пратеничката Славјанка Петровска дека не може да дискутира за потрошувачката кошница бидејќи нема деца, била „лажна тема“ и служела за дефокусирање на јавноста од поважни теми. Одговарајќи на прашање на новинарите на прес конференција во […]

ЕУ гневна на Мицкоски, бара да го прави тоа што го зборува


  Амбасадорите на Европската унија фрлија „бомба“ на средбата на Заедничкиот парламентарен комитет на ЕУ и Македонија праќајќи јасна порака дека ако навистина сака евроинтеграција – владата на Македонија треба да го прави тоа што го зборува.  Реакцијата се однесуваше на гласањето на нашата држава во Обединетите нации за европската резолуција за Украина и за […]

Гнев се излеа на улиците во Грција на двете години од железничката несреќа


  Стотици илјади луѓе се приклучија на протестите и штрајковите додека Грција ја одбележува втората годишнина од фаталната железничка несреќа, чии последици го ставија премиерот Киријакос Мицотакис на линијата на огнот. Бидејќи експертите ја припишуваат катастрофата на превиди и големи системски неуспеси, работниците кои штрајкуваа ги приземјија летовите и го запреа поморскиот и железничкиот транспорт, […]

Навредата на Димитриеска-Кочоска врз пратеничката Петровска предизвика ураган од реакции


  Пратеничките прашања денеска добија нова димензија, откако министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска упати отворени навреди кон Славјанка Петровска, при што ѝ порача дека не ја заслужува нејзината почит и запрепастувачки, ѝ го оспори правото на пратеничката од СДСМ да поставува прашање за потрошувачката кошница, поврзувајќи го тоа право со семејната состојба. За СДСМ станува […]

Мицкоски како Кисинџер, држи лекции како се постигнува мир во Украина


  Премиерот Христијан Мицкоски денес ѝ држеше лекции на екс-министерката Славјанка Петровска како се постигнува мир во Украина, а во контекст на негласањето на Македонија за резолуцијата која повикуваше на тоа со почитување на територијалниот интегритет на земјата. „Гледам дека сите во светот зборуваат за мир во Украина. Ако зборуваме за мир во Украина, тогаш […]