Вања е убиена во ладнокрвна егзекуција додека клечела и со еден куршум


  Во Кривичниот суд започна изведувањето на материјални докази за убиствата на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Панче Жежовски со кои се објаснуваат последните моменти пред тие да бидат ликвидирани, а и начинот на кои се убиени. Обвинителката Жаклина Крстевска-Јосифовска рече дека еден куршум од 9 милиметри бил пронајден во главата на Вања Ѓорчевска при …

Вања е убиена во ладнокрвна егзекуција додека клечела и со еден куршум Read More »

Орбан му даде политички азил на поранешен полски министер, Варшава гневна


  Полската влада во петокот реагираше со гнев на одлуката на унгарската влада да му даде политички азил на поранешниот полски заменик министер за правда Марцин Романовски во бегство. Будимпешта го објави азилот во четвртокот навечер. Овој потег означува дополнителен пад на односите меѓу Полска и Унгарија, при што полскиот министер за надворешни работи Радослав …

Орбан му даде политички азил на поранешен полски министер, Варшава гневна Read More »

„Најхрабрата жена на светот“: Весниците за пресудата на силувачите на Жизел Пелико


  Вестите за пресудите во најголемото судење за силување во француската историја ги полнат насловните страници во Европа денес. Откако францускиот суд осуди 51 маж за силување, обид за силување и сексуален напад на Жизел Пелико, таа им се обрати на поддржувачите, велејќи дека мисли „на непризнаените жртви, чии приказни често остануваат во сенка“. Еден …

„Најхрабрата жена на светот“: Весниците за пресудата на силувачите на Жизел Пелико Read More »

Што е платежниот европски систем СЕПА и што ќе значи тоа за фирмите и за граѓаните


Црна Гора и Албанија пред неполн месец беа примени во Единствената област за плаќања во евра (СЕПА) како први земји од Западен Балкан, а Македонија очекува наскоро да се приклучи како 39. членка на овој систем на плаќања на Европската унија кој ги поедноставува банкарските трансфери деноминирани во евра. Во едно промотивно видео на Европската …

Што е платежниот европски систем СЕПА и што ќе значи тоа за фирмите и за граѓаните Read More »

(Галерија) Скопје се задушува во смог


Смогот повторно го поклопи Скопје, придонесувајќи македонската метропола уште еднаш да се најде меѓу најзагадените градови во светот, според податоците на платформата IQAir. Индексот на квалитетот на воздухот попладнево по 16 часот беше 154 и ја доби ознаката „нездраво“, додека количината на ПМ2,5 честичките беше 60,2 милиграми на метар кубен, според податоците на познатата платформа …

(Галерија) Скопје се задушува во смог Read More »

Кошта ќе се обиде да ја избегне билатерализацијата при проширувањето


  Процесот на проширување е базиран на заслуги и само заслугите можат да бидат основа за проценка на напредокот во пристапувањето, изјави вечерва претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта на прес-конференцијата по завршувањето на Самитот ЕУ-Западен Балкан.  „Билатерализацијата не е фер начин во проширувањето и треба да ја избегнуваме. Јас лично сум посветен де се …

Кошта ќе се обиде да ја избегне билатерализацијата при проширувањето Read More »

Струјата најмногу поскапе за потрошувачите од третиот и четвртиот блок, еве ги износите


Беше најавувано дека струјата може да поскапи од еден до три проценти, но Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) денеска објави дека цената на електричната енергија за домаќинствата од 1 јануари во просек ќе се зголеми за 0,92 отсто. За оние што трошат најмалку, и влегуват во првиот блок, зголемувањето е најмало и изнесува 0,68 проценти, …

Струјата најмногу поскапе за потрошувачите од третиот и четвртиот блок, еве ги износите Read More »

Мицкоски на Калас ѝ ги претставил позициите на владата


  Премиерот Христијан Мицкоски објави дека во Брисел имал средба со новата висока претставничка на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Каја Калас. Средбата се одржа пред најавениот самит ЕУ-Западен Балкан. „На средбата разговаравме од потребата ЕУ да го забрза процесот за интеграции и да направи заложба низ добра волја и заедничко разбирање да …

Мицкоски на Калас ѝ ги претставил позициите на владата Read More »

Министрите на ЕУ до Македонија: Забрзајте ги уставните измени


  Министрите за надворешни работи на ЕУ на денешниот состанок на Советот за општи прашања пред самитот закажан за неделава порачаа дека Македонија треба да ги забрза уставните реформи, односно да ја исполни обврската што сама ја преземала.  „Додека Советот го поздравува тоа што новата влада во Северна Македонија ја прогласи ЕУ интеграцијата како своја …

Министрите на ЕУ до Македонија: Забрзајте ги уставните измени Read More »

„Машинерија на смртта“: Во сириските масовни гробници закопани 100.000 луѓе


  КУЈТАФА, Сирија – Меѓународен обвинител за воени злосторства во вторникот рече дека доказите што се појавија од местата за масовни гробници во Сирија ја разоткриле државната „машина на смртта“ под соборениот лидер Башар ал Асад, во која тој процени дека повеќе од 100.000 луѓе биле мачени и убиени од 2013 година. Говорејќи по посетата …

„Машинерија на смртта“: Во сириските масовни гробници закопани 100.000 луѓе Read More »

Албанија денес отвори ново преговарачко поглавје, Македонија останува заглавена


  Премиерот Еди Рама ја предводеше албанската делегација овој вторник во Брисел на третата  меѓувладина конференција со ЕУ на која беше отворена нова втора група преговарачки поглавја, при што албанскиот премиер најави дека амбицијата е идната година – да се отворат повеќе. Со тоа Албанија истрча пред Македонија во евроинтеграцијата и очекувањата се дека ќе …

Албанија денес отвори ново преговарачко поглавје, Македонија останува заглавена Read More »

Како украински агенти го убија клучниот руски генерал во Москва


  Висок руски генерал загина откако експлозивна направа скриена во електричен тротинет детонираше пред станбена зграда во Москва, во напад за кој одговорноста ја презема Украина, а кој претставува еден од најхрабрите насочени атентати на висок воен функционер од инвазијата на Русија на земјата. Генерал-полковник Игор Кирилов, началникот на воената единица за хемиско, биолошко и …

Како украински агенти го убија клучниот руски генерал во Москва Read More »

Ковачевски и Димовски, сепак, не се дел од истрагата за „Лотарија“


  Поранешниот премиер Димитар Ковачевски и генералниот секретар Методија Димовски не се опфатени со истрагата за случајот ,,Лотарија”, во кој еден од осомничените е вицепремиерот Артан Груби, пишува „Фокус“. Според порталот, забуната во јавноста настанала поради тоа што Ковачевски и Димовски биле опфатени со кривичната пријава на МВР и Финансиската полиција, каде што се пријавени …

Ковачевски и Димовски, сепак, не се дел од истрагата за „Лотарија“ Read More »

Агелер е задоволна што Груби се најде на црната листа


  Американската амбасадорка Анџела Агелер вели дека сите во Македонија знаеле кој е корумпиран и таа е задоволна што на листата се нашол поранешниот висепремиер Артан Груби. „И моја претпоставка е дека веројатно никој во оваа земја, меѓу граѓаните, во судството… не бил изненаден кога го видел неговото име на листата. Една од работите што …

Агелер е задоволна што Груби се најде на црната листа Read More »

Бугарскиот премиер Главчев ја обвини Македонија за „неевропско однесување“


  Ден пред самитот ЕУ-Западен Балкан и три дена пред средбата на лидерите на ЕУ, бугарскиот премиер Димитар Главчев ја потврди позицијата на Софија  во однос на продолжувањето на преговорите на Македонија со блокот и ја обвини нашата земја за „неевропско однесување“. Главчев денеска за ова разговарал телефонски со претседателот на Европскиот совет, Антонио Коста, …

Бугарскиот премиер Главчев ја обвини Македонија за „неевропско однесување“ Read More »

Средношколци во Нови Сад блокираа елитна гимназија, директорот клечи пред влезната врата


  Ученици од новосадската гимназија „Јован Јовановиќ -Змај“ од утрово го блокираа влезот во училиштето, по синоќешен договор на пленум каде усвоија неколку барања, јавија српските медиуми. Учениците, меѓу другото, бараат директорот на гимназијата Радивоје Стојковиќ да ја повлече изјавата од 29 ноември, како и директорот и училишниот одбор јавно да им се извинат на …

Средношколци во Нови Сад блокираа елитна гимназија, директорот клечи пред влезната врата Read More »

Полицијата го претресува домот на Артан Груби, тој се јави од Косово


  Медиуми блиски до властите од утрово јавуваат дека полицијата направила претрес во повеќе домови поради сомнежи за организиран криминал во Државна лотарија. Според нивните информации, претрес бил извршен и во домот на поранешниот вицепремиер Артан Грби, но Откако вчера проструија информации дека ја напуштил Македонија тој не би пронајден таму. Груби на Фејсбук објави …

Полицијата го претресува домот на Артан Груби, тој се јави од Косово Read More »

Александар Николоски – алтернативен шеф на дипломатијата или дури алтернативен премиер?


  Паметиме во долгите години на спорот со Грција владата во Атина секогаш имала министер за надворешни работи и алтернативен шеф на дипломатијата. Нивните улоги беа исти или слични. Главната задача им е да ја конципираат надворешната политика на Грција. Во новата македонска влада се конципира една таква улога, само што министрите се од два …

Александар Николоски – алтернативен шеф на дипломатијата или дури алтернативен премиер? Read More »

Последните часови на Асад во Сирија: измама, очај и бегство


  Башар ал Асад речиси никому не му се доверуваше за неговите планови да избега од Сирија додека неговото владеење пропаѓаше. Наместо тоа, помошниците, службениците, па дури и роднините биле измамени или држени во незнаење, изјавија за Ројтерс повеќе од десетина луѓе со знаење за настаните. Неколку часа пред да побегне во Москва, Асад на …

Последните часови на Асад во Сирија: измама, очај и бегство Read More »

Црна Гора затвора три кластери, Албанија отвора нов, Македонија и натаму бара гаранции од ЕУ


  Во некакво чувство дека не сме осамени од регионот како држава на која ѝ се случуваат блокади на патот кон ЕУ, вчерашната вест дека Хрватска ставила блокада на Црна Гора при затворањето на поглавјето за надворешна, безбедносна и одбранбена политика изгледаше како мелем за повредената македонска гордост. Заедно со неуспешноста по втор пат на …

Црна Гора затвора три кластери, Албанија отвора нов, Македонија и натаму бара гаранции од ЕУ Read More »