Пожари беснеат во Македонија, Турција, Грција и во Албанија, невремиња во Романија, Хрватска…


Додека во Македонија, Турција, Грција и Албанија беснеат пожари, други делови на Балканскиот полуостров, како Романија, Хрватска, Словенија… се соочуваат со сосема други непогоди – страшно невреме, врнежи, град, поплави. Некаде и со човечки жртви. Во Македонија секојдневно се регистрираат десетици пожари и се мобилизирани сите капацитети со кои што располага  државата, а повикан е и ЕУ-механизмот […]

Тунелот на Деве Баир нема да заврши на слеп колосек: Бугарија објави тендер за пругата кон Македонија


Споровите меѓу Бугарија и Северна Македонија во врска со изградбата на стратешкиот Коридор 8, кој треба да го поврзе Црното Море со Јадранското Море, се чини дека веќе се надминати со помош на Европската комисија. Денес, Националната компанија „Железничка инфраструктура“ (НРИК) објави тендер за изградба на 2,4 километри пруга од Ѓуешево до границата со Северна […]

ЕУ и САД постигнаа трговски договор, со царини од 15% за европскиот извоз во Америка


Лондон – Соединетите Американски Држави и Европската Унија постигнаа трговски договор, соопшти попладнево американскиот претседател Доналд Трамп. Изјавата доаѓа по средбата на претседателот на САД со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во едно од неговите голф-одморалишта во Шкотска. Трамп изјави дека договорот со ЕУ е „најголемиот договор што некогаш е направен” и […]

Реакција од Италија: Срамни и недозволиви беа условите на олимпијадата!


Претседателот на Италијанската таеквондо федерација, Анџело Чито, изрази сериозна загриженост и разочараност, нарекувајќи ги условите во кои се одржа настанот „срамни и недозволиви за едно европско спортско натпреварување“. „Младите ги заслужуваат сите пофалби за покажаната пожртвуваност, но ова што го доживеавме е апсолутно недозволиво. Настапуваа во услови кои не само што не беа достојни за […]

Почна бегањето од одговорноста, министерот за спорт се прогласи ненадлежен за спортскиот настан


Министерството за спорт не е организатор на Европскиот младински олимписки фестивал ЕМОФ 2025. Организатори на овој спортски фестивал што се одржува деновиве во Македонија се Македонскиот олимписки комитет (МОК) и Град Скопје. Сѐ што беше побарано од нас како Влада и како Министерство за спорт во однос на логистика и финансиска поддршка, го исполнивме во […]

Татјана Димитровска ја прати оставката до Собрание


  Кабинетот на претседателот на Собранието информира дека претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Татјана Димитровска, денес поднесе оставка од нејзината функција.  Димитровска е обвинета во предметот „Адитив“ за одавање државна тајна.  Според обвинението, од мај до декември 2024 година на неповикано лице обвинето во предметот „Адитив“ на друг начин му сторила […]

Протекоа детали од телефонскиот разговор кој го натера Трамп да му сврти грб на Путин


  Беше рано утрото на 4 јули кога генералот Кит Келог, специјалниот претставник на американскиот претседател Доналд Трамп за Украина, доби повик од Полска. На другата страна од линијата, објавува лондонски „Телеграф“, беше Радослав Сикорски, полскиот министер за надворешни работи, со она што може да биде една од најважните интервенции по руската инвазија на Украина. […]

Потресни слики од Газа. Децата гладуваат и умираат: „Нивните мали тела се гасат“


  По четири месеци израелска опсада, малкуте преостанати болници во Газа отворија одделенија за да го сместат растечкиот број тешко неухранети деца. Лекарите се толку гладни што чувствуваат вртоглавица додека ги посетуваат пациентите, а новинарите што ја следат ситуацијата на терен честопати се премногу слаби за да стигнат до клиниките, објавува „Вашингтон пост“. Хуманитарните организации […]

Колку навистина ќе се зголемат пензиите, за илјада денари или за повеќе?


  Колку, всушност, ќе се зголемат пензиите во септември годинава и во март идната година? Дали тоа ќе биде два пати по илјада денари, како што првично беше најавено, или помалку, или можеби повеќе, како што навестува Предлог-законот за изменување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување, кој по скратена постапка е доставен во Собранието. […]

Македонија „под вршник“, да се почитуваат препораките за заштита од високи температури


Под влијание на топлотниот бран што ја зафати земјава, дневните температури до сабота ќе бидат над јулскиот просек и ќе се движат од 34 до 38 степени во југозападниот, источниот и североисточниот регион, од 32 до 38 во Полошкиот регион, од 38 до 40 во Пелагонија и од 38 до 43 степени во Скопскиот, Вардарскиот […]

СДСМ: Дури 318.000 пензионери ќе бидат оштетени со линеарното зголемување на пензиите


  Владата им подготвува историска измама на пензионерите кои со линеарното зголемување ќе бидат оштетени не еднаш туку двапати и ќе бидат погодени најголемиот дел од нив, односно над 318.000 пензионери, реагираат од опозициската СДСМ, кои денеска во соопштение ја презентираа својата пресметка за последиците од овој модел. „Пензионерите не само што се оштетени сега, […]

Ердоган подготвува нов „Век на Турција“


  (Од нашиот известувач) ИСТАНБУЛ/АНКАРА – Со помоќен глас од тоа што годините му го дозволуваат, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на денот на одбележувањето на годишнината од обидот за државен удар во 2016 година ја опиша визијата за нова Турција. Според него, тоа ќе биде „Турција ослободена од тероризам, во ист таков регион што […]

Мицкоски со нов став за пензиите: Процентуалното зголемување ќе се распредели подеднакво на сите


  Премиерот Христијан Мицкоски денеска го модифицираше ставот за зголемување на пензиите – наместо претходно бомбастично најавените во интервју за Канал 5 илјада денари во септември и исто толку во март идната година, тој сега вели дека износот од процентуалното зголемување ќе се распредели на сите пензионери подеднакво. Ова е трето менување на ставот на […]

Академик Ќулавкова остро против предлогот на Мицкоски и Милошоски: Тоа е „руски рулет“ за Македонија


  Катица Ќулавкова, член на МАНУ, остро го нападна предлогот на премиерот Христијан Мицкоски, а потоа разработен од пратеникот Антонио Милошоски, Македонија преку бугарските пратеници во Европскиот парламент да да поднесе резолуција во која „јасно ќе стои македонскиот многувековен посебен идентитет и јазик… и да почнеме да испорачуваме“. Ќулавкова, која е позната по застапувањето на […]

И ДКСК индиректно поддржа оставка на Димитровска


  Државната комисија за спречување на корупција реагираше на повиците во јавноста  претседателката Татјана Димитровска, поради покренатите обвиненија против неа. Индиректно Антикорупциска ја повикува Димитровска да си поднесе оставка, откако Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција поднесе две обвиненија против неа:  едното за издавање службена тајна во случајот „Адитив“, а другото за тоа што […]

Дали Владата ќе заштеди со линеарното зголемување на пензиите од 1.000 денари?


  Линеарното зголемување на пензиите од 1.000 денари во октомври годинава (за септемвриските пензии) и исто толку во април идната година (за пензиите за март 2026 година) би можело да ја чини Владата помалку во вкупен износ во однос на законскиот принцип за процентуално зголемувања на примањата на пензионерите. До крајот на годинава, за зголемувањето […]

„Одредете си цена за вашите деца“: Тешки детали од средбата на родителите од Кочани со премиерот Мицкоски


  Брегот не стигна кај родителите, затоа тие отидоа кај брегот. Неколку месеци родителите на загинатите и повредените млади луѓе од Кочани ги чекаат премиерот Христијан Мицкоски и претседателката Гордана Сиљановска-Давкова да ги посетат во нивниот град и отворено пред јавноста да разговараат за нивната тага, за опустошените семејства, за истрагата, за виновниците, за финансискиот […]

Две обвинувања за претседателката на Антикорупциска: Оддавала службена тајна и друг полагал за неа безбедносен сертификат


  Претседателката на Антикорупциската комисија, Татјана Димитровска, е наведена на два пати во обвинителниот акт што денеска го објави Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) – еднаш дека оддавала службени тајни во случајот „Адитив“, а друг пат дека побарала од нејзин колега во Државниот завод за ревизија да го […]

Реакција од Владата: Не се точни наводите од обраќањето на родителите од Кочани


  Владата преку Секторот за односи со јавноста тврди дека со пренесување на јавното обраќање на родителите од Кочани се правело злонамерно дефокусирање. И дека таа прави сѐ да се решат проблемите по трагедијата во Кочани и ќе прави уште повеќе. Таа тврди дека наводите во обраќањето не биле точни. И повторно апелира да не […]

Спуштени тензиите: Mакедонија и Бугарија ќе го градат тунелот на Деве Баир според постоечкиот проект


  Во Брисел се одржа средба на ретко разбирање во последно време меѓу Македонија и Бугарија. И тоа во секторот каде што имаше голема напрегнатост до пред два-три месеци: во транспортот. делагации на двете министерства за транспорт со посредство на ЕУ се договорија не само да продолжат, туку и да се забрзаат активностите во изградбата […]