Одложена е исплатата од Планот за раст на ЕУ за земјите од Западен Балкан


  Првите исплати од Европскиот план за раст нема да бидат извршени во првиот дел од оваа година. Според објаснувањето на прес-службата на Европската комисија (ЕК), плаќањата нема да се вршат пред средината на оваа година, јави РСЕ. „Европската комисија сега ги финализира процедуралните чекори, што треба да овозможат ослободување на предфинансирањето што е можно …

Одложена е исплатата од Планот за раст на ЕУ за земјите од Западен Балкан Read More »

Што си кажаа министрите Муцунски и Георгиев во Минхен


Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денеска на маргините на Безбедносната конференција во Минхен, Сојузна Република Германија, се сретна со шефот на бугарската дипломатија Георг Георгиев. Ова е прва ваква средба на министрите за надворешни работи, откаоо неодамна во Бугарија по долг период поолитичка криза, беше формирана политичка влада.  Од македонското МНР …

Што си кажаа министрите Муцунски и Георгиев во Минхен Read More »

Политико: Дали е ова крај за НАТО?


Додека се собраа на самитот, европските официјални лица се уште беа оптоварени од 90-минутниот телефонски разговор на Доналд Трамп со рускиот претседател Владимир Путин, како и од коментарите дадени во Брисел оваа недела од американскиот секретар за одбрана Питер Хегсет. За поранешниот литвански министер за надворешни работи Габриелиус Ландсбергис, најзанемарената линија од обраќањето на Хегсет …

Политико: Дали е ова крај за НАТО? Read More »

Инфлацијата пак добива сила, во јануари била 4,9 отсто


  Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во јануари 2025 година, во однос на декември 2024 година, изнесува 0,2 отсто, соопшти денес Државниот завод за статистика. Во однос на истиот месец лани, пак, индексот на трошоците на животот бележи зголемување од 4,9 отсто, а индексот на цените на мало бележи зголемување од 5,2 …

Инфлацијата пак добива сила, во јануари била 4,9 отсто Read More »

Венс остро ги нападна Европејците дека се исплашени од своите гласачи и од демократијата


  Во опсежен и огнен говор зачинет со европски референци, потпретседателот на САД, Џеј-Ди Венс, ги обвини европските лидери дека ги напуштиле своите корени како „бранители на демократијата“ за време на студената војна со, како што верува, процесот на затворање на неистомислените гласови. Во жестокиот напад врз европските влади, тој зборуваше за игнорирање на волјата …

Венс остро ги нападна Европејците дека се исплашени од своите гласачи и од демократијата Read More »

Не е само челикот, по најавените царини може да страда целиот македонски извоз во САД


  Новиот принцип на реципрочни царини за увозот во САД, може од корен да промени меѓународната трговија, а вој вител сигурно нема да биде поштедена ниту македонската економија. Не само челикот, туку и севкупниот извоз од земјите во светот во САД се најде на удар по најновата одлука на американскиот претседател Доналд Трамп за реципрочни …

Не е само челикот, по најавените царини може да страда целиот македонски извоз во САД Read More »

Два месеци е закочен откупот на јагнето, сточарите гневни


  БИТОЛА – Два месеци нема откуп на јагне во државата, а одгледувачите на овци се загрижени не само за откупот, туку и за цената. Тие вината ја гледаат кај кланичарите и револтирано велат дека биле уценети да го дадат јагнето за 200 денари килограм. Лани јагнето се продаваше за 300 денари килограм жива мера, годинава …

Два месеци е закочен откупот на јагнето, сточарите гневни Read More »

Нема светло во „тунелот“ со Бугарија


  Бугарскиот медиум БГНЕС денес објави специјално подготвен филм за 150-годишнината од неизградбата на Коридорот 8, при што вината за овој сѐ уште нереализиран проект ја препиша подеднакво на владите во  Македонија и во Бугарија.  Според опишаното, по пругата во Ѓуешево поминуваат повеќе мачки скитници отколку возови, портите на станицата се заклучени, а таа повеќе …

Нема светло во „тунелот“ со Бугарија Read More »

Европа шокирана по потегот на Трамп за Украина: „Ова е изневерување и предавство“


  Американскиот претседател Доналд Трамп најави итен почеток на мировните преговори меѓу Русија и Украина по, како што рече, „долгиот и многу продуктивен“ разговор со рускиот претседател Владимир Путин. Веста за договорот предизвика бурни реакции во меѓународната заедница, а најмногу ги шокираше европските сојузници на Украина. Поранешниот британски министер за надворешни работи Џејмс Клеверли остро …

Европа шокирана по потегот на Трамп за Украина: „Ова е изневерување и предавство“ Read More »

Уставниот суд поведе постапка за измените на Кривичниот законик


  Уставниот суд одлучи да поведе постапка за измените на Кривичниот законик, соопштија од судот. Одлуката следува по денешната седница на која Уставниот суд расправаше за иницијативата за измените на Кривичниот законик од септември 2023 година кои вклучуваа намалување на казните за функционерите, што предизвика реакции и спротивставени мислења за уставноста на законот. Мнозинството од судиите на седницата …

Уставниот суд поведе постапка за измените на Кривичниот законик Read More »

Владата ќе ги ограничи маржите за 100 групи производи, мерката ќе важи до 30 април


  Владата денеска реши да се замрзнат маржите на основните прехранбени и непрехранбени производи, како мерка со која верува дека ќе застане на пат на високите цени во маркетите. Маржите во трговијата на мало ќе се ограничат на 10 отсто, а исто толку и во трговијата на големо. Министерството за економија и труд е задолжено …

Владата ќе ги ограничи маржите за 100 групи производи, мерката ќе важи до 30 април Read More »

Владата ќе го разрешува државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски


  Владата донесе одлука да поведе постапка за разрешување на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски.  Одлуката, попладнево на прес-конференција, ја соопшти портпаролката на Владата, Марија Митева. „Разочараноста на Владата од постапувањето надвор од законските надлежности, разочараноста на граѓаните од системот кој не функционира, а секојдневното продолжување со ваквите состојби резултира со нарушена доверба и нефункционирањето …

Владата ќе го разрешува државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски Read More »

За падот на листата за корупција Мицкоски ја обвини СДСМ


  Премиерот Христијан Мицкоски го коментираше најновиот рејтинг на „Транспаренси интернешенл“ за перцепцијата на корупцијата, на кој Македонија забележува уназадување за два поени и пад од 12 места. „Логичен е тој извештај, и добро е што два затоа што мислев дека е повеќе по оние коруптивни скандали на минатата влада. Ако ги видите сите седум …

За падот на листата за корупција Мицкоски ја обвини СДСМ Read More »

Македонија падна дури 12 места подолу во годинашниот Индекс за корупцијата


  Нова влада веќе осум месеци, голема вербална војна против корупцијата, а резултатите на Македонија на Индексот за корупција на „Транспаренси интеренешенал“ се полоши од оние за претходната година. Во Индексот за корупција објавен денеска, а се однесува на 2024 година, Македонија има пад од дури 12 места. На глобалната скала Македонија има 40 поени …

Македонија падна дури 12 места подолу во годинашниот Индекс за корупцијата Read More »

И македонската челична индустрија на штрек поради најавените царини на Трамп


  Царините што ги најави американскиот претседател Доналд Трамп и кои треба да ги обелодени денес или утре, би можеле да го погодат и македонскиот челик, доколку не биде направена некоја отстапка за одделни земји. САД не се во врвот на најголемите македонски надворешно-трговски партнери, според вредноста на размената за минатата година се на 17-то …

И македонската челична индустрија на штрек поради најавените царини на Трамп Read More »

Тешката задача за Албин Курти – како да формира влада


  Косовската владејачка партија Самоопределување е на пат да победи на парламентарните избори во земјата, но ќе треба да преговара за коалиција со другите партии за да формира влада, покажуваат резултатите. Со преброени 90 отсто од гласовите, левичарското Самоопределување на премиерот Албин Курти освои 41 отсто. Изборниот резултат ќе биде пад за десетина проценти од …

Тешката задача за Албин Курти – како да формира влада Read More »

Софија му порачува на Скопје да се држи до обврската за уставни промени


  Новата бугарска влада соопшти дека одбива да преговара со Северна Македонија за олабавување на условите под кои Скопје може да ги започне преговорите за членство во ЕУ, наведува бриселскиот портал „Еурактив“.  „Пред три години, Бугарија и Северна Македонија постигнаа договор, со посредство на Франција, за меѓусебни отстапки за деблокирање на процесот за европска интеграција …

Софија му порачува на Скопје да се држи до обврската за уставни промени Read More »

Трамп рече дека разговарал со Путин за крај на војната во Украина


  Доналд Трамп изјави дека разговарал со рускиот претседател Владимир Путин за преговарачкиот крај на тригодишната руско-украинска војна, што укажало дека руските преговарачи сакаат да се сретнат со американските колеги. Трамп за „Њујорк пост“ изјави дека разговарал со Путин, истакнувајќи дека „подобро да не кажам“ само колку пати. Во коментарите за медиумот во петокот на …

Трамп рече дека разговарал со Путин за крај на војната во Украина Read More »

Зошто „Тајм“ го стави Илон Маск како претседател на насловната страница?


  Во провокативен потег кој би можел да има за цел да го разгори гневот на претседателот Доналд Трамп, најновата насловна страница на магазинот „Тајм“ го прикажува Илон Маск зад Резолутното биро во Овалната соба. Тековното издание на раскажуваното двонеделно издание, познато по своите историски значајни насловни страници, доаѓа во момент кога Трамп им даде …

Зошто „Тајм“ го стави Илон Маск како претседател на насловната страница? Read More »

Тошковски ќе воведе тестови за дрога, одземање возила, автоматско санкционирање на нерегистрираните…


Министерот Панче Тошковски на денешната расправа за безбедноста на сообраќајот во Собранието најави драстични законски измени и ригорозни казни за да се смени, според него, недостигот на правна култура кај ѓраѓаните наспроти создавањето култура на неказнивост. Притоа тој најави дека забрзано се работи на промените и дека мерките ќе вклучат правење на терен тестови за …

Тошковски ќе воведе тестови за дрога, одземање возила, автоматско санкционирање на нерегистрираните… Read More »