Орбан има поклоници надвор, но власта му пука дома


  Дописникот на Би-Би-Си од Будимпешта, Ник Торп, направи една анатомска анализа за драматичниот развој на политичката ситуација во Унгарија и како моќта на премиерот Виктор Орбан се распаѓа. И тоа во моментите кога „силниот премиер“ го инспирираше прирачникот на Доналд Трамп. Од резултатот на изборите во април 2026 ќе зависи развојот на настаните во […]

Напаѓачот на Данела Арсовска од домашен оди во затворски притвор


  Кривичниот суд денеска одлучи да му се замени домашниот со затворски притвор на напаѓачот на скопската градоначалничка Арсовска. „Имено, С.Љ. осомничен за кривичното дело Насилство од чл. 386 ст.3 вв ст.1 од КЗ, а поврзано со нападот на градоначалничката на Град Скопје, кој на 12.07.2025 год. беше спроведен во судот, првично му беше определена […]

За автопатот Кичево – Охрид ќе требаат уште пари, но и повеќе време да се заврши


  За автопатот Кичево – Охрид ќе бидат потребни дополнителни средства, но по сѐ изгледа и неколку месеци повеќе до целосното пуштање во употреба. Ова денес го соопшти премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања по отчетот во Царинската управа за резултатите од работењето. Мицкоски не прецизираше уште колку пари ќе бидат потребни за завршување […]

Што се случува со грозјето? Лoзарите велат дека има голем грабеж со цената, власта се фали


  БИТОЛА – Рекордна цена за грозјето од реколтата за 2025 година или грабеж и манипулација на лозарите. Бурни реакции предизвика денеска објавената цена за „вранецот“ и „смедеревката“ од страна на Министерството за земјоделство. Власта се пофали, а лозарите се жалат на манипулации и бараат од Министерството да ја соопшти производната цена на грозјето, а […]

Обвинителството го демантираше Тошковски, Данела е таа што била нападната


  За помалку од 20 часа Основното јавно обвинителство Скопје  ги демантираше шпекулациите на министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, кој синоќа преку националните телевизии сугерираше дека можеби градоначалничката на Скопје го предизвикала сериозниот инцидент во Чаир. Според соопштението на обвинителството, за сѐ се виновни двајца напаѓачи на Арсовска, а за едниот се бара притвор. […]

Трамп објави царини од 30 отсто против ЕУ и Мексико кои ќе почнат на 1 август


  Претседателот на САД, Доналд Трамп, во саботата објави дека воведува царини од 30 отсто против Европската унија и Мексико. Трамп ги објави царините за двајца од најголемите трговски партнери на Соединетите Американски Држави во писма објавени на неговиот профил на социјалните мрежи. Во своето писмо до мексиканската претседателка Клаудија Шајнбаум, Трамп призна дека земјата […]

Не е важно дали била тепана Арсовска, за власта е важно кој ја поддржувал


  Големата приказна за инцидентот со градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, веќе почна да се префрла од полето за истрага за нападот врз неа во партиски обвинувања. Самиот факт дека еден функционер е нападнат, а при тоа е жена и мајка од поголема група луѓе во скопски Чаир се претвора во мизогониска политичка пресметка. Владејачката […]

(ВИДЕО) Данела Арсовска нападната од 30 луѓе додека проверувала дивоградба во Чаир


  Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска денеска е физички нападната при извршување на работни задачи во Чаир. Кон неа биле упатени и вербални закани од повеќе лица, а Арсовска била примена во Ургентен центар во ГОБ „8 Септември“ видно вознемирена и со контузии од удирање со клоци и тупаници. Прегледана е од специјалисти. Од […]

Жељасков: Мицкоски треба да најде начин да се извини


  Напнатоста меѓу Софија и Скопје не попушта туку изгледа дека се зголемува. По острата реакција на бугарското министерство за надворешни работи за изјавата на премиерот Христијан Мицкоски околу аналогијата за глушецот и лавот, денеска се јави со оценка и премиерот Росен Жељасков. „Наративот и изразот на премиерот Христијан Мицкоски ќе им бидат оставени на […]

Одбраната на лекарите од Онкологија не ги признава вештачењата – за обвинителката тоа е беспредметно


  Приговорите на одбраната за медицинските вештачења сметаме дека се апсолутно беспредметни и очекуваме таква да биде и одлуката на Судот, изјави јавната обвинителка Ана Гоговска-Јакимовска, по одложувањето на денешното рочиште за случајот „Онкологија“.   Адвокатите на обвинетите лекари во случајот, од друга страна, реагираа на обвинението, оценувајќи го како неосновано, со сериозни материјални и […]

Рубио: Руската армија има 100.000 убиени од почетокот на 2025


  Руската армија трпи големи загуби во војната против Украина, кои нагло се зголемија од почетокот на оваа година, изјави американскиот државен секретар Марко Рубио. „Важно е да се напомене дека од јануари оваа година, на пример, руската страна изгуби 100.000 војници – убиени, а не ранети. А од украинската страна, бројките се помали, но […]

Филипче за политиката на власта: Ветуваа гордост, добивме понижување


  Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, свика денес прес-конференција, како што рече, бидејќи чувствува должност да укаже на длабоката криза во која нѐ води актуелната влада на чело со премиерот Христијан Мицкоски. Тој ја нарече  „маратонска, губитничка и патетична“ вчерашната прес-конференција на премиерот по извештајот на Европскиот парламент, оценувајќи дека по секој нов пораз во […]

„Тотален хаос“: Пентагон престанува да комуницира со европските сојузници и Украина


  Европските земји се држат во темнина за плановите на американската администрација за нивната безбедност и поддршка за Украина. Политиката на Доналд Трамп останува непредвидлива, но ситуацијата е уште полоша во областа на контактите со Пентагон. Се чини дека министерот за одбрана Пит Хегсет стана иритантен дури и за Белата куќа. Украинците и Европејците не […]

ЕП го изгласа извештајот за Македонија, македонскиот јазик и идентитет исчезнаа


  Европскиот парламент денес го изгласа извештајот за Македонија. Известувачот Томас Вајц тоа го поздрави со гест – подугнувајќи ја раката со кренат прст. Ова е прв извештај на Македонија во ЕП за три години, при што Вајц се соочи со многу притисоци, скандали и опструкции од бугарските европарламентарци.   Она што е за нас вест […]

Приведен сопственикот на отпадот во Визбегово, пожарот се гасне од земја и од воздух (фото)


Министерството за внатрешни работи потврди дека е приведен сопственикот на отпадот во Визбегово каде во тек е акција на гаснење на пожарот. Во пожарот е повредено и едно лице.  – До овој момент едно лице е повредено и е пренесено за укажување лекарска помош. Поради непочитување наредба од службено лице, приведен е А.Н., сопственик на […]

Грчко-бугарски фрустрации место дебата за Македонија во ЕП


  Расправата за извештајот на Томас Вајц за прогресот во Македонија кон Европската унија  допре ново политичко дно. Освен тоа што се изредија бугарските европарламентарци за да кажат дека Европскиот парламент не треба да решава за нечиј јазик и идентитет (откако тоа истото го бараа од Европскиот совет кога се пишување Преговарачката рамка), освен што […]

Дали Владата може да ја скроти инфлацијата? Засега, не


  Засега, ништо од заложбите за намалување на инфлацијата. Последните податоци на Државниот завод за статистика покажуваат дека на годишно ниво инфлацијата во јуни и натаму е висока и изнесува 4,5 проценти, а оптимизам не влеваат ниту месечните податоци кои покажуваат дека јуни во однос на мај е поскап за 0,8 отсто. Мерките кои до […]

Сиљановска ја среди Македонија, па дели лекции на ЕУ – имала „сериозен проблем со демократијата“


  Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова одговарајќи на новинарско прашање за отстранувањето на македонскиот јазик и идентитет преку амандман излобиран од бугарски пратеници, вели дека тоа го докажува демократскиот дефицит во ЕУ, вклучувајќи го и Европскиот парламент, којшто, вели, треба да биде дом на европските граѓани. „Не сум шокирана, иако сум длабоко разочарана тоа го кажав, особено […]

УНЕСКО го сврте листот – бара Охридскиот регион да биде означен дека е во опасност


  Комитетот за светско наследство на УНЕСКО во нацрт-документот усвоен во рамки на годинашната 47. Сесија што се одржува во Париз бара Охридскиот регион да биде поместен на Листата светски природни и културни богатства во опасност. По разгледувањето на доставената документација во нацрт-одлуката се посочува дека продолжува деградацијата на атрибутите што го поместија Охридскиот регион […]

Рускиот министер за транспорт беше разрешен, а тој потоа се самоуби


  Поранешниот руски министер за транспорт, Роман Старовоит, е пронајден мртов откако беше сменет, објавија каналите на Телеграм „112“ и „База“, кои се блиски до безбедносните сили. Според нив, функционерот се застрелал во својот дом во селото Мјакинино. Извори велат дека причината може да биде кривично дело – сведоштво против Старовоит дал поранешниот началник на […]