Голем протест со тежок предупредувачки молк во Кочани


  Родителите, роднините и граѓаните на Кочани се неутешни по трагедијата во дискотеката „Пулс“ во која загинаа 62 лица. Денеска во 16,05 часот тие излегоа на уште еден протест кој веројатно беше најголем досега, затоа што на граѓаните им се придружија и луѓе од други градови. Поддршка со присуство на кочанчани денеска им дадоа и …

Голем протест со тежок предупредувачки молк во Кочани Read More »

Брзата пруга до Гевгелија една од клучните инвестиции во договорот со Британија


  Премиерот Христијан Мицкоски денеска оцени дека договорот за стратешко партнерство со Обединетото Кралство претставува втор столб на нашата меѓународна позиционираност по стратешкото партнерство со САД, истакнувајќи дека е потврда  оти нашата држава чекори по патот на стабилноста, безбедноста, развојот и европската иднина. На заедничка прес-конференција со британскиот амбасадор Метју Лосон беа презентирани придобивките од …

Брзата пруга до Гевгелија една од клучните инвестиции во договорот со Британија Read More »

Сите се во Тирана – Мерц, Зеленски, Ердоган, Фон дер Лајен, Стармер… Самитот почна со критики за Путин


  Шестиот самит на Европската политичка заедница (ЕПЗ) „Нова Европа во новиот свет: единство – соработка – заедничко дејствување“, на кој учествуваат 47 шефови на држави или влади, заедно со лидери на клучни европски и меѓународни институции, започна денес во Тирана, главниот град на Албанија. Ова е прв самит на ЕПЗ во Западен Балкан, што …

Сите се во Тирана – Мерц, Зеленски, Ердоган, Фон дер Лајен, Стармер… Самитот почна со критики за Путин Read More »

Сиљановска гневно се сврте против новинарите


  Прилично неочекувано, наспроти нејзините постојани меки јазични изјави, претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова, синоќа имаше една остра тирада против новинарите оценувајќи дека тие знаат да употребуваат „фрустрирачки и малициозен јазик“. Сета оваа неочекувана конверзација се одвиваше за време на емисијата „Вин Вин“ на Оливера Трајковска, која имаше интервју со Сиљановска на првата годишнина од …

Сиљановска гневно се сврте против новинарите Read More »

Кошта: Нема план „Б“ за Македонија, испорачајте го тоа што е договорено


  „Тоа што е договорено во 2022 година е договорено и сега треба да се испорача, нема друго“, порача најјасно што може претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, на денешната заедничка прес-конференција со премиерот Христијан Мицкоски. Мрачните лица на членовите на неговата делегација и доцнењето од 50 минути на прес-конференцијата уште веднаш покажаа дека зад …

Кошта: Нема план „Б“ за Македонија, испорачајте го тоа што е договорено Read More »

Конфузија околу можните преговори на Украина и Русија во Истанбул


  Десетици новинари, дипломати и набљудувачи на Русија се упатија кон Истанбул во четвртокот, со очекувања дека претставници од Русија и Украина – две земји заглавени во крвав конфликт повеќе од една деценија – би можеле да се сретнат лице в лице за прв пат по три години. Малку е познато што би можело да …

Конфузија околу можните преговори на Украина и Русија во Истанбул Read More »

Во вторник ќе се бира гувернер на Народната банка, Мицкоски не открива кого ќе поддржи Владата


  В понеделник, на 19 овој месец ќе биде познато името на личноста која што ќе ја има поддршката на владејачкото мнозинство да биде на чело на Народната банка во наредните седум години, а во вторник предлогот ќе биде ставен и на седница на Собранието. Ова денес го најави премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарски …

Во вторник ќе се бира гувернер на Народната банка, Мицкоски не открива кого ќе поддржи Владата Read More »

Мануел Сарацин: Речиси никој на Балканот не сака да прави реформи


  Мануел Сарацин, до минатата недела специјален преставник на германската влада за Западен Балкан, оцени вчера дека во сите земји на Западен Балкан, со исклучок на Црна Гора и Албанија, нема политичка волја за реформи и дека, колку и да сака ЕУ да ги турне во евроинтеграцијата – не може да го супституира тоа.  Сарацин …

Мануел Сарацин: Речиси никој на Балканот не сака да прави реформи Read More »

Лајен го изгуби спорот пред Европскиот суд за правда за „Фајзер“ вакцините


  Европската комисија погрешила што одбила објавување на текстуалните пораки на Урсула фон дер Лајен со извршниот директор на „Фајзер“, Алберт Бурла, во екот на пандемијата Ковид 19, утврди суд на ЕУ. Вториот највисок суд во Европа го отфрли одбивањето на Европската комисија да му обезбеди на „Њујорк тајмс“ пристап до текстуалните пораки меѓу претседателката …

Лајен го изгуби спорот пред Европскиот суд за правда за „Фајзер“ вакцините Read More »

За смртта на Фросина, Васил доби 12 години затвор – таткото излета од судницата


  По изрекувањето на пресудата за Васил Јованов од 12 години затвор за тоа што ја прегази и ја усмрти Фросина Кулакова на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје, на пешачки премин, под дејство на алкохол, со пребрзо возење и без воопшто да има возачка дозвола, таткото на загинатата ја напушти судницата уште пред да биде …

За смртта на Фросина, Васил доби 12 години затвор – таткото излета од судницата Read More »

Еди Рама освои силен четврти мандат на бранот на еуфоријата за ЕУ


  Социјалистичкиот премиер Еди Рама обезбеди убедливо мнозинство на изборите во Албанија, јавајќи на бранот проевропски расположенија за да стане демократски лидер со најдолг стаж во земјата. „Ова е најскромното искуство во мојот живот – и доаѓа во историски момент за Албанија… како идна земја-членка на Европската унија“, изјави Рама за „Политико“, кој ветувањето за …

Еди Рама освои силен четврти мандат на бранот на еуфоријата за ЕУ Read More »

Заврши пиењето кафиња – партијата на Таравари конечно оди во опозиција


  Крилото на Алијансата на Албанците на Арбен Таравари конечно реши да ја прекине политичката сапуница околу неговото останување во владата на Христијан Мицкоски и врвот на партијата вечерва одлучи да излезе од кабинетот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ. Таравари претходно најави дека ќе излезе и од четиричлената албанска коалиција „Вреди“, а неговите тројца партнери му …

Заврши пиењето кафиња – партијата на Таравари конечно оди во опозиција Read More »

Албанија и Црна Гора ќе се приклучат на ЕУ пред другите, вели Кошта


  Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, се обиде да ги увери земјите-кандидати за ЕУ ​​во Западен Балкан, велејќи дека идната стабилност и просперитет на континентот зависат од проширувањето на блокот. Зборувајќи пред турнејата низ регионот, Кошта им вети дека ЕУ е посветена на повторно започнување на процесот на пристапување, кој во последно време е …

Албанија и Црна Гора ќе се приклучат на ЕУ пред другите, вели Кошта Read More »

Дошол Путин или не дошол, Зеленски ќе оди во Истанбул на 15 мај


  Украинскиот претседател Володимир Зеленски одлучи да отпатува за Истанбул на 15 мај на разговори со Русија, дури и ако Москва отфрли 30-дневен прекин на огнот, изјави украински функционер запознаен со ова прашање за американскиот медиум „Аксиос“. Зеленски претходно изјави дека Киев ќе се согласи да продолжи со директниот дијалог со Москва доколку Русија престане …

Дошол Путин или не дошол, Зеленски ќе оди во Истанбул на 15 мај Read More »

Мицкоски и по една година кажува како треба за ЕУ, а не што постигнал


  ЕУ беше, е и ќе остане наша цел, но за жал, ние сме единствената држава во Европа која нема предизвици втемелени на постигнувања или друг тип критериуми што важат за другите земји кои станале или се во процес да станат земји членки, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски на самитот Македонија 2025. За нас, напомена …

Мицкоски и по една година кажува како треба за ЕУ, а не што постигнал Read More »

Путин ја повика Украина на директни преговори без предуслови на 15 мај во Истанбул


 Рускиот претседател Владимир Путин предложи Русија и Украина да одржат директни преговори, без предуслови, на 15 мај во Истанбул. „Предлагаме властите во Киев да ги продолжат преговорите што ги прекинаа на крајот од 2022 година, да продолжат со директните преговори, без никакви предуслови. Предлагаме без одложување тие да започнат во четврток, 15 мај, во Истанбул, …

Путин ја повика Украина на директни преговори без предуслови на 15 мај во Истанбул Read More »

ВМРО-ДПМНЕ го отфрла предлог законот за помош на настраданите од Кочани


ВМРО-ДПМНЕ го отфрла предлог законот за помош на настраданите од Кочани што го поднесе СДСМ без да најави дали Владата ќе понуди контрапредлог откско семејствата се пожалија дека „се заборавени“ и не можат да се справат со последиците. Место за темата, ВМРО-ДПМНЕ се фокусираше на тоа што правеле досега СДСМ во манирот дека тие се …

ВМРО-ДПМНЕ го отфрла предлог законот за помош на настраданите од Кочани Read More »

Судење за Фросина: Васил призна вина – пред сообраќајката поминал и на две полни ленти


 Васил Јованов, осомничен за кривично дело „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ за сообраќајката од јануари годинава на Булеварот „Партизански одреди“ во Скопје во која животот го загуби Фросина Кулакова, денеска пред Основниот кривичен суд Скопје призна вина за делото. Обвинетиот Васил Јованов, кој е редовен студент и беше спроведен од …

Судење за Фросина: Васил призна вина – пред сообраќајката поминал и на две полни ленти Read More »

Американецот Роберт Превост е новиот папа – го избра името Лав XIV


Кардиналот Роберт Френсис Превост е новиот папа. Тој го избра името Лав XIV. Превост доаѓа од Америка, односно од Чикаго и е првиот папа кој доаѓа од САД. Верниците со нетрпение го очекуваат првиот благослов на новиот папа, познат како „Urbi et Orbi“ – „За градот и светот“. Со своите први зборови како папа, Лав …

Американецот Роберт Превост е новиот папа – го избра името Лав XIV Read More »

Со колку пратеници ќе остане Таравари ако ја смени страната?


Откако станува се поизвесно дека премиерот Христијан Мицкоски ќе му рече збогум на лидерот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари,околу учеството во владината коалиција, почна битката за преземање на петте пратеници на оваа партија. Вреди му ја покажа вратата на Таравари, но пратениците на АА ги повика јавно да останат како дел од коалицијата.Неформалниот координатор …

Со колку пратеници ќе остане Таравари ако ја смени страната? Read More »