Трамп објави царини од 30 отсто против ЕУ и Мексико кои ќе почнат на 1 август


  Претседателот на САД, Доналд Трамп, во саботата објави дека воведува царини од 30 отсто против Европската унија и Мексико. Трамп ги објави царините за двајца од најголемите трговски партнери на Соединетите Американски Држави во писма објавени на неговиот профил на социјалните мрежи. Во своето писмо до мексиканската претседателка Клаудија Шајнбаум, Трамп призна дека земјата …

Трамп објави царини од 30 отсто против ЕУ и Мексико кои ќе почнат на 1 август Read More »

Не е важно дали била тепана Арсовска, за власта е важно кој ја поддржувал


  Големата приказна за инцидентот со градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, веќе почна да се префрла од полето за истрага за нападот врз неа во партиски обвинувања. Самиот факт дека еден функционер е нападнат, а при тоа е жена и мајка од поголема група луѓе во скопски Чаир се претвора во мизогониска политичка пресметка. Владејачката …

Не е важно дали била тепана Арсовска, за власта е важно кој ја поддржувал Read More »

(ВИДЕО) Данела Арсовска нападната од 30 луѓе додека проверувала дивоградба во Чаир


  Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска денеска е физички нападната при извршување на работни задачи во Чаир. Кон неа биле упатени и вербални закани од повеќе лица, а Арсовска била примена во Ургентен центар во ГОБ „8 Септември“ видно вознемирена и со контузии од удирање со клоци и тупаници. Прегледана е од специјалисти. Од …

(ВИДЕО) Данела Арсовска нападната од 30 луѓе додека проверувала дивоградба во Чаир Read More »

Жељасков: Мицкоски треба да најде начин да се извини


  Напнатоста меѓу Софија и Скопје не попушта туку изгледа дека се зголемува. По острата реакција на бугарското министерство за надворешни работи за изјавата на премиерот Христијан Мицкоски околу аналогијата за глушецот и лавот, денеска се јави со оценка и премиерот Росен Жељасков. „Наративот и изразот на премиерот Христијан Мицкоски ќе им бидат оставени на …

Жељасков: Мицкоски треба да најде начин да се извини Read More »

Одбраната на лекарите од Онкологија не ги признава вештачењата – за обвинителката тоа е беспредметно


  Приговорите на одбраната за медицинските вештачења сметаме дека се апсолутно беспредметни и очекуваме таква да биде и одлуката на Судот, изјави јавната обвинителка Ана Гоговска-Јакимовска, по одложувањето на денешното рочиште за случајот „Онкологија“.   Адвокатите на обвинетите лекари во случајот, од друга страна, реагираа на обвинението, оценувајќи го како неосновано, со сериозни материјални и …

Одбраната на лекарите од Онкологија не ги признава вештачењата – за обвинителката тоа е беспредметно Read More »

Рубио: Руската армија има 100.000 убиени од почетокот на 2025


  Руската армија трпи големи загуби во војната против Украина, кои нагло се зголемија од почетокот на оваа година, изјави американскиот државен секретар Марко Рубио. „Важно е да се напомене дека од јануари оваа година, на пример, руската страна изгуби 100.000 војници – убиени, а не ранети. А од украинската страна, бројките се помали, но …

Рубио: Руската армија има 100.000 убиени од почетокот на 2025 Read More »

Филипче за политиката на власта: Ветуваа гордост, добивме понижување


  Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, свика денес прес-конференција, како што рече, бидејќи чувствува должност да укаже на длабоката криза во која нѐ води актуелната влада на чело со премиерот Христијан Мицкоски. Тој ја нарече  „маратонска, губитничка и патетична“ вчерашната прес-конференција на премиерот по извештајот на Европскиот парламент, оценувајќи дека по секој нов пораз во …

Филипче за политиката на власта: Ветуваа гордост, добивме понижување Read More »

„Тотален хаос“: Пентагон престанува да комуницира со европските сојузници и Украина


  Европските земји се држат во темнина за плановите на американската администрација за нивната безбедност и поддршка за Украина. Политиката на Доналд Трамп останува непредвидлива, но ситуацијата е уште полоша во областа на контактите со Пентагон. Се чини дека министерот за одбрана Пит Хегсет стана иритантен дури и за Белата куќа. Украинците и Европејците не …

„Тотален хаос“: Пентагон престанува да комуницира со европските сојузници и Украина Read More »

ЕП го изгласа извештајот за Македонија, македонскиот јазик и идентитет исчезнаа


  Европскиот парламент денес го изгласа извештајот за Македонија. Известувачот Томас Вајц тоа го поздрави со гест – подугнувајќи ја раката со кренат прст. Ова е прв извештај на Македонија во ЕП за три години, при што Вајц се соочи со многу притисоци, скандали и опструкции од бугарските европарламентарци.   Она што е за нас вест …

ЕП го изгласа извештајот за Македонија, македонскиот јазик и идентитет исчезнаа Read More »

Приведен сопственикот на отпадот во Визбегово, пожарот се гасне од земја и од воздух (фото)


Министерството за внатрешни работи потврди дека е приведен сопственикот на отпадот во Визбегово каде во тек е акција на гаснење на пожарот. Во пожарот е повредено и едно лице.  – До овој момент едно лице е повредено и е пренесено за укажување лекарска помош. Поради непочитување наредба од службено лице, приведен е А.Н., сопственик на …

Приведен сопственикот на отпадот во Визбегово, пожарот се гасне од земја и од воздух (фото) Read More »

Грчко-бугарски фрустрации место дебата за Македонија во ЕП


  Расправата за извештајот на Томас Вајц за прогресот во Македонија кон Европската унија  допре ново политичко дно. Освен тоа што се изредија бугарските европарламентарци за да кажат дека Европскиот парламент не треба да решава за нечиј јазик и идентитет (откако тоа истото го бараа од Европскиот совет кога се пишување Преговарачката рамка), освен што …

Грчко-бугарски фрустрации место дебата за Македонија во ЕП Read More »

Дали Владата може да ја скроти инфлацијата? Засега, не


  Засега, ништо од заложбите за намалување на инфлацијата. Последните податоци на Државниот завод за статистика покажуваат дека на годишно ниво инфлацијата во јуни и натаму е висока и изнесува 4,5 проценти, а оптимизам не влеваат ниту месечните податоци кои покажуваат дека јуни во однос на мај е поскап за 0,8 отсто. Мерките кои до …

Дали Владата може да ја скроти инфлацијата? Засега, не Read More »

Сиљановска ја среди Македонија, па дели лекции на ЕУ – имала „сериозен проблем со демократијата“


  Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова одговарајќи на новинарско прашање за отстранувањето на македонскиот јазик и идентитет преку амандман излобиран од бугарски пратеници, вели дека тоа го докажува демократскиот дефицит во ЕУ, вклучувајќи го и Европскиот парламент, којшто, вели, треба да биде дом на европските граѓани. „Не сум шокирана, иако сум длабоко разочарана тоа го кажав, особено …

Сиљановска ја среди Македонија, па дели лекции на ЕУ – имала „сериозен проблем со демократијата“ Read More »

УНЕСКО го сврте листот – бара Охридскиот регион да биде означен дека е во опасност


  Комитетот за светско наследство на УНЕСКО во нацрт-документот усвоен во рамки на годинашната 47. Сесија што се одржува во Париз бара Охридскиот регион да биде поместен на Листата светски природни и културни богатства во опасност. По разгледувањето на доставената документација во нацрт-одлуката се посочува дека продолжува деградацијата на атрибутите што го поместија Охридскиот регион …

УНЕСКО го сврте листот – бара Охридскиот регион да биде означен дека е во опасност Read More »

Рускиот министер за транспорт беше разрешен, а тој потоа се самоуби


  Поранешниот руски министер за транспорт, Роман Старовоит, е пронајден мртов откако беше сменет, објавија каналите на Телеграм „112“ и „База“, кои се блиски до безбедносните сили. Според нив, функционерот се застрелал во својот дом во селото Мјакинино. Извори велат дека причината може да биде кривично дело – сведоштво против Старовоит дал поранешниот началник на …

Рускиот министер за транспорт беше разрешен, а тој потоа се самоуби Read More »

Ќе има царини, ќе нема царини, конфузија кај Трамп и тимот околу него


  Доналд Трамп изјави дека неговата администрација планира да почне да испраќа писма во понеделник до американските трговски партнери со кои ќе диктира нови тарифи, во услови на конфузија околу тоа кога новите стапки ќе стапат во сила. „Може да бидат 12, можеби 15 [писма]“, им рече претседателот на новинарите, „и ние исто така склучивме …

Ќе има царини, ќе нема царини, конфузија кај Трамп и тимот околу него Read More »

Бројот на загинати во поплавите во Тексас се искачи на 50. Продолжува потрагата по исчезнатите девојчиња


Бројот на жртви од ненадејните поплави во Тексас, на југот на САД, се искачи на 50, додека потрагата по десетици исчезнати деца продолжува, објавија локалните власти. Силните поплави предизвикани од поројните дождови во петокот оставија 43 мртви во округот Кер, кој беше најтешко погоден, и вкупно седум мртви во три други окрузи, изјавија локалните власти …

Бројот на загинати во поплавите во Тексас се искачи на 50. Продолжува потрагата по исчезнатите девојчиња Read More »

„Марш за ангелите“ во Кочани: Ветуваа дека случајот ќе се расчисти за два месеца, а станаа четири и уште нема ништо


Во молк и без официјално обраќање помина денешниот „Марш за ангелите“ во Кочани, што го организираше граѓанското здружение „16 март 2025 – Кочани“. Родителите на починатите во трагедијата во „Пулс“ рекоа дека решиле да молчат додека не добијат одговор на нивните барања до Владата и до Обвинителството за финансиска и инстутционална помош, како и за …

„Марш за ангелите“ во Кочани: Ветуваа дека случајот ќе се расчисти за два месеца, а станаа четири и уште нема ништо Read More »

Протести и блокади низ цела Србија, Вучиќ ги моли студентите да се откажат


  Во петокот, силни полициски сили спречуваа блокади на кои повикаа студентите во Белград, Нови Сад и Ниш, а неколку лица беа приведени или уапсени, додека обвинителствата и судовите ја засилија својата должност со цел итно да ги гонат приведените за прекршоци или кривични дела. Меѓу приведените е режисерот и професор на Факултетот за драмски …

Протести и блокади низ цела Србија, Вучиќ ги моли студентите да се откажат Read More »

ЕП на чекор до отстранување на „македонскиот идентитет и јазик“ од извештајот


  Трите најголеми политички сили во Европскиот парламент – ЕПП, Социјалисти и социјалдемократи и Обнови ја Европа – се усогласија да ги отстранат термините „македонски идентитет“ и „македонски јазик“ од нацрт-извештајот за напредокот на Северна Македонија, објави БГНЕС. Се очекува мнозинството во пленарната сала во Стразбур на 7 јули да ги поддржи нивните амандмани на …

ЕП на чекор до отстранување на „македонскиот идентитет и јазик“ од извештајот Read More »