Падна и владата на Бајру. Што ќе прави сега Макрон?


  Во исходот што однапред беше предвидлив значително мнозинство пратеници гласаа за соборување на владата на францускиот премиер Франсоа Бајру поради неговите планови за балансирање на сметките на Франција со намалување на буџетот од 43,8 милијарди евра следната година. Само 194 пратеници гласаа за поддршка на Бајру, на кого му беше потребно мнозинство пратеници со …

Падна и владата на Бајру. Што ќе прави сега Макрон? Read More »

Огромен руски напад на Киев, за прв пат погодена и зградата на владата


  Најголемиот руски воздушен напад во текот на ноќта во војната ја запали главната зграда на украинската влада во Киев и остави три лица мртви, вклучувајќи и едно бебе, соопштија украинските власти во неделата. Русија го погоди главниот град на Украина со беспилотни летала и ракети, повредувајќи 18 лица и запалувајќи десетици згради, вклучувајќи ја …

Огромен руски напад на Киев, за прв пат погодена и зградата на владата Read More »

Навистина ли е завршена автопатската делница Климештани –Охрид, или е само пропагандна приказна


  Свеченоста денеска крај Охрид изгледаше како предизборна сцена, затоа што беше објавено дека биле пуштени уште 17 километри од автопатот Кичево – Охрид. Според фотографиите што беа објавени од владата и Министерството за транспорт оваа свеченост покажува сѐ само не завршена делница на автопат. Од фотографии што ги дистрибуираше Министерството за транспорт се гледа …

Навистина ли е завршена автопатската делница Климештани –Охрид, или е само пропагандна приказна Read More »

АНБ истражувала сомнителни финансиски извори на ВМРО-ДПМНЕ?


Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, тврди дека власта е против декласификација на документацијата, поради стравот да не излезат на виделина информации за сомнителни странски финансиски извори поврзани со ВМРО-ДПМНЕ. „Имаше сомнителни извори на унгарскиот кредит, дали се тоа кинески или руски пари, никој не знае. Гледате каков е сојузот помеѓу Русија и Кина на светско …

АНБ истражувала сомнителни финансиски извори на ВМРО-ДПМНЕ? Read More »

Бугарија се плаши од ревизија на консензусот за Македонија во ЕУ


  Единствениот пат напред за Република Северна Македонија е целосно спроведување на договорите од европскиот консензус од јули 2022 година, без можност за нивна ревизија. Ова го изјави премиерот на Бугарија, Росен Жељасков, на заеднички брифинг со претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта, објави БГНЕС. Тој потсети дека бугарските влади на Бојко Борисов добро соработувале …

Бугарија се плаши од ревизија на консензусот за Македонија во ЕУ Read More »

Јаневска призна: Нема учебник за секое дете, а се потрошиле 11 милиони евра


  Со недели наназад, министерката за образование Весна Јаневска уверува дека годинава, сите ученици од прво одделение, до четврта година средно образование ќе имаат учебници и дека оваа Влада го овозможила тоа, како ниедна друга пред тоа. Но, денеска признава дека прблеми има и тоа со повеќе учебници, за повеќе различни одделенија, а осмоодделенците пак, …

Јаневска призна: Нема учебник за секое дете, а се потрошиле 11 милиони евра Read More »

Бројот на вработени во индустријата во минус, производството во плус. Дали се зголемува продуктивноста?


  Веќе месеци наназад, статистичките податоци покажуваат дека се намалува бројот на вработени во индустријата. Последното соопштение на Државниот завод за статистика, објавено деновиве го потврди таквиот тренд – во јули годинава бројот на работниците во индустријата бил помал за 3,8 отсто во однос на истиот месец лани. Уште понеповолна е споредбата во првите седум …

Бројот на вработени во индустријата во минус, производството во плус. Дали се зголемува продуктивноста? Read More »

Власта „штанца“ кривични пријави само против градоначалници на СДСМ и ДУИ


  Уште еден градоначалник на СДСМ заработи кривична пријава за злоупотреба на службената положба, што се повеќе личи на селективна правда за да се издевалвира оваа партија пред престојните локални избори, па и наликува на политички прогон.  Како што информираше денес МВР, поднесени се кривични пријави за градоначалникот на Општина Росоман, Стојан Николов и за …

Власта „штанца“ кривични пријави само против градоначалници на СДСМ и ДУИ Read More »

Вардариште – апокалипса среде Скопје!


  Во фокусот на вниманието на скопјани деновиве е Вардариште откако во неделата се запали (повторно и повторно), па поголемиот дел од Аеродром остана без струја. Чадот, лошата миризба, смрдеата се гратис. Но, ретко кој од тие што се гневни на децениски нерешениот проблем со поранешната депонија Вардариште, која одвреме-навреме или сѐ почесто ги труе …

Вардариште – апокалипса среде Скопје! Read More »

ЕУ ги објави остварувањата за Планот за раст – Албанија и Србија добија чиста „нула“


  Европската комисија ја објави табелата со резултати од Механизмот за реформи и раст за Западен Балкан. Таа го прикажува напредокот на Македонија и другите земји кандидати за членство во спроведувањето на реформите, вклучувајќи ги исполнетите чекори и исплатените износи. Од она што може да се види, ЕУ не им прогледува низ прсти на земјите, …

ЕУ ги објави остварувањата за Планот за раст – Албанија и Србија добија чиста „нула“ Read More »

Како „класифицираните документи“ на АНБ стигнаа во рацете на прислушуваните?


  Кога ќе се тргне настрана фолклорот, од типот „невиден скандал“ и слични оценки, останува пораката дека ВМРО-ДПМНЕ нема намера да ги декласифицира документите врз основа на кои партискиот директор на Агенцијата за национална безбедност, Бојан Христовски, тврди дека АНБ спроведувала специјални мерки против лидерот на опозицијата и новинари, бизнисмени и други политичари. Иако од …

Како „класифицираните документи“ на АНБ стигнаа во рацете на прислушуваните? Read More »

Ши и Путин разговарале за продолжување на животот до 150 години


  Кинескиот лидер Ши Џинпинг го покренал прашањето за продолжување на животниот век во приватен разговор со рускиот претседател Владимир Путин и севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун. Тие разговараа за ова прашање на пат кон плоштадот Тјенанмен во Пекинг, објави Блумберг. Разговорот беше снимен во живо. Ши рече дека „луѓето порано ретко живееле до 70 години“, …

Ши и Путин разговарале за продолжување на животот до 150 години Read More »

„Еурактив“: Ветата на Бугарија и Унгарија ја фрустрираат ЕУ, десет земји бараат мнозинско гласање


Околу десетина земји сакаат да ги променат правилата на гласање во ЕУ, така што само  мнозинство гласање – не на целиот состав од 27 држави – ќе биде потребно за да се отвори нов кластер во преговорите за пристапување, токму  фазата во која Унгарија ги блокира Киев и Кишињев. Едногласноста би останала неопходна на почетокот …

„Еурактив“: Ветата на Бугарија и Унгарија ја фрустрираат ЕУ, десет земји бараат мнозинско гласање Read More »

СДСМ бара итна декласификација на документите за наводното прислушување


  СДСМ бара итна декласификација на целата документација од случајот кој власта во јавноста го презентираше како афера за прислушување, напиша во средата изутрина лидерот на партијата Венко Филипче на својот Фејсбук профил. Тој вели дека за декласификација има јасна постапка по која АНБ може да ги обелодени сите информации и документи. Случајот треба да …

СДСМ бара итна декласификација на документите за наводното прислушување Read More »

Директорот на АНБ им делеше плакети на премиерот и министри


  Пред една година пишуваше на Фејсбук: „Нека е честит петтиот и последен роденден на Агенцијата за национална безбедност“, а вчера како директор на АНБ изјави дека со гордост го одбележува денот на Агенцијата. Така му се промени светогледот на Бојан Христовски откако стана директор на АНБ. Пред една година, на 1 септември 2024 Христовски …

Директорот на АНБ им делеше плакети на премиерот и министри Read More »

Сашо Дранго слави роденден со торта со мечка и се подбива со истрагата на обвинителството


  БИТОЛА – Ветеранот на ВМРО-ДПМНЕ, демирхисарецот Сашо Дранго, синоќа славел роденден со иконографија со мечка, а многумина според деталите го протолкуваа како мајтап за истрагата што се води против него за реалната фотографија со отепаната мечка околу Нова година. Славеникот Дранго роденденот го овековечил со фотографија со торта на која има илустрација од неговиот …

Сашо Дранго слави роденден со торта со мечка и се подбива со истрагата на обвинителството Read More »

Во ЕУ ќе влезат оние земји чии лидери се посветени на членството, порача Марта Кос од Бледскиот форум


  Западниот Балкан секогаш е голем дел од Бледскиот стратешки форум, регионот се смета за клучен за зачувување на геополитичката тежина на ЕУ. Во Блед во 2023 година, претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, даде ветување дека ЕУ ќе биде подготвена да прими нови членови од регионот до 2030 година. Гледајќи го ветувањето две години …

Во ЕУ ќе влезат оние земји чии лидери се посветени на членството, порача Марта Кос од Бледскиот форум Read More »

Драма на летот на Урсула фон дер Лајен: Авионот остана без ГПС над Бугариja, сомнежите се кон Кремљ


  Сомнителен руски напад насочен кон Урсула фон дер Лајен ја оневозможил навигацијата на нејзиниот авион на бугарскиот аеродром и ги принудил пилотите да слетаат користејќи хартиени мапи, објави „Фајненшл тајмс“. Авионот која ја носеше шефицата на Европската комисија кон бугарскиот град Пловдив ги изгубил своите електронски навигациски помагала во неделата попладне додека се приближувал …

Драма на летот на Урсула фон дер Лајен: Авионот остана без ГПС над Бугариja, сомнежите се кон Кремљ Read More »

Расте гневот кај сточарите, субвенциите се само еден од проблемите


  БИТОЛА – Сточарите одгледувачи на овци веќе не го кријат незадоволството од состојбите во секторот, особено за доцнењето на исплатата на субвенциите за овците и тешкото справување со болеста син јазик. Се жалат дека –„има многу болни работи кај нас сточарите, ние сме последна гранка и никој не нѐ ферма“. Огледувачите на овци пред …

Расте гневот кај сточарите, субвенциите се само еден од проблемите Read More »

Почнува новата учебна година, во училиштата запишани 177.800 основци и 67.200 средношколци


Училишното ѕвонче денеска ќе го означи почетокот на новата учебна 2025/2026 година за 245 илјади ученици, односно 177.800 основци и 67.200 средношколци. До Министерството за образование се пристигнати податоци за 17.250 првачиња и 17.230 ученици во прва година во средното образование, но податоците не се конечни, со оглед дека училиштата се уште доставуваат бројки.   …

Почнува новата учебна година, во училиштата запишани 177.800 основци и 67.200 средношколци Read More »