Многу кандидати за градоначалник на Град Скопје – само една жена


Од сите досегашни локални избори овојпат има најмногу кандидати кои влегуваат во трката за градоначалник на Град Скопје за Локалните избори 2025 што ќе се одржат на 19 октомври. Но, се забележува дека само една жена ќе се обиде да ја замени досегашната градоначалничка на Скопје, Данела Арсовска, која не се кандидира за втор мандат.  …

Многу кандидати за градоначалник на Град Скопје – само една жена Read More »

(Видео) Никој од надлежните не се појави на блокадата на „Стоп за Вардариште“ утрово


Граѓаните на Ново Лисиче и Аеродорм, кои веќе 27 пати ја блокираат крстоасницата кај мостот „Кирто Глигоров“ со цел да ги натераат надлежните да го решат проблемот со депонијата Вардариште, утрово повторно се собраа, но иако уредно поканети ниту еден од надлежните не дојде. Поканети беа претсавници од Град Скопје, Општина Гази Баба, Министерството за …

(Видео) Никој од надлежните не се појави на блокадата на „Стоп за Вардариште“ утрово Read More »

Велика Британија инвестира милиони за да спречи застој поради новиот систем за влегување во ЕУ


Години во планирање и години во одложување: Денот на EES конечно дојде. Новиот систем за влез и излез на ЕУ е модернизиран и поедноставен – но можеби сè уште не е сосема подготвен – за акција. Од 12 октомври, лицата кои не се државјани на ЕУ ќе почнат да ги регистрираат своите биометриски информации на …

Велика Британија инвестира милиони за да спречи застој поради новиот систем за влегување во ЕУ Read More »

Родителите од „Пулс“ очекуваат одговори до 3 октомври, потоа следуваат блокади


Дел од родителите на загинатите во пожар во дискотеката „Пулс“, што се случи на 16 март годинава, упатија остар повик до јавните обвинители и до судиите: бараат итни и јасни одговори за напредокот на постапките и најавија дека доколку до 3 октомври не добијат конкретен одговор, мирните маршеви ќе прекинат и ќе следуваат протести и …

Родителите од „Пулс“ очекуваат одговори до 3 октомври, потоа следуваат блокади Read More »

Протече планот на Трамп за Газа по војната: Палестинците нема да бидат раселени, Израел ќе се повлече


Соединетите Американски Држави (САД) им презентираа на неколку арапски и муслимански лидери нацрт-план, кој содржи 21 точка, за кој велат дека има за цел да ја заврши војната во Газа и да го отвори патот за создавање независна палестинска држава. „Тајмс оф Израел“ имаше ексклузивен пристап до документот што администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп …

Протече планот на Трамп за Газа по војната: Палестинците нема да бидат раселени, Израел ќе се повлече Read More »

Владата ги разочара жетварите – Годинава нема 3 денари премија за пченицата и 2 за јачменот


Годинава немало да има 3 денари премија по килограм пченицата и 2 денари по килограм јачмен. Ваква вест им кажал министерот за земјоделие Цветан Трипуновски на земјоделците и сточарите на последната средба во Скопје на која разговарале за состојбите во сточарското и земјоделското производство.  Веста ги разочара жетварите кои тврдат дека веќе е неисплателиво да …

Владата ги разочара жетварите – Годинава нема 3 денари премија за пченицата и 2 за јачменот Read More »

На утринскиот протест се појави градоначалникот на Аеродром – утре заедно ќе одат до Вардариште (фото+видео)


Слаб мирис на пластика ги дочека утрово граѓаните кои се собраа на крстосницата кај мостот „Киро Глигоров“ во Аеродром, а кои веќе 24 дена протестираат против загадувањето кое доаѓа од Вардариште. Овојпат, смрдеата доаѓаше од пожарот што синоќа ја зафати депонијата во Арачиново. На асфалтот се наредија транспарентите со истите пораки: „1 од 9 деца …

На утринскиот протест се појави градоначалникот на Аеродром – утре заедно ќе одат до Вардариште (фото+видео) Read More »

Филипче ги објави „црвените линии“ за ЕУ – до 10 февруари да завршат уставните измени


Владата и сите институции доследно да се придржуваат кон определбата за безусловно почитување на јазичните, идентитетските, историските и културните особености на македонскиот народ, како елементи за кои не се преговара со ЕУ. Македонија да порача дека е подготвена да ги исполни обврските од Преговарачката рамка со ЕУ, вклучувајќи ги и уставните измени, но со јасна …

Филипче ги објави „црвените линии“ за ЕУ – до 10 февруари да завршат уставните измени Read More »

Пијаните возачи во иднина ќе одговараат кривично – што значат промилите?


Возењето под дејство на алкохол со концентрација од најмалку 1,50 г/кг промили во крвта или возење со брзина која надминува 50 км на час во населено место или 70 км на час надвор од населено место над дозволената, како и возењето под дејство на дроги, психотропни супстанции или прекурзори согласно последните измени на Кривичниот закон …

Пијаните возачи во иднина ќе одговараат кривично – што значат промилите? Read More »

Расте револтот кај сточарите – Субвенциите за овците за 2024 година ќе се исплатат во ноември по локалните избори


Расте незадоволството кај одгледувачите на овци од неисплатените субвенции за овците за 2024 година. Сточарите крајно разочарани од државата прашуваат – Зошто мешате политика со сточарство?   „Му кажавме на министерот да ги отвори границите кон Албанија и Косово, па да се куртулиме од овците и од сточарството, а и Владата да нема веќе обврски …

Расте револтот кај сточарите – Субвенциите за овците за 2024 година ќе се исплатат во ноември по локалните избори Read More »

Објавен редоследот на партиите на избирачкото ливче: ВМРО-ДПМНЕ со број „9“, СДСМ со број „5“


  Државната изборна комисија (ДИК) денеска одржа седница на која преку жрепка се утврди единствена листа на кандидати за Локалните избори 2025. Владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ на избирачкото ливче на локалните избори ќе биде под број 9, додека опозициската СДСМ е на петтото место. Ова е листата:   1.Искуство за успех 2. ЗНАМ 3. Демократска партија …

Објавен редоследот на партиите на избирачкото ливче: ВМРО-ДПМНЕ со број „9“, СДСМ со број „5“ Read More »

Ќе дишеме ли почист воздух зимава со филтрите за оџаци што ги најави Мицкоски?


Краков, Белград, Сараево се градовите кои пробале брзо да интервенираат со цел да го прочистат воздухот за време на грејна сезона со поставување филтри на оџаците, мерка, што денеска ја иницира и македонскиот премиер Христијан Мицкоски.   – За еден месец ќе започне грејната сезона. Денеска имаме седница на влада и сакам да отворам за …

Ќе дишеме ли почист воздух зимава со филтрите за оџаци што ги најави Мицкоски? Read More »

Макрон: Дојде време за мир, Франција ја призна Палестина


Францускиот претседател Емануел Макрон денеска на Генералното собрание на Обединетите нации објави дека Франција ја признава Државата Палестина. Тој ја соопшти одлуката на отворањето на Конференцијата за мирно решавање на палестинското прашање и примената на концептот за две држави. „Доаѓа моментот да го запреме насилството. Доаѓа моментот за мир“, изјави Макрон. „Ангажманот кон мирот е …

Макрон: Дојде време за мир, Франција ја призна Палестина Read More »

Повторно криза со ЈСП: „Пуцко петрол“ ја прекинал испораката на нафта


Главниот снабдувач со горива на автобусите за градскиот сообраќај во главниот град, „Пуцко петрол“, ја прекинал испораката на нафта. Дали од денеска, па натаму корисниците на ЈСП ќе имаат превоз, останува нејасно. Имено, како што соопшти Град Скопје, „под силен политички притисок уценетиот Асмир Јахоски од „Пуцко петрол“ се приклучува на обидите за креирање хаос …

Повторно криза со ЈСП: „Пуцко петрол“ ја прекинал испораката на нафта Read More »

Македонската полиција се ребрендира – распишан тендерот


Министерството за внатрешни работи објави тендер за нови униформи за замена на старите, непрактични и нефункционални униформи со нови, модерни, квалитетни и функционални по терк на европските полиции. Министерството во процесот кој е целосно транспарентен и одговорен, оствари технички дијалог со дури 13 заинтересирани компании при што беа земени во предвид сите сугестии и предлози. …

Македонската полиција се ребрендира – распишан тендерот Read More »

Политиката е правење компромиси, со тоа не се губи достоинството: Интервју со Ристо Пенов


Претстојните локални избори некои политички партии ги доживуваат како референдум, но за повеќето граѓани, особено во Скопје, тие се тест дали метрополата конечно ќе исплива од четиригодишната нефункционална градска администрација која буквално ги урниса сите стандарди на современото живеење, почнувајќи од хигиената, јавниот превоз, урбанистичкиот хаос… Во изборната битка за едно ново Скопје влегоа многу …

Политиката е правење компромиси, со тоа не се губи достоинството: Интервју со Ристо Пенов Read More »

По пожарот во Трубарево висока била загаденоста со PM₁₀, олово, кадмиум и арсен


Високо ниво на PM 10 честички, како и загаденост со арсен, кадмиум и олово, регистрира  Министерството за животна средина и просторно планирање, по спроведените мерења на квалитетот на воздухот во Трубарево  и тоа во два различни периода. Резултати од загаденоста има за 13–14 септември 2025 (по пожарот во склад на „Ф-Групација ДООЕЛ“) и за 18–19 …

По пожарот во Трубарево висока била загаденоста со PM₁₀, олово, кадмиум и арсен Read More »

Минчев ќе ја рационализира јавната администрација за 40 отсто!


 Партизацијата, пријателските и роднинските вработувања изминатите 30 години ја доведа администрацијата во ваква состојба, да биде нефункционална, гломазна, бавна и неефикасна, рече денеска министерот за јавна администрација Горан Минчев, најавувајќи ги новите пакет закони за усовршување и професионализација на државните службеници. Како што истакна Минчев по потпишувањето на Меморандумот за соработка со францускиот амбасадор Кристоф …

Минчев ќе ја рационализира јавната администрација за 40 отсто! Read More »

Големи протести во Франција: Властите стравуваат од немири, Париз под опсада


Денес низ цела Франција се одржува голем меѓусиндикален штрајк, против владините планови за штедење, при што властите очекуваат помеѓу 600.000 и 900.000 луѓе да излезат на улиците. Се очекува протестите, кои се организирани на 250 локации, да предизвикаат значителни нарушувања во клучните сектори низ целата земја, објавува BFMTV.com. Над 30 уапсени од утрото Вкупно 30 …

Големи протести во Франција: Властите стравуваат од немири, Париз под опсада Read More »

Пред избори нема вработувања во здравството, 150 чекаат за тетовската клиника


Министерот за здравство, Азир Алиу, на прашањето во неговото интервју за Алсат-М што се случи со ветувањето за вработувања во здравството, како што беше ветувањето за 150 вработувања во Клиничката болница во Тетово, изјави дека не станува збор за неисполнети ветувања, туку за процес што е започнат и е при крај. „Ние не ветивме, туку …

Пред избори нема вработувања во здравството, 150 чекаат за тетовската клиника Read More »