Талибанците влегоа во претседателската палата – по 20 години Авганистан повторно под нивна власт


Централната Влада во Кабул вчера мирно им ја предаде власта на претставниците на талибанците, со што заврши дваесетгодишното владеење на авганистанската влада поддржана од САД. Талибанците влегоа во претседателската палата во главнот град. Една група од нив објави на социјални мрежи фотографии од внатрешноста на палатата и наведоа дека имаат контрола врз 11 од 15 […]

Како изгледа картата за ризик од пожари: Целиот Медитеран е во екстремна опасност, жешки точки и во Македонија


На мапата можат да се видат областите во кои ризикот од пожари е исклучително висок, како и активните пожари За да им помогне на спасувачките служби, програмата Коперник на ЕУ (Copernicus Emergency Management Service (EMS) објавува мапа на најранливите области секој ден. На мапата може да се видат областите во кои ризикот од појава на […]

МНР: Околу 100 наши државјани има во Авганистан, сите се на безбедни локации


 Министерството за надворешни работи попладнево соопшти дека во Авганистан се уште има околу 100 наши државјани, но засега сите се на безбедни локации. – Според последните информации кои ги добивме, компаниите кои ги ангажираат работниците, не се соочуваат со потешкотии и имаат резервирано сопствени летови за евакуација на нивните работници, а дел од нив веќе се […]

Бројот на активни ковид случаи надмина 5.000, од утре рестриктивни мерки


Значително зголемен број на новозаразени со Ковид -19 е регистриран и во вчерашната статистика на Министерството за здравство, од каде најавуваат дека во наредните недели состојбата може да биде критична, но уверуваат дека здравствениот систем е подготвен за новиот бран. Инфективната клиника во Скопје е пополнета со ковид пациенти, а ќе се активираат и останатите […]

И прележаните од Ковид ќе можат да одат во кафеана


Уште пред да почне примената на новите мерки кои почнуваат да важат од 16 август, односно понеделник, министерот за здравство Венко Филипче, најави една промена. Имено, на сите настани кои се организираат на затворено и отворено, дозволен ќе биде и влезот на граѓаните кои прележале Ковид-19. – Освен бараниот сертификат за вакцина, најмалку една доза, […]

Израел во последна фаза од испитувањето на лек против корона вирусот


Околу 50 отсто од потребните пациенти регрутирани се за последната фаза три од испитувањето на лекот кој го развија Американците и кој може да донесе промена во борбата против короната, вели професорот Јосеф Карако од Медицинскиот центар на Универзитетот Хадаша во Израел. Карако рече дека неговиот тим неодамна го завршил својот дел од успешното испитување […]

Некои го славеа, некои го бојкотираа – Охридскиот рамковен договор и „празните столчиња“


Половина милион евра, над 200 гости од земјава и од странство, откажан концерт и неколку забележливи „празни столчиња“ на значајни личности директни учесници во креирањето и реализацијата на Охридскиот рамковен договор ја одбележаа вчерашната централна манифестација по повод 20 години од потпишувањето на документот кој ја смени „личната карта“ на земјата. Најзабележливо беше отсуството на […]

Активни 4369 случаи, надлежните апелираат невакцинираните да се вакцинираат


Бројот на новозаболени од Ковид-19 во државава постојано расте. Според вчера објавените податоци од Институтит за јавно здравје, од направени 6770 тестирања, коронавирусот е потврден кај 672 лица. Починати се пет пациенти на возраст од 48 до 85 години, а регистрирани се и 35 оздравени. Бројот на активни случаи се искачи на 4369 oд кои […]

Солана сигурен дека многу скоро ќе ги почнеме преговорите со ЕУ


Имавте многу тешкотии на вашето патување. Имавте потешкотии во врска со вашето име, кое беше решено. Имавте проблеми со вашиот јазик, кое што исто така е разрешено и по договорот со НАТО сигурен сум дека многу скоро ќе имате можност да започнете формални разговори со Европската унија, изјави поранешниот висок претставник на ЕУ Хавиер Солана, […]

Ахмети: Поделбата на државата беше трагична и за Албанците и за Македонците


Да ги почитуваме постигнатите договори, да успееме заедниците во оваа држава да бидат господари на нивните судбини, да не ни пречи ниту јазикот, ниту културата на другиот. Скеое унапредување на јазикот и културата на другиот е напредок на државата. Колку е полојална државата кон граѓаните толку полојални се граѓаните во државата. Имаме уште многу да […]

На денешен ден 1865 година почина докторот што тврдеше дека миењето раце штити од вируси


Еден од најделотворните начини да се избегне зараза со грип или корона виурс е редовно миење раце, а човекот што го откри тоа почина на 13 август 1865 година. Американскиот центар за контрола на болести советува да се истријат рацете со сапун и вода во траење од 20 секунди. Верувале или не, овој лекарски совет […]

Пендаровски: Охридскиот договор веќе не се гледа како закана


Претседателот Стево Пендаровски на прославата на Охридскиот договор порача дека тој го издржал тестот не времето и дека и денес верува дека бил најдобриот можен одговор на политичкото раководство во тогашниот политички момент во земјата. Тој нагласи дека во ниту едно испитување на јавното мислење граѓаните не гледаат во него како безбедносна закана. „Факт е […]

Дваесет години Охридски рамковен договор


Со низа настани под слоганот „По Охрид“ во земјава се одбележува 20 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор со кој беше ставен крај на неколкумесечниот конфликт во 2001 година. Потписници на Охридскиот рамковен договор се тогашниот претседател на државата Борис Трајковски, поранешниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Љубчо Георгиевски, претседателот на ПДП Имер Имери […]

Аплицирани над милион вакцини против Ковид-19, во Гостивар се повеќе заразени и хоспитализирани


Гостивар е третиот град, по Скопје и Тетово, каде ширењето на коронавирусот почнува да зема голем замав. За едно деноноќие регистрирани се 99 новозаразени. Ако бројот на активни случаи на 7 август во овој град бил 176, според последните податоци, сега е 467. Според статистиката на Министерството за здравство за број на вакцинирани по градови […]

Имунизација без дистанца, салата „А1“ останува затворена


Македонија надмина милион вакцинирани досега, имено во државата вкупно се аплицирани 1.016.700 дози вакцини, а ревакцинирани се 454.788 граѓани. Во Скопје, имунизација против Ковид-19 се врши во две смени на пунктовите во „Чаир“, „Јане Сандански“, „Букурешт“ и „Бит Пазар“, додека во една смена работат поликлиниките во „Шуто Оризари“, „Драчево“ и „Ченто“, а секој може да […]

Кои се најдобри, а кои најлоши градови за живеење во светот во 2021 година


Пандемијата со Ковид-19 нанесе огромен данок врз глобалните услови за живеење, се вели во извештајот на „Економист интелиџенс јунит“ Влијанието на „Ковид-19“ врз глобалните услови за живеење беше апсолутно катастрофално. Уште повеќе, една година во пандемијата, тековните здравствени кризи, затворањето на границите и заклучувањата продолжуваат да влијаат на милиони луѓе низ целиот свет. Но, некои […]

„АстраЗенека“ отвора најмногу граници во светот


Најдобар лакмус тест за пост-пандемискиот свет ќе биде колку се обновуваат меѓународните патувања. Во 2020 година приходите од меѓународниот туризам се намалија за 74% во споредба со 2019 година, на само 380 милиони, додека падот беше само 4% за време на финансиската криза. Во последните месеци меѓународните патувања почнаа да се опоравуваат. Со 3,7 милијарди […]

Кога ќе падне Кабул во рацете на талибанците?


Зачудувачката брзина на офанзивата и освојувањето на главните провинциски градови отвора прашања колку долго ќе опстои авганистанската влада   КАБУЛ – Талибанците зазедоа уште три провинциски престолнини во Авганистан и седиштето на локалната армија, завршувајќи го својот блиц низ североисточниот дел на земјата и продолжувајќи ја својата офанзива на друго место, изјавија официјалните лица во […]

Кои земји имаат најмногу локалитети како светско наследство на УНЕСКО?


Италија сега има 58 локации кои се заштитени како светско наследство, пред Кина, која во моментов има 56. Секој нов локалитет на листата е одличен начин за зајакнување на туризмот во една земја   Италија е дом на најголемиот број места како светско наследство на УНЕСКО во светот. По годишното објавување на нови локалитети од […]

Комплекс од десеткатници и бизнис-центри се гради кај новиот мост на Вардар


На површина од 9.440 метри квадратни покрај Вардар, кај новиот мост што се гради зад хотел „Русија“ никнува нова населба со сопствена катна гаража и дури три бизнис-центри. Комплексот го гради „Саник инженеринг“, компанија со 15-годишно искуство. На својата веб-страница, проектот го најавуваат како „рапсодија во зелено и сино“ со оглед на близината на реката […]