Македонија мора да биде држава со самодоверба, порача Мицкоски од конгресот на ВМРО-ДПМНЕ


  Во преполната сала „Јасмин“ во Кавадарци ВМРО-ДПМНЕ го одржува својот 18. конгрес кој доаѓа по изборните победи во 2024 и 2025, кои ѝ дадоа на партијата чувство на супериорност на политичка сцена, бидејќи ги има сите лостови на моќта во државата – од локалните до самиот врв. Од сега натаму ВМРО-ДПМНЕ ја има задачата …

Македонија мора да биде држава со самодоверба, порача Мицкоски од конгресот на ВМРО-ДПМНЕ Read More »

Лондон и Скопје преговараат за прифаќање мигранти од Британија, јавија британските медиуми


  Македонија влезе во формални преговори со Обединетото Кралство за можноста да прифаќа мигранти чији барања за азил биле одбиени во Британија, објави „Тајмс“, повикувајќи се на извори од британската влада. Информацијата потоа ја пренесоа голем дел од британските медиуми со свои дополнувања. Според медиумските пишувања, станува збор за нов модел на соработка со кој …

Лондон и Скопје преговараат за прифаќање мигранти од Британија, јавија британските медиуми Read More »

СДСМ формирал антикорупциски тим, бара помош од гонителите на „Коза ностра“


  Лидерот на СДСМ, Венко Филипче најави денес дека како партија формирале свој антикорупциски тим и дека ќе побараат помош од италијанските институции што се справуваа со „Коза ностра“со порака дека, ако можеле да се справат со нив, „ние ќе можеме да се справиме со мафијата на ВМРО-ДПМНЕ во нашата држава“.  Филипче откри дека антикорупцискиот …

СДСМ формирал антикорупциски тим, бара помош од гонителите на „Коза ностра“ Read More »

Трамп тврди дека Европа ќе биде „цивилизациски избришана“


  Американскиот претседател Доналд Трамп и неговата администрација ја обвинуваат ЕУ и миграцијата за она што го нарекуваат неизбежно, целосно културно распаѓање во Европа. Експлозивното тврдење е изнесено во Стратегијата за национална безбедност на САД, во која се наведува дека Европа има економски проблеми, но се вели дека тие се „засенети од реалната и поостра …

Трамп тврди дека Европа ќе биде „цивилизациски избришана“ Read More »

Еврообврзницата става „рампа“ на предвремени избори: Мицкоски објаснува зошто ќе има редовни


Премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во моментов не гледа никаков индикатор за предвремени избори, иако анкетите кои што ги прават во партијата покажуваат убедливо водство пред другите партии во државата. Тој денес на брифинг со новинарите рече дека следните парламентарни избори ќе бидат редовни, во пролетта 2028 година, „ако нема некои позначајни промени“. …

Еврообврзницата става „рампа“ на предвремени избори: Мицкоски објаснува зошто ќе има редовни Read More »

Сточарите во паника, ќе се намалува цената на суровото млеко. Државата не ја исплаќа премијата


  БИТОЛА – Сточарите, одгледувачи на крави се во паника откако дел од нив добиле најави од млекарници каде го предаваат суровото млеко дека ќе следи нов пад на цената на откупеното млеко. Новиот удар врз млекарите ќе значи помалку од 1 до 3 денари по литар сурово млеко. „Сточарството стана неиздржливо, стоката на кланица, …

Сточарите во паника, ќе се намалува цената на суровото млеко. Државата не ја исплаќа премијата Read More »

Трамп, Кушнер и Виткоф влегоа во воената игра на Путин


  Владимир Путин употреби мешавина од шарм, пресметано одложување и директни закани за да им покаже на американските пратеници Стив Виткоф и Џаред Кушнер точно каде стои Русија во врска со мирот со Украина. Виткоф, специјалниот претставник на американскиот претседател Доналд Трамп, и Кушнер, зет на Трамп, уживаа во прошетка низ Москва и ручек во …

Трамп, Кушнер и Виткоф влегоа во воената игра на Путин Read More »

За цената на 10 јајца сега се добиваат шест, а наскоро може и помалку


  За само неколку месеци граѓаните се шокираа од уште едно, многу високо зголемување на цената на јајцата. Колкаво е тоа може да се илустрира со примерот дека до неодамна десет јајца чинеа околу 85-98 денари (зависно од големината), а сега за таа цена може да се купи пакување од шест јајца. „Десетката“ скокна на …

За цената на 10 јајца сега се добиваат шест, а наскоро може и помалку Read More »

Уапсена Федерика Могерини во полициска рација во Брисел во истрага за измама


  Белгиската полиција денеска ја уапси ректорката на Колеџ Европа и поранешна висока претставничка на ЕУ за надворешна политика, Федерика Могерини, како дел од голема истрага за наводна измама со европски пари поврзана со програмата „Европска дипломатска академија“. Покрај Могерини приведен е и високиот дипломат Стефано Санино. Санино, поранешен италијански дипломат, беше врвен државен службеник …

Уапсена Федерика Могерини во полициска рација во Брисел во истрага за измама Read More »

Мицкоски како правен советник: Им даде три можности на уставните судии за линеарните пензии


  Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека уставните судии имаат три можности во врска со одлучувањето за уставноста на линеарното зголемување на пензиите. Одговарајќи на новинарски прашања, по поставување на камен темелник за изградба на нова детска градинка во населба Дексион, Општина Ѓорче Петров, тој рече дека едната е да ги прогласат мерките за неуставни, …

Мицкоски како правен советник: Им даде три можности на уставните судии за линеарните пензии Read More »

Сопственикот на „Пулс“ не се чувствува виновен!


Во судницата во Идризово заврши изјаснувањето на обвинетите по однос на вината. Ниту еден од присутните обвинети не призна вина за трагедијата во која загинаа 62 лица. Сопствениците и вработените во „Пулс“, меѓу кои и првообвинетиот Дејан Јованов – Деко кратко изјави: „Не се чувствувам виновен за кривичното дело кое ми се става на товар“. …

Сопственикот на „Пулс“ не се чувствува виновен! Read More »

Колку пензионери добиваат, а колку губат со линеарното зголемување на пензиите


  Премиерот Христијан Мицкоски од собраниската говорница на седницата за пратенички прашања во четвртокот изјави дека доколку Уставниот суд го укине линеарното зголемување оштетени ќе бидат 70 отсто од пензионерите. Од друга страна, пак, опозициската СДСМ излезе со математика дека токму линеарното зголемување на пензиите оштети околу 320 илјади пензионери. Пред зголемувањето од илјада денари …

Колку пензионери добиваат, а колку губат со линеарното зголемување на пензиите Read More »

Драматично во Софија, големи протести против владата (Видео)


  Драматично беше вечерва во Софија и Бугарија изгледа дека влегува во уште една политичка криза. Десетици илјади луѓе го исполнија Плоштадот на независноста во Софија во понеделник вечерта, скандирајќи „Оставка!“ во еден од најголемите протести во последните години во Бугарија, кој првично беше најавен против „кражбата во буџетот“. По 22 часот тензиите ескалираа пред …

Драматично во Софија, големи протести против владата (Видео) Read More »

Украина одби да му го предаде Донбас на Путин во преговорите со САД за мир


  Украинските претставници на преговорите со САД во Флорида го отфрлија повлекувањето на трупите од неокупираниот дел на Донбас како предуслов за мировен договор, изјавија информирани извори за РБЦ-Украина. Според нив, дискусијата на состанокот се фокусирала на „проблематичните прашања“ на потенцијалниот мировен договор, при што страните посветиле значително внимание на териториите. Во исто време, американската …

Украина одби да му го предаде Донбас на Путин во преговорите со САД за мир Read More »

Вториот вработен во фирмата со тендери од 9 милиони евра поврзан со УБК на Мијалков


  СДСМ денес објави дополнителни информации околу фирмата што добила тендери од речиси 9 милиони евра за само шест месеци ико има само двајца вработени. Кој е вториот вработен?  Според нив, извесен Глигор Поцев бил сведок во случајот „Тагрет Тврдина“ на СЈО за уништувањето на опремата за масовно прислушување како вработен во УБК во периодот …

Вториот вработен во фирмата со тендери од 9 милиони евра поврзан со УБК на Мијалков Read More »

Откупувачите си поигруваат со тутунарите, ниски откупни цени пресметуваат и кало од 3 до 5 отсто


  БИТОЛА – Тргни – застани, вака почна откупот на тутунот од новата реколта и со многу незадоволство од ниските цени по класи на тутунот. Тутунарите се жалат дека минатата недела Прилепскиот тутунски комбинат запрел со откупот (само два дена откупувал), иако само тој и компанијата „Кавекс“ почнаа да откупуваат тутун на 18 ноември. Значи …

Откупувачите си поигруваат со тутунарите, ниски откупни цени пресметуваат и кало од 3 до 5 отсто Read More »

САД и Русија во „Бункерот за милијардери“ ковале таен план зад грбот на Европа


Тројца моќни бизнисмени – двајца Американци и еден Русин – беа згрбавени над лаптоп во Мајами Бич минатиот месец, наводно за да смислат план за ставање крај на долгата и смртоносна војна на Русија со Украина. Сепак, вистинскиот обем на нивниот проект беше многу поголем, откриваат извори запознаени со разговорите. Имено, во тајност, се подготвуваше …

САД и Русија во „Бункерот за милијардери“ ковале таен план зад грбот на Европа Read More »

Марш на ангелите: До кога ќе се одложуваат правдата, вистината и нашите животи


„До кога ќе се одложува правдата, до кога ќе се одложува вистината и до кога ќе се одложуваат нашите животи?!“ прашаа денеска родителите на загинатите деца од кочанската трагедија, незадоволни од одложувањето на второто судско рочиште за случајот „Пулс“. Маршот за ангелите започна од Паркот на револуцијата во Кочани со порака дека се чекори „со …

Марш на ангелите: До кога ќе се одложуваат правдата, вистината и нашите животи Read More »

Поради софтверски проблем и сончева радијација приземјени авионите на „Ербас“


Илјадници „Airbus“ авиони ширум светот постепено се враќаат во нормална употреба откако со часови беа приземјени поради предупредување дека силна сончева радијација може да влијае врз компјутерите за управување со летот, објави Би-би-си. Производителот „Airbus“ соопшти дека околу 6.000 авиони од серијата A320 биле засегнати од проблемот, при што најголемиот број можеле да се решат …

Поради софтверски проблем и сончева радијација приземјени авионите на „Ербас“ Read More »

Спасовски останува координатор во СДСМ – од утре ќе објават „страшни скандали“ на луѓе блиски до Владата


Лидерот на СДСМ, Венко Филипче рече дека пратеникот Оливер Спасовски останува координатор на пратеничката група на партијата и дека се надминати недоразбирањата. Денеска на прес-конференција, Филипче потврди дека Спасовски побарал повеќе да не биде координатор меѓу двата круга од локалните избори. -Меѓутоа причина за тоа беше едно недозразбирање од техничка природа кое што го разрешивме …

Спасовски останува координатор во СДСМ – од утре ќе објават „страшни скандали“ на луѓе блиски до Владата Read More »