За Мицкоски извештајот на ЕК за владеењето на правото бил најдобар до сега: „Ќе продолжам со критики за правосудството, пари нема да добијат“


Премиерот Христијан Мицкоски денеска се обиде да ги релативизира оцените на Европската комисија за владеењето на правото во Македонија објавени вчера, при што наспроти констатациите за мешањето и притисокот врз правосудството од страна на политичари и институции, тој рече дека ќе продолжи со критики и со барање да се испорачаат резултати, како и дека судството […]

(Галерија) Скопје на плус 38 степени: На скопските улици е како под вршник


„Скопје има микро клима“, е познат рефрен од легендарната музичка нумера на „Леб и сол“, еден од нашите најпознати бендови. Еден дел од тој рефрен, оној што се однесува на „изгор лето“ е актуелен деновиве, надвор е како под вршник, иако температурите кои официјално се презентираат, тоа можеби и не го потврдуваат. Скопје памети и […]

„Не е точно, знаеше дека ќе поднесам оставка ако ми ги одземе предметите“: Ристоска го демантира Савески


  Ослободителните пресуди за „Талир 2“ го заплеткуваат судството и обвинителството во нов јазол. А него изгледа дополнително го стега државниот обвинител Ненад Савески. Поранешната обвинителка Ленче Ристоска денеска брзо реагираше на тврдењата на Савески за предметот „Талир 2“, откако ѝ го одзеде предметот на Ристоска имал намера пак да ѝ го врати ако не […]

Савески вели дека Ристоска пребрзо поднела оставка. Тој ѝ го одзеде „Талир 2“, а сега вели пак ќе ѝ бил доделен


  Републичкиот јавен обвинител ги отфрли критиките дека придонел на некој начин за ослободителната пресуда за Никола Груевски во случајот „Талир 2“ и одбивањето на барањето да се конфискува зградата на ВМРО-ДПМНЕ. Тој денеска изјави дека критиките на оваа пресуда од поранешната обвинителка Ленче Ристоска бидејќи не одговарале на фактите. „Талир 2“ беше во надлежност […]

Бес во Украина по бизарната одлука на Зеленски да го смени успешниот министер за одбрана


  Во бизарна одлука Володимир Зеленски го разреши популарниот министер за одбрана на Украина, и покрај молбите од странските партнери и граѓанското општество да не го прави тоа, како дел од широката реконструкција на владата. Во објава на Телеграм, Михаило Федоров објави дека ја напушта својата позиција, велејќи дека му било „голема чест“ да му […]

Која е пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ што направи „кокошарник“ од Собранието? (ВИДЕО)


  Координаторот на пратеничката група на СДСМ, Оливер Спасовски, на денешната пленарна седница повторно апелираше пратениците да се однесуваат достоинствено и со дигнитет бидејќи ако продолжи наративот на навреди, можно е повторно во Собранието да има немили настани. Повод беше настанот вчера, на Комисијата за финансирање и буџет, кога пратеничката Лидија Петкоска со недоличен говор […]

Уставниот судија Гоце Наумовски си поднесе оставка пет месеци по изборот


  Неочекувано за сите уставниот судија Гоце Наумовски поднел оставка, пренесе ТВ 24 повикувајќи се на собраниски извори. Според истите извори оставката е веќе доставена до Собранието. Од оставката се крајно изненадени во Уставниот суд, затоа што тој Наумовски не го информирал ни претседателот Дарко Костадиновски, ниту некој од неговите колеги. Едноставно, денеска не дошол […]

Сите во Киев, Мицкоски во Сарај!


  Како уште еден нож во грбот на Путин, беше искоментирана денешната посета на српскиот претседател Александар Вучиќ, до неодамна најсилниот сојузник на Русија во Европа, на украинската престолнина Киев, каде што се одржува средба на ниво Украина- Југоисточна Европа. Српските медиуми објавија видео од пристигнувањето на Вучиќ со воз во Украина и дочекот од […]

Повторно ќе му се суди на таткото на Вања – потврден доживотниот затвор за Палевски


  Апелацискиот суд Скопје ги потврди доживотните казни затвор за Љупчо Палевски, Велибор Манев, Боро Видевски и Влатко Кешишев во предметот познат во јавноста како „Убиството на Вања и Панче“, а го укина ослободителниот дел од пресудата за Александар Ѓорчевски, таткото на Вања, кој ќе биде повторно суден. Како што соопшти Апелацискиот суд, по одржаната […]

Мицкоски за пресудата за зградата на ВМРО-ДПМНЕ: „Правдата е задоволена“


  Отако повеќе години зборуваше дека се под судски прогон и дека судствоито е под политички стеги, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер, Христијан Мицкоски може да биде задоволен – судот го одмрзна имотот на партијата. Кривичниот судот вчера, а месец и пол пред застарување на предметот „Талир 2“ донесе одлука со која екс-премиерот Никола Груевски […]

Ослободителна пресуда за Никола Груевски за случајот „Талир 2“


  Основниот Кривичен суд Скопје го ослободи од обвинение поранешниот премиер Никола Груевски за случајот „Талир 2“, за пречекорување на службени овластувања и противправно финансирање на изградбата на партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ.  Судијката Даниела Алексовска, во објава на пресудата изјави дека за овој случај треба да се имаат предвид измените на КЗ од 2023, а […]

Украина и Молдавија ги отворија преговорите со ЕУ за надворешна и безбедносна политика


  Украина и Молдавија ги отворија пристапните преговори за надворешна, безбедносна и одбранбена политика како дел од најголемиот еднодневен поттик на ЕУ за проширување од 2004 година. Марта Кос, комесарката за проширување, го нарече потегот „Супер вторник“ за проширување, при што четири земји се состанаа во Брисел за да ги унапредат своите соодветни преговори за […]

Кој се плаши од Христијан Мицкоски? Никој, вели Венко Филипче


  Навредите што вчера премиерот Христијан Мицкоски ги кажа во Собранието кон опозициските пратеници се доказ за неговата слабост и неспособност. И никој не се плаши од него. Вака денеска лидерот на СДСМ, Венко Филипче, го оцени вчераниот хаотичен ден во Собранието кога се расправаше за реконструкцијата на владата. Откако пратеникот Фатмир Битиќи (СДСМ) ја […]

Кина тајно се подготвува за заминувањето на Путин и промената на власта


  Под Владимир Путин, кој ги прекина врските со Западот, Русија стана полноправен помлад партнер на Кина, која, иако претпазливо и дискретно, ја манипулира во своја корист. Во исто време, Пекинг тивко ги негува односите со руската владејачка класа, протегајќи се надвор од Путин и неговиот внатрешен круг, според „Волстрит џoрнал“, врз основа на интервјуа […]

Денес е „супер вторник“ за проширувањето


Европската комесарка за проширување, Марта Кос, изјави дека денеска е „Супер вторник“ за проширувањето на Европската Унија, поради одржувањето пристапни конференции со четири земји кандидати во ист ден. Кос на платформата „Икс“ објави дека за првпат по повеќе од 20 години се одржуваат толку пристапни конференции во еден ден. На денешните конференции учествуваат Црна Гора, […]

Пцости и навреди во Собранието, СДСМ бара извинување од Мицкоски и Стоилковиќ


  СДСМ побара извинување од премиерот Христијан Мицкоски и кандидатот за министер Иван Стоилковиќ, како и реакција од претседателот на Собранието Африм Гаши, поради навреди и непримерно однесување кон пратеници на опозициската партија за време на собраниската седница. СДСМ свикаа и вонредна прес-конференцијата, бидејќи случувањата во Собранието, според нив, биле надвор од сите демократски критериуми, […]

Италија е на чело на групата која го отфрла статусот „втора класа“ за новите членки на ЕУ


  Италија и шест други земји кои го поддржуваат членството во ЕУ за Западен Балкан, се спротивставија на француско-германскиот потег и потегот на Бенелукс за вградување нови и рестриктивни правни заштитни мерки во договорите за пристапување за идните членки. Дипломатски документ од минатиот месец – од Франција, Германија, Холандија, Белгија и Луксембург – предложи пробни […]

Репортажа: Карибу Занзибар – асанте сана (фото/видео)


Замислете земја во која сета храна е сто отсто органска. Замислете земја во која единственото загадување доаѓа од малубројниот сообраќај. Замислете земја каде животот се одвива полека, под сјајното сонце и чистите води на океанот. Замислете земја која ќе ве пречека со насмевка – карибу Занзибар. На источниот брег на Африка, под екваторот се наоѓа […]

Мицкоски ѝ кажа збогум на Европската унија. Ќе чека покана за членство


  Дали премиерот Христијан Мицкоски полека почнува да ја отвора вратата за назад од патот кон Европската унија? Ако се суди по неговата денешна изјава Македонија како да се откажува од сите години од 2005, кандидатскиот статус и сѐ што следеше потоа, вклучувајќи ги и скрининг процесот, преговарачката рамка и првата меѓувладина конференција и сегашната […]

Aero.rs: Македонија ќе ја води истрагата за инцидентот со авионот на „Рајанер“


Иако авионот на „Рајанер“ со сериозно оштетен десен мотор и скршен прозорец слета безбедно во Солун, истрагата за инцидентот ја води Македонија, бидејќи настанот се случил во македонскиот воздушен простор, пишува Aero.rs. Американскиот Национален одбор за безбедност во сообраќајот (НТСБ) соопшти дека назначил акредитиран претставник кој ќе ѝ помогне на Македонија во истрагата за сериозниот […]