Катастрофа во Кина: Се урна дел од мост – снимката е морничава (видео)


Новоотворениот мост во кинеската покраина Сечуан делумно се урна, но сè уште не е познато дали има жртви.

Дел од пристапот до мостот Хонгчи и дел од трупот се урнаа и предизвикаа лизгање на земјиштето, објавува Ројтерс.

Изградбата на мостот беше завршена претходно оваа година, а изведувачи беа компаниите Сечуан Роудс и Бриџ Груп.